Search This Blog

Tuesday, March 07, 2006

За дивидендата на Телеком II дел


Веќе еднаш пишував за дивидендата на Телеком во својот напис за
Како од добар да се стане одличен“ - сабота, февруари 18, 2006

Линк види тука.

И тогаш изразив сомнеж во потребата на државата да преговара за големината на дивидендата. Таа е толкава колкава што е, и не гледам за што да се преговара !! Реков дека државата треба да се сконцентрира на контрола трошоците кои ги правел телекомот во изминатата година. Со набилдани трошоци се доаѓа до помал профит и дивиденда. За жал не ме послуша никој.

Но нагласив дека АЕК е доста сумјив во својот заштитнички однос кон Телекомот и дека тука има работа за Антикорупциската комисија, што навистина пред некој ден се случи. Сигурно антикорупциска не го прочита мојот напис и изразената сумја – но ете ја погодив предпоставката дека тука има реално простор за испитување на Антикорупциска...

Да подсетам тогаш се објави дека Телекомот има вкупен приход од цели 240 милиони евра.
Денеска А1 објавува дека
Профитот на Македонски телекомуникации за минатата година изнесува повеќе од 140 милиони евра. Оваа бројка ја објави унгарскиот Телеком, сопственик на Мактел.

Линк види тука

Резултатот на вака големата добивка Маџар телеком го образложува со “големото штедење на компанијата и големот работење на ваботените“. Нормално никаде ни збор за сеуште монополската позиција на Македонскиот пазар овозможена во тајно преговарање со Владата ни и посебно со заштитничкиот однос на АЕК – кој заради тоа заработи пријава кај антикорупциска комисија – која поведе постапка за оценување на ....

Што да кажеме ние обичните граѓани на Македонија.

На кратко. Уа лопови !!

Повеќе во коментарите подолу.

4 comments:

Photo Volan said...

Сега на вестите на Канал 5 се објавија неколку вести во врска со телекомот:
- првата е дека се преговара за дивидендата, од оваа година која исто како и лани ке биде многу висока. (значи исто како и лани граѓаните на македонија се добро опљачкани)
- Втората е дека ММФ објавува дека со најновиот аранжман со нас има предвидено - државата до крајот на јуни да ги продаде акциите на телекомот, понатака до крајот на годинава да се обезбедат услови за уште еден фиксен оператор. (тешко на нас кога странците мислат подобро од домашните играчи..)
- И третата дека денеска е стартуван процесот за Интерконекција - Со шампањ е подпишан договорот со Некстел за интерконекција, но таа ке се користи само за меѓународно ало (да домашно ало интерконекција е прескапа - цената била повисока од самите цени за разговор нз МТ
- Меѓу редови беше кажано дека се спрема ново покачување на цените за домашно ало(аман до кога ке си ги тепаме децата и жените по дома, заради долгото домашно ало)

Photo Volan said...

140 милиона евра е профитот за оваа година. Тоа е повеќе од половина од вкупниот приход (240 м.Е).

Па зарем не ви изгледачудно дека повеќе од половина од приходот е профит на компанијата, плус набилданите трошоци.

Зарем тука нема некоја голема ујдурма.

Има, ама никој не сака да чепка по устата на лавот...и под ногата на слонот...

Развигор said...

Не е лошо, дапаче, препорачливо е, кога линкуваш некој напис линкот да го ставиш на насловот, а не на „види тука“ и слично. Така се зголемува рангот на Гугл за тој линк за клучните зборови споменати во насловото.

Anonymous said...

Ништо... само наместо “сумјив“, „сумјиво“ ...треба „сомнителен“, „сомнително“...

Blog Archive

Site Meter