Search This Blog

Saturday, February 18, 2006

Како од добар да се стане одличен

Како од добар да се стане одличен

Ова е прашање кое си го поставува првиот човек на Телекомот во МК.
Па мора да кажам со монополската позиција која ја ужива телекомот и јас би играл така што би рекол Игор Џамбазов.

Овие денови се премислуваат луѓето во телекомот, колку дивиденда да исплатат на нашата држава. Нешто не ми е јасно. Навистина мојот професор по теорија на биланси проф. Тодор Стојановиќ, велеше дека добар книговодител може секогаш фирмата ке ја донесеш во загуба или добивка, зависи што ти одговара – но тоа беше теорија за малите компании, за кои дрзавните органи кои треба да ги контролираат билансте немаат време. (Теорија на двојно книговодство.)

Но овдека се работи за најпрофитабилната компанија во последните неколку години. Овде не важи тоа правило, бидејки тука ако има дубиози на билансот на успех и добивка – тие се големи – затоа во вакви компании државата прави дупли, тродупли проверки на билансите.
Дури мислам дека кај најголемите компании каде се собира исклучително многу данок има свои таканаречени даночни канцеларии....

Тука затајуванјето на данокот ако е 3 проценти (шпекулација-предпоставка), од вкупниот приход кој беше соопштен дека е 240 милиони евра, тоа значи дека се затајува некој ситниш од од 7,2 милиони евра.

Па за такви суми ММФ не стриже и бричи и не кози за да ги добиеме и тоа како кредит.

Ние така лесно чекаме да ни кажат во трети месец (билансите се прават до крај на втори месец), колку ке ни дадат дивиденда.
Па дивидендата е толку колку што е – осем ако билансот не е шминкан.

Билансите може да се шминкаат најчесто со надувавање на трошоците во работењето – или намалување на приходите (ова второво е потешко)– истотака и со отпишување на долгови, таканаречени спорни и сомнителни побарувања и слични трансакции....

Сето ова е многу, многу матно и минатата година беше матно па не слушнав дека Управата за јавни приходи го посети МТ и правеше ревизија. Тие се недодирливи. Се сеќавате колку шпекулации по весници имаше лани дека се одлеваат неоданочени пари од државата во форма на огромни хонорари за услуги од типот на советуванје и правење студи за ова за она...

Тука има работа по мене и за антикорупциската комисија која треба да утврди зошто и покарај сите шпекулации УЈП не направи проверка на трошоците на телеком....

Симмтоматишно е и тоа што АЕК искочи со податок дека демек не му се одобрени цените за интерконекција како што ги предлагаше МТ, туку дека му се намалени за цели 30 или 40 проценти – не ме држите за збор, со образложение дека трошоците на МТ не се реално прикажани...???

За ова пишува и Утрински во написот:

Дивидендата од „Телеком“ ќе се договара допрва

Повеќе види тука сабота, 18 февруари 2006

Како неук економиста се прашувам како може по завршена година и предаден биланс да се преговара за дивиденда????

5 comments:

bezvrska said...

За дивидендата може да се преговара затоа што добивката по оданочување не мора целата да се исплати како дивиденда туку може да се употреби за инвестиции или да се преточи во задржана заработувачка. Ако така реши одборот на директори, т.е. акционерите, МТ може целата добивка да ја искористи за инвестиции, а воопшто да не исплатува дивиденда. Ова најмногу би им одговорало на унгарците, бидејќи нема да исплаќаат пари на владата, а преку инвестициите истите пари лесно може да се насочат на право место, т.е. во сопствената каса. Затоа нема ништо чудно што владата сака да преговара за дивиденда. Спорно е што се се ветува при таквите преговори - и од едната и од другата страна.

Најголемите пари може да се испумпаат преку нереално прикажување на трошоците и инвестициите - значи уште пред да се дојде до преговори за дивиденда. Што не значи дека нема преговори и за вакви активности. Има некои сценарија според кои сегашната фирма ќе се распарчи на повеќе делови (што веќе и се остварува) па после ќе дојде до нагол пораст на трошоците за се и сешто.

Photo Volan said...

Ако остане дивидендата - што никако не им одговара на Маѓарите,(а нам да) парите ке стојат на сметка на некоја наша банка (ке се зголемува портфолиото на банката)

-Но во написот на весникот а и во изјавите по медиуми се добива впечаток дека - ние преговараме за висината на дивидендата
- Па ако е тоа легитимна одлука на менаџерскиот тим на МТ што има да се преговара
- осим ако нема некоја ујдујрма, како ланската
- демек ни го даваат тоа што и те како и така ни следува а под перница бараат услуги околу продолжувањето на времетраењето на монополската ситуација...

Ова за мене секако е ствар за која треба да се занимава антимонополската комисија или како се викаше а и Антикорупциската комисија...

А што викаш да им стегнеме една пријава..,проследена со медиумска кампања (ти и јас чекаме пред портите на антикорупциската комисија и стискаме под мишка папка со пријавата)

Колку добро би прозвучело во јавноста а богами за мене има и елементи...

Photo Volan said...

безврска

“.. а преку инвестициите истите пари лесно може да се насочат на право место, т.е. во сопствената каса..“

за ова се слагам, поготово ако спијат нашите органи и тела надлежни за контрола.

Photo Volan said...

безврска

“...Спорно е што се се ветува при таквите преговори - и од едната и од другата страна...“

ептен се слагам со тебе, ај да успееме да го докажеме тоа и да ја дополниме пријавата за Антикорупциската комисија...

навистина хитно ни се потребни добри правници...

Photo Volan said...

“..Најголемите пари може да се испумпаат преку нереално прикажување на трошоците и инвестициите - значи уште пред да се дојде до преговори за дивиденда.....“

Ова и самиот стално го потенцирам, дека ако успееме да докажеме таков проблем, некој страшно не си ја врши работата за која зима државна плата...

Ги притискаат јадните лудје по тезги што ја продаваат цркавицата а тука страшно многу големи цифри се во прашање...

Ова го потенцираше и ЕК - ако се сеќаваш

Blog Archive

Site Meter