Интернет без граници! – волан предлози
Интернет без граници! е мало банерче кое се поставува лесно на Вашиот блог - секако доколку сакате да се придружите на оваа неформална иницијатива. Најдобро е да го линкувате кон Ваш пост во кој ги наведувате Вашите барања за интернет без граници. Доколку сакате - дизајнирајте си ново, но задржете го слоганот.
- Поефтина интернет понуда од сите ИСП компании
- Специјална понуда за интернет за „ученици и студенти“ со таргет 500 денари со ДДВ, неограничен интернет со мали брзини, 24 ч
- Бесплатна диал-ап конекција на Интернет, да се плаќа само телефонски импулс и тоа како локален разговор за цела Македонија
- Бесплатно ВиФи по одредени точки како Студенски домови, хотели, одделни ресторани, библиотеки, државни установи каде граѓаните имаат потреба да се обраќаат на државните органи
- Таргетирање на Интернет пенетрација на државно ниво и доколку не се остварува таргетирањето, да следи интервенција од државата со буџетски средства
- Бесплатно пристап на Интернет на сите изданија на Државниот завод за статистика
- Поготово бесплатно можност за читање на сите закони и прописи а се преку бесплатно следење на Интернат на сите изданија на Службен весник на РМ
- Промовирање на бродбенд интернет како нов стандард и таргет на државата РМ
- Донесување закон во врска со штетните нејонизирачки зрачења а во врска со ВиФи-уредите а поготово за базните станици на мобилните оператори.
- Продуктивна употреба на Интернетот – „аутсорсинг“ потпомогната од сите факултети кои имаат допирна точка со ова, па зошто не и од државни извори (буџет) и донации
- Јавни дебати за подобрување на Интернетот во Македонија
- Сакам вистинска е-Банка, е-Влада, е-Парламент, е-Општина
- Воведување на Интернетот како човеково право
- Дефинитивно да има флет понуда за Интернет
- А ако се мери Интернет сообраќајот ИСП компаните да имаат стандардизиран мерач на сообраќај кој ке подложи на контрола од надлежна државна институција
- Бесплатен локален сообраќај (тоа е веќе предлог и на Јован)
- АДСЛ со диал-ап брзини се неспоиливи понуди кои сега за сега лесно поминуваат кај нас
- Либерализација на локалната јамка – последната миља (и ова го потенцира Јован) Заради ова неспроведување на АЕК – Директорот на АЕК и целата агенција се ставени под лупа на антикорупциска
- Контрола на цените на оператори со значителна моќ (обврска на АЕК) према законот за ЕК, сега таков е прогласен МТ-нет а близу до прогласување треба да биде и ОнНет
- Државата да одвојува буџетски средства средства за спроведување на НСРИО
- Проект за дигитализација на сите предвоени весници кои се издадени во македонија – по угледот на УСА
- Јавна достапност на сите наслови, на книги во сите библиотеки во Македонија, заедно со останатите генералии кои обично се наоѓаат во картотеката на библиотеките.
- Дигитализирана авто карка на Македонија и поголемите градови и нејзино слободно користење на сите интернет корисници.
- Детален „гугл ерт“ за цела Македонија и ставање на слободно користење
Ако ми текне за уште некоја, ке ја додадам одпосле JJ
No comments:
Post a Comment