Вчера имав вообичаена работа по банките наши.
Подигање на чекови и плаќање на сметки и други глупости во банка.
Што сакам да кажам:
- ужас
- се изначекав во два реда енаш за да земам чекови и друкпат за да ги платам сметките
- за да не дремам без везе и гледам по зидови секојпат си зимам по нешто за читање
- овојпат и не читав многу бидејки го темпирав времето кога нема пензионери во редови
- и морам да ги пофалам надлежните во Комерцијална (друг пат ке наплаќам за реклама) дека секојдневно се трудат да ја подобрат услугата, имаше отворено дури три шалтери кои работеа на платен промет и два шалтера кои издаваа чекови
- сепак така чекаеки имав време за ми се мотаат револуционерни идеи во глава
- викаат најреволуционерни идеи на луѓето им паѓаат додека се на ВЦ-шоља, проверено и точно
- овојпат пошто сепак чекав вкупно некои 30 минути и се бунев самиот во себе кога ке се овозможи услугата од нашите комерцијални банки, да можам да ги плаќам сите сметки по електронски пат
- оваа услуга во светот во кој ние одиме одамна е возможна
- замислите каков комодитет, си седиш дома си слушаш добро музиче во уши и ти текнува дека имаш сметки за плаќање, си се уклучуваш на интернет и оп за неколку минути си ја вршиш работата за која иначе би потрошил барем неколку часа време и би морал да се дотераш и нашминкаш за да се појавиш во јавност
- вака би се зголемила и присатноста на легални пари во промет,
- што индиректно би значело наплата на повеќе данок во државната каса
- би се намалила и потребата од готови пари во оптек
- едноставно вака би било поубаво
- ми текна на Јован и Мијалче кои се залагаат за е-ова е-она а јас ги напаѓав дека најпрво треба да има поголема пенетрација на интернет пристап за да може да функционира е-ова е-она. Уствари од сето тоа тогаш кажано за мене заклучок беше дека тие два процеса се паралелни и си помагат еден на друг
- сега ке го послушам советот на .анти, дека постовите не треба да се многу дугачки и тука ке прекинам….. мада у главата имам уште за оваа тема...
2 comments:
Volan,
a da si ja smenis bankata. Jas vo stopanska godina dena si gi placam SITE smetki preku internet.
Благодарам на информацијата, ако е навистина тоќна ке ја сменам банката - искрајно не сум проверил можеби тоа е возмоќно и во Комерцијална :):)
Тогаш прешав на едниот од шалтерите кај што чекав, а они по вообичаениот македонски терк ме упатуваа на друг шалтер кај што имаше пак ред, и нејќев да чекам во тред ред во еден ден....
Post a Comment