Што добивме од Макрадули Јани во изминатите 4 години
Написов се однесува на улогата на Макрадули Јани како председател на Комисијата за информатичка технологија (КИТ) и неговата улога во развојот на Информатичкото општество кај нас, во овие 4 години.
Осем тоа што ми е во собрано во мојата глава, а е податок за горната тема – се послужив со Интернет и моќните пребарувачи “Google” и „Најди“.
Ако интексирате Макрадули Јани во “Google” ке добиете 612 резултати.
Ако интексирате Макрадули Јани во “Најди” ке добиете 845 резултати.
Дали е ова многу, малку, доволно ке се види од содржината за што е пишувано. Генерално ако имавме имплементирано е-Влада и е-Парламент резултатите од пребарувањата ке беа далеку над ови бројки.
Сега ке си дозволам да го кажам она што го имам во меморијата во мојата глава а се однесува на Макрадули Јани и неговата улога во...
Првата импресија ми е дека човекот иако веројатно се трудел нешто да направи, не успеел да ги подобри таргетите на Информатичкото општество – кои самиот си ги поставувал (ако си ги поставувал)
Пред се мислам тука на:
- Катастрофалното ниво на Интернет пенетрацијата во Македонија
- Незадоволувачките резултати од настојувањето за демонополизација на Интернет пазарот во МК
- Неостварена заложба за е-Влада
- Неостварена заложба за е-Парламент
- Недоволно голем буџет за остварување на Информатичкото општество
- Како председател на КИТ никојпат се нема изјаснето за евидентно лошото работење на АЕК (Агенција за електронски комуникации)
- Неостварувањето на Стратегија за развој на информатичко општество и Акционениот план - април 2005
- Неработењето на КИТ (нема активност на неговиот сајт веќе неколку месеци) – последната активност е во Септември 2005
Со други зборови кажано, од моја гледна точка резултатите му се слаби, непреодни .
За да не должам во уводниот топик – како што имам лош обичај тука ке прекинам а другите мои размислувања за улогата на Макрадули Јани ке ги кажам како коментари на овој топик.
Чекам и ваши мислења и спротивставување на ставови.
16 comments:
Овдека сакам да развиеме расправа за Макрадули Јаки не како приватна индивидуа, туку како активен учесник и ударна тупаница на актуелната Влада а за развој на Информатичкото општество во МК.
Сите ниски удари и навреди кои ке се однесуваат на приватниот живот на Макрадули веднаш ке бидат отстранувани
ај ќе отвориме една друга тема...
си бил еден волан, и бил стара баба...
анонимус
Ваквите брзи реакции на партиските војници ми се допаѓаат и ми велат дека сум ја погодил темата
Макрадули Јани (Председател на КИТ) во денешниот Дневник ке изјави:
Од април ке имаме е-Влада
Пратеникот, Јани Макрадули, Председател на државната КИТ, е задоволен како се спроведува стратегијата за информатичко Општество во МК. Тој за крајот на април најавува почеток на проектот е-Влада.
Станува збор за одржување на владините седници без документи на хартија, односно се што ке биде потребно за седницата ке биде во електронска форма. Владата го набави хардверот, а софтверот ке го обезбеди компанијата „Мајкрософт“. Денот „Д“ за почеток на „пејпрлес“ седници е 22 април.
На прашањето на Дневник – Каква корист ке имаат граѓаните од овој проект?
Макрадули вели - Се поедноставвува и се олеснува добивањето на мнгу административни услуги. Во почетокот тоа ке бидат едноставни операции, како поднесување апликации или слично, но граѓаните секако ќе заштедат време, зашто наместо да одат на шалтер ќе завршат работа од дома. На пример на последниот конкурс за вработување во јавната администрација, дури 74 одсто од од апликациите во Државната агенција за вработување стигна преку Интернет. Тоа е извонрдна бројка која беше забележана и во странски списанија.
Тука јас би поставил неколку подпрашања или констатации:
- Дали Макрадули е свесен на колку граѓани ке им се олесни работата, ако го знаеме податокот дека Интернет пенетрацијата е скромни 6 проценти во МК.
- Јас очекував дека на горното прашање Макрадули ке каже дека со е-Влада ке се овозможи транспарентност во работењето на Владата и до пристапот на Информациите – за што се правело муабет на Влада и кој за што се залагал?
- Зошто една Влада има потреба некој за неја да прави бесплатен проект за софтвер (толку ли сме сиромашни) – дали тука се крие некоја состојба за некаков дил (ни мама на тате недава безпари)
- Дали Владата проценува дека ако некој ти прави софтвер за работа на е-Влада, може многу лесно да вметне тројанци и други слични глупости, со што би ја прател работата на Владата и потоа би ја уценувал ?
- Скоро секаде во светот, вообичаена практика е да оној од кого го набавуваш хардверот, да ти понуди и софтвер и тоа најчесто како гратис….
- За набавка на софтверот, дали имаше транспарентност…
На прашањето на Дневник – Еден од главните приоритети во стратегијата што ја направи КИТ, беше поефтинуваше на Интернетот за да има што поширок пристап до мрежата. Што е направено на тој план?
Макрадули вели – Сратегијата ја направи КИТ, ја предложи Владата, ја усвои собранието, а ја промовираше Председателот. Значи целата држава е вклучена во имплементацијата на Информатичкото општество и тоа добро. Моите информации се дека некои провајдери веќе нудат неограничен безжичен интернет за 900 денари месечно. Тоа е прифатлива цена. Безжилниот и кабловскиот интернет се во експлозија, што значи условите не се неповолни…
Но тоа го прават приватни фирми. Која е улогата на дрќавата? (подпрашува Дневник)
Макрадули вели – Сигурно не очекувате некој државата да се меша во пазарната логика и да ги диктира цените на пазарот на интернет – услуги. Задача на државата е да создаде амбиент и да понуди услуги преку Интернет што ке ги натераат граѓаните пошироко да го употребуваат. А тоа се прави.
Тука јас би дополнил уште со неколку констатации и прашања:
- А дали доволно е направено и со кое темпо тоа се остварува
- Во поранешните изјави на истата тема што треба да направи државата дававте и други одговори, како на пример дека државата треба да се потруди да овозможи ефтин Интернет за ученици и студенти и слични флоскули…. (за нив покасно)
Тука за жал завршува интервјуто со Макрадули Јани. Неможам да ви дадам линк, бидејки интервјуто го нема во електронското издание на денешниот Дневник, како што ја нема ни констатацијата(соседен краток напис):
Каде сме во регионот? (каде се вели)
Меѓу земјите во регионот Води
- Хрватска со 32.2 отсто интернет корисници.
- Црна гора Интернет користат 16,1 отсто од граѓаните,
- БиХ 15,1 отсто
- Бугарија 15,4 отсто
- Протекторатот Косово 11 отсто.
Најголем дел од корисниците кај нас се приклучени со диал ап-врска, за разлика од светот, каде што е се поголем бројот на корисниците на широкопојасниот Интернет.
За споредба во земјава (РМ) има 7.000 предплатници приклучени на АДСЛ-врска, а во Хрватска има 100.000 корисници на АДСЛ.
Ови два написа се продолжение од Уводниот напис на Дневник кој е на насловна страна „ Нема кој да сурфа во земјата на безжичен Интернет“ линк подолу
http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2999&stID=74209
Замисли еден ден на некој блог голема слика од волан на некој блог и критики за неговата работа. Ама не, не го доживуваш тој ден. Во животот има два типа на луѓе - оние кои работат и оние кои лајат. Кој ќе биде посреќен кога ќе умре нека заклучи сам.
За анонимусот
За разлика од мене,(јас не сум јавна личност) - господинот Макрадули Јани е јавна личност и во парламентарно општество како нашето, дозволено е да се критикуваат јавните личности или да се фалат сеедно.
Јас одбрав да критикувам, не затоа што го мразам Макрадули Јани, туку просто затоа што не сум задоволен од резултатите од неговото работење(и јас плаќам данок од кој Макрадули зема плата). И сум разочаран што не ги исполнува дадените ветувања.
Во цивилизираниот западен свет сите познати јавни личности кои држат до своја кариера, имаат свои блогови - преку кои комууницираат со заинтересираните граѓани.
„..Во животот има два типа на луѓе - оние кои работат и оние кои лајат. Кој ќе биде посреќен кога ќе умре нека заклучи сам..“
Па бидејки сум средовечен човек 51 година(види профил), веројатно во животот нешто и сум поработел....а вториот дел од констатацијата не ти ја разбирам, уште никој ни нема пренесено искуства од другиот свет и како се станува таму среќен :):)
вмроооо вмроооо ти си наша судбина
16.09.2005. Обраќајки се на Собранието на Република Македонија а во врска со усвојувањето на Националната Стратегија за развој на Информатичко Општество г. Јани Макрадули, Претседател на Комисијата за Информатичка Технологија на Владата на Република Македонија меѓу другото изјави: линк подолу
http://www.kit.gov.mk/default-mk.asp?ItemID=3DF842B36C3BEE4A8B0AE2CC3535FD9B
- на 4 јули 2002 година, тогаш пратениците Замир Дика, Данило Глигороски и јас предложивме една декларација и Собранието усвои Декларација за забрзан развој на информатичко општество и дигитална економија во Република Македонија како национален приоритет.
(Значи три години и требаше на оваа влада да изготви Стратегија и Акционен план за Информатичло општество, со тоа што за оваа работа секојпат имало секојпат разбирање и од опозицијата)
Се прашувам, зарем не е три години предолго за нешто што е поврзано со поимот Информатика.
Па вакви стратегии имаа скоро сите ЕУ членки, зарем не беше попаметно да не се оди во измислување на топла вода и веднаш да се преслика некое добо искуство т.е. стратегија
Стратегијата (према Макрадули) има четири цели што смета дека треба да се реализираат, планира да се реализираат до 2007 година. Тие цели се:
- Целосно либерализиран пазар на електронски и комуникациски услуги, а јас би додал реална конкуренција во телекомуникцискиот пазар,
- Зголемен број на интернет корисници, нашата проекција е дека со мерките во Акциониот план можеме да зборуваме за интернет пенетрација од 30% наспроти сегашните, за жал 6%,
- Воспоставени електронски сервиси и од страна на министрствата по две кон граѓаните и, за да има целото ова смисла,
- Овој систем треба да биде одржлив.
Што од ова до сега се подобри и до кај стигна:
- Стварна либерализација (де факто) не е постигната, видете ги само критиките од сите за ова. Еве и антикорупциска на крај се вклучува
- Зголемен број на интернет корисници ? Ако се оди со овие бројки на „зголемување“, до триесет насто ке ни требаат уште десетина години
- За елекктронските сервиси нешто е направено, но дали е доволно нека проценат ѓраѓаните
Anonymous said...
„..вмроооо вмроооо ти си наша судбина..“
Секое неразложно спомнување на било која партија во овој блог, кое не е поврзано со темата во иднина ке биде бришано, или игнорирано.
Тоа не значи дека партиите не може да се вклучат во расправата - напротив, пожелни се но за спротивставување на аргументи и факти, но не и пароли и флоскули...
Пароли и флоскули, се добри и пожелни за минтинзи но на блоговите, не допринесуват во академсата расправа на спротивставување на фактите...
хахаха академска расправа
Што кажа Макрадули Јани на
ЈАВНАТА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ ВЕРЗИЈА НА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО – e-ГРАЃАНИ
21.02.2005
Место: Велес, Општина (13:00 часот)
Линк подолу
http://64.233.179.104/search?q=cache:EVcpZLgBDsMJ:www.kit.gov.mk/WBStorage/Files/javnarasprava-egragjani-followup.pdf+%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0+%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&hl=mk&ct=clnk&cd=20&client=firefox-a
***Златко Николовски од Мрежен електронски центар постави неколку прашања.
Побара објаснување за еден дел од Националната стратегија за развој на информатичкото општество, поточно за делот „...при тоа, без запоставување на економската (т.е. трошковната) страна на оваа активност, базичната идеја во оваа смисла претставува реализирањето на идејата дека пристапот на Интернет во денешно време претставува дел од групата на човековите права, што всушност значи дека пристапот на Интернет има карактеристики и на јавно добро. Таа услуга треба да биде достапна на сите под еднакви но економски одржливи параметри.“
(стр.69, точка 4).
Јани Макрадули објасни - дека реченицата „... Таа услуга треба да биде достапна на сите под еднакви но економски одржливи параметри“ значи дека Владата треба да обезбеди еднакви услови за сите, односно да обезбеди интернет пристап во универзитетите, училиштата и библиотеките кој ќе биде бесплатен за корисниците, но Владата сепак треба да обезбеди финансиски средства за да ги покрие тие трошоци.
Каква надахновеност на Макрадули Јани - Владата треба:
- да обезбеди еднакви услови за сите
- обезбеди интернет пристап во универзитетите, училиштата и библиотеките кој ќе биде бесплатен за корисниците
- Владата сепак треба да обезбеди финансиски средства за да ги покрие тие трошоци
Сето ова е прекрасно, но Јани покасно во своите изјави ретерира, дека Владата е само во улога на олеснувач и медијатор, а никако финасиер.
***На прашањето како ќе оди раздвојувањето на е-здравство и е-граѓани кога повеќе од половина од општините немаат веб-сајтови,
Макрадули одговори дека на општините ќе им биде понудено да ги преземат решенијата од веб-сајтот www.uslugi.gov.mk кој треба да започне со работа наскоро. На тој начин граѓаните од корисници ќе станат креатори на услугите што ќе ги користат
Овој дел делумно е остварен – Но сепак има општини кои сеуште немаат ни интернет адреса а камало Сајт. (Кој сака ке му посочам примери)
***Фехим Јусуф од с.Горно Оризари запраша дали може технологијата да се распореди и во руралните населби за навистина да биде достапна за сите.
Макрадули се надоврза велејќи дека замислено е секое училиште да има своја компјутерска училница која претпладне би била наменета за изведување на настава, а попладне би била на располагање на жителите.
Ова е навистина добра мисла но дали е нешто остварено во тој правец, не верувам.
*** Претставник од медиумите сакаше да знае дали Стратегијата ќе го регулира пазарот и цените на интернет провајдерите,
на што Макрадули одговори дека Стратегијата нема да се меша во правата на приватните провајдери туку има за цел создавање на амбиент за подобра конкуренција што ќе резултира со понуда на
прифатливи цени.
Г-дин Макрадули е претседател на владината Комисија за ИТ кој е "директно одговорен" за реализација на развојната стратегија на информатичкото општество -"е-Македонија". Од тој проект (објавен во посебна книга, па со фази, рокови на реализација, па "ти реков-ми рече") нема "ниту трага ниту глас".
Вака се коментира на долниот линк
http://esnaf.biz/forums/viewtopic.php?t=204
а сето тоа беше околу средбата на Бучковки и БилГејтс.
Јани Макрадули, Пратеник, Председател на КИТ:
"Интернетот ни е потребен како едно море; токму заради тоа што Македонија нема излез на море, мислиме дека Интернетот за нас претставува море и отворена можност за многу промени во економијата како и за нов економски развој во нашата земја."
Интернетот можеби не е високо-технолошки лек за македонските етничките тензии, но сепак тоа што се случува тука може да биде пример за земјите со средна големина.
Македонија можеби е прва безжична земја. Малку веројатно е дека како таква и ќе остане.
Ова е многу познатата изјава на Макрадули, по повод коментарот на Макрадули а во врска со BBC: Македонија стана првата целосно безжична земја во светот
линк подолу
http://www.usaid.org.mk/Macedonian/Articles/macedonia-wifi.htm
Јани Макрадули, претседател на Владината комисија за информатичка технологија:
Масовната либерализација на пазарот е клучот
“Владата е свесна за слабото користење на Интернет. Поради различни причини ова прашање секогаш било во втор план. Сметам дека ќе стане поактуелно кога ќе почнат конкретните подготовки за прием во ЕУ.
Точката 19 од прашалникот што во наредниот период треба да го пополни Македонија се однесува токму на информатичката технологија”, вели претседателот на Владината комисија за информатичка технологија, Јани Макрадули.
Тој се согласува со констатациите на експертите од оваа област дека Владата треба да заземе поактивна улога во популаризацијата на Интернет и другите информатички технологии и нејзино искористување за поврзување со граѓаните.
“Масовната либерализација на пазарот од страна на Владата е клучот за слабото користење на Интернет. Во моментов не постојат доволно механизми во договорот на Телеком и Владата за да се олесни тоа прашање.
Сметам дека нудењето на бесплатна линија за Интернет е многу подобра варијанта отколку воведување на нов фиксен оператор”, вели Макрадули.
Владината комисија за информатичка технологија е формирана пред година и пол.
Таа треба да помогне во создавањето на двонасочна комуникација помеѓу владините институции, изготвување на Националната стратегија за информатичка технологија до 2005 година. Комисијата треба да биде техничка помош на Владата и треба да помогне во обучувањето на вработените во јавната администрација.
Наскоро треба да функционира нова владина веб-страница, uslugi.gov.mk, на која граѓаните ќе добиваат информации од типот какви документи се потребни за одредена услуга.
Ова го објави Капитал Капитал, Број 248, 29.07.2004 види линк подолу
http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=0&EditionID=421&ArticleID=7918
Некогаш мислам дека вакви типови не одат по истата земја по која одиме и ние. Кај го најде тој „неограничен безжичен интернет за 900 денари месечно“?!
Ако е-влада ја дефинира како држење на седниците на Владата без хартија - страшен аир ќе видат граѓаните од тоа. Голем „бенефит“ имаме од пригодни флоскули за непригодни прашања.
Во врска со она дека државата не требала да се меша во пазарната логика... па што ќе ни е тогаш стратегија? Дај да ја укинеме АЕК, да ја укинеме КИТ, може да ја укинеме и целата држава и тогаш пазарот, ослободен од очигледно непотребниот буџетски товар, ќе изрегулира и испенетрира се.
Во стилот на британците, и за овој пациент препорачувам курс на кој ќе му објаснат дека:
- пазарот може да функционира идеално само при идеална пазарна структура
- приватните интереси не секогаш се поклопуваат со општествените
- Државата и буџетот служат за да го олеснат животот на граѓаните
безврска
Курсеви, обуки, тренинзи - не се тренди изрази.
Сега господата тоа го ставаат во целофан па се викаат - „раборилници“
За обуките.
Па нели гледаш дека скоро целата влада, првиот ешалон од владината администрација по министерствата и мал дел од вториот - се утепаа, одејки по светот за разноразни „обуки“.
Од сето тоа аир видоа само нивните жени и деца. Се сеќавата Бучко беше сликан како во еден маркет од Германија бира поклон, за својата фамилија и го плаќа од своите пари.
Тоа нешто ке му дојде како во оној филм кога председателот на САД ке застане пред цвеќара за да купи цвеќе за женската што и се удвара и ке побара да плати приватно од особјето - (негова кредитна картичка).
А особјето му одговара дека сите негови картички се депонирани во сеф за време на неговиот мандат.....
Инаку чудни бројки, дава господинот Макрадули Јани, понекогаш и точни како онаа за Интернет пенетрацијата во РМ од 6 %. Па ние се потепавме со луѓето да појасниме дека тоа е точната бројка на пенетрацијата во македонија.
Да кажавме, видете господа Макрадули се служи со та бројка - ке ги занемевме веднаш....
Трите точки, ти се точни, довално е за бесплатен брз курс.
Но ако сакаат господата да научат повеќе ке мора да платат една „работилница“ (во Маврово да речеме - ќе ни прија и нас малку планински воздух), не за друго туку да капне некоја пара во НВО-то за да си ги плаќаме поштарините и таксите за соопштенијата кои ги лиферуваме до јавноста..., па сега да остане и за понекое кафе и кисела вода, да се напиеме потоа...
(пари во касата нормално е дека немаме, 99 проценти од членството ни се студенти...)
Post a Comment