Геро е секојпат еден чекор пред другите.
На стредбата во петокот во Метаморфозис – каде се сретна група на блогери од Македонскиот нет простор, имав чест да седам до Геро и да разменам неколку муабета. (“Пинки го виде Тито“-Геро сега секаде ке се фалам дека те познавам JJJ)
Веројатно нема да откријам некоја тајна (ако е така Геро извини не е намерноJJ) но пријатно ме изненади-зачуди што од Медиумските куќи само Геро беше на средбата.
Веројатно само Геро е еден чекор пред другите редакции и уредници и ја сваќа силината на блогерската комуна во светот, па зошто да не и кај нас во последно време. Сваќе дека е добро на време да се приклучи (ако веќе оценил дека не може да ги победиJJ) на блогерската заедница во Македонија и да истакне некои поинтересни за него Блогери (Букаро и Офчарот).
На средбата меѓу другите прашања, падна и прашање како треба правилно да се свати блогерската заедница од МК, во однос на печатените медиуми. Некои Медиумски куќи сеуште не ја сватиле силината и суштината на блогирањето, па блогерите ги сваќаат или несериозно или ги сметаат за конкуренција.
Околу конкуренцијата – најпрвин имав мислење дека Блогирањето е навистина конкуренција на печатените медиуми (што дефакто и е ....), но потоа ја сфатив идејата на Геро зошто ги презема најинтересните (по него) Блогери и им дава простор во својот весник. Геро сака да види како комуницираат младите генерации (блогирањето кај нас е занимација на младите...) а и преку нив да привлече што повеќе читатели во својот весник, а бидејки се работи за млади ако привлече процент од нив, тоа значи дека љубовта ке биде долга.
Сега за една моје предпоставка-предвидување.
Предвидувам дека во не така далечна иднина продавањето на весници, такви какви што ги имаме сега драстично ке се намали (податок од Геро – тиражот и сега на сите весници во МК е драстично опаднат). Луѓето се повеќе ке ги читаат интернет изданијата на истите весници. Е сега дали е ова добро или лошо. Добро или лошо, тоа и така и веќе се случува. 90 % од луѓето во МК кои имаат постојан Интернет дома, и денеска веќе ги читаат сите весници на Интернет со доцнење од неколку часа.
Помислив потоа од што би живеел весникот ако не се продава. Не ја знам структурата на денешните приходи на веснците во МК, (Геро помогни ако го прочиташ написов) но предпоставувам дека главните приходи на весниците се огласите и рекламите. Печатениот примерок на весник што го купуваме на улица мислам дека не ја покрива стварната производна цена 10-15 денари по весник-е премалку да ги покрие трошоците.Значи печатениот весник поради малиот тираж и скапите репроматеријали произведува загуба....
За га може сето ова да заживее (Интернет издаваштвото) уште повеќе фали толку во последно време споменуваната Интернет пенетрација во МК – која е на катастрофално ниско ниво. Зошто. Па затоа ако да речеме имаме пенетрација од 50 % (што и не е некој сон-не е голема сума на пари во прашање-во прашање е само глупоста на владата...), ке имаме покриеност на скоро 70 проценти од денешните конзументи на весниците.
Ако издавачот успее да го убеди оној кој ја плаќа рекаламата дека има толку и толку читаност на весникот - тираж по електронски пат, тогаш со славните и магични реклами и огласи весникот ке има задоволителен извор на приход, а и ке ја подигнеме истовремено и еколошката свест – не се троши хартија – се сеќавате хартијата се прави од дрво.
ЗНАЧИ ВО БЛИСКА ИДНИНА – ЧАО ЗА ПЕЧАТЕНИТЕ ВЕСНИЦИ, ДОБРОДОЈДЕ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ВЕСНИЦИ...
11 comments:
Ако те интересираат овие теми, разгледај го блогот на Дарко, Комуникации.
Редовно го пратам тој блог, поготово ако ми е интересна темата, но се научив овие неколку последни месеци како ги пратам блоговите дека ако сакаш нешто повеќе да кажеш за некоја тема, најдобро е тоа да го кажеш на свој блог.
И затоа иако неук за блог и блогирање (и јас дигнав нога како жабата кога го гледала коњот како се подковува) сепак се решив да отворам не еден туку два блога...
Во глава ни се мотаат уште два но ке видиме времето ке каже - дали е ова добро што го правам...
Тоа што го читаш мојот блог е одлично но сега ќе те замолам да пролисташ малку низ архивите и да се запознаеш со можните одговори на еден куп прашања кои си ги напоменал во овој твој пост.
Разгледај низ архивите и ќе најдеш и за младите читатели и за изворот на средства и ред други работи.
Мило ми е што размислуваш на оваа тема, ама за да се заокружат некои од овие работи треба време, информации и ред други работи.
САМО НАПРЕД
Дарко извини за грешката на името го поправив твоето презиме уствари. Тоа често ми се случува од причина кога сум малку заморен, (а изгледа стално сум:):):)јас некои зборови убаво не ги читам. Читам перцепивно - не буква по буква и правам грешки..
Дарко
За да ми олесниш ај дај линкови на постовите за кои зборуваш...
Па потоа секако и ке ги прочитам...
Volan,
dali mozes sbe da se zamislis na WC solja so notebook na kolena i kako citas vesnik.
E od ovaa pricina nema da zamrat pisuvanite vesnici.
За Аномимусот
Прво мислев дека си вулгарен, но уствари ти си во право....
За добри и нови нотбукс пишуваше повеќе јован во неговиот блог..
Ако сакаш ке ти дадам и линкови ...
Abe dzabe nobuk na kolena, so hartijata ako ti snema u momentot toalet papir i ke zavrsis rabota ama so notbuk nikako.
Da zivee pecateniot medium
За Анонимусот :
Види пошто сум по предвидувањата (Нострадамус не ми е равен :):):) за десетина години ако сакаш да трошиш хартија, ке плаќаш акциза (данок на луксуз) ....
Зартоа на време поминувај на нотбук...
А за дупе брате користи вода, ем хигиенскије им топлије - има еден виц...
И така кај и да е браќава муслимани ке не надвладеат, па ке мораме да прифатиме дел од нивните обичаии...
А овој им е уствари и добар обичај....
Ако си читал историја ке се сетиш дека тој што победува на некоја територија (доминира), ја наметнува својата култура. Во врска со тоа сети се дека веќе десетина години има стандард да во секое ново веце има мала чешмичка,..., а еве сега имаме и стандард и за други слични прашања, па мораме да им ја учиме и историјата на пример, онака како они ја гледаат со нивните историски очила...., па мораме да учиме и за верата и нивните погледи на светот, гледаш сто прават најново, го тресат светот затоа што се единствени и водени од еден центар..., Језик будуќности на овие простори погодуваш кој е...
Не се истрчувај. Искуствата покажуваат дека новите медиуми не ги укинуваат старите - радиото не ги укина весниците, телевизијата не го укина радиото, интернетот не ги укина телевизиите... сите нови медиуми си наоѓаат своја публика (која може да е и дел од публиката на постариот).
.анти
Не реков дека весниците ке изумрат, барем тоа нема да биде така бргу - но реков дека и тие самите ке се трансформираат во голем дел во електронско издание...
Инаку сите бројки на продажба на печатени медиуми вртоглаво паѓаат од година на година...тоа истото се случува и со нашите печатени медиуми.
Не случајно скоро сите повлијателни весници дури и кај нас почнаа да излегуваат и во електронска форма..
Проблем е само ниското ниво на пенетрација на Интернетот во МК.
Од друга страна не сфаќам зошто рекламите кои ги има во печатениот весник не се пренесуваат и во електронското издание...
Треба еден од поаваргардните весници да проба да ги објавува бесплатно еден период рекламите и огласите да не заборавам, па откога ке увиди клиентелата што се рекламира дека има фидбек, во смисла производот или услугата што се рекламира се продава и заради огласот во електронското издание, дури тогаш Весникот ке може да почне да бара пари за објавување на огласот и рекламата во електронското издание...
Post a Comment