Search This Blog

Saturday, March 04, 2006

"Маџар телеком" со интернет телевизија

Со ваков наслов излезе Вечер од 3/4/2006 Бр. 13136
"Маџар телеком" со интернет телевизија

Интересен напис само не е јасно за која држава се однесува, према бројките не би рекол дека се однесува за Македонија.

Знае некој повеќе ?!

9 comments:

Anonymous said...

Volan, se odnesuva za Ungarija. Ako ne si znael uste vo oktomvri najavija 6Mbit ADSL deka voveduvaat, ogromna investicija i ne tolku zaradi internetot kolku za televizija video on demand etc etc.
Abe ludjeto si rabotat.

Photo Volan said...

Ту па ти жарко одма ме разочара. Јас ем се порадував на бројките на „пенетрација“ ем на новите видови на услуги...

Жарко нешто много ми ги фалиш у последно време МТ ?!

:):)

Anonymous said...

Pa mislam deka i pokraj site idiotski odluki sto gi donesoa vo tekot na minata godina sepak nesto ke smenat vo pozitivna nasoka. Tesko deka ke se pojavi nekoj seriozren konkurent. Onnet pametot im e vo fiksna telefonija, internetot znaat deka nemaat sansi, Neotel ke mu treba prilicno vreme da zastane na nogi a drugite se treta liga.

Anonymous said...

МаксПорталот на Хрватски Т-Ком има слична намера... Во основа се припремаат за трипл-плеј (интернет, телефонија и АВ преку ДСЛ). Заради тоа ми беше многу чуден муабетот дека Телеком ќе градел кабелска мрежа кога теоретски, долгорочно има многу помоќна ѕвездеста инфраструктура која е најпогодна за Видео-по-барање освен класичниот стриминг на ТВ програми... Но со прогресот иде и ХДТВ, што значи дека ќе мора или АДСЛ2 или ВДСЛ технологија да инсталираат за да се добијат барем пар десетици мегабита за оваа намена.

Anonymous said...

Pa site analizi pokazuvaat deka padot na cenite na internetot ne moze da gi pokrie trosocite kaj golemite provajderi i zatoa izlzot i se gleda vo triple-play. Samo za da se odi vo toj smer treba golem broj na korisnici, a politikata na nasiov telekom ko da e da gi izbrkaat korisnicite a ne da gi privlecat.

Iskreno se nadevam deka ke dojde do nekoj promeni deka internetot ke pocnat da go vodat skolovani ludje so oset za biznis. Vaka nekako epten "bitpazarski" se raboti.

Photo Volan said...

Жарко

Јас сум за повремена интервенција на државата, кога ке дојде да речеме ситуација, да не се зголемила пенетрацијата како таа планирала.

Тоа би значело дека како сега што е ситуацијата, да донесе некоја нова “бакбонд“ компанија на пазарот. Еве да речеме порано споменатиот кинески линк.

Но нашиве митаџии, не им е паметот како да се подобри ситуацијата туку како од тоа да профитираат како партија и лично....

И затоа сум толку оштар во нападите на Владава и фронтмените од оваа влада кои се одговорни за ИКТ (како Макрадули на пример).

Секако оштрицата ми е насочена и према АЕК кој и така сега се клати и ке биде жртвован наскоро.

Министерството за транспорт и врски е некако исфрлено од игра. Тоа е надлежно само закони и стратегии да носи. А јас новите закони ги сматрам само како парчиња хартија затоа што со новите закони се покриваат само рупите од старите прописи и закони кои не се спроведуваат..

Па и стратегијата е мислам подигната на ниво на закон, па никој не ја рецка...

До вчера ни опозиционите партиии не ја напаѓаа Владава за овие прашања.

Сега се појави една од поранешните тупаници во властите од старата Влада па е малку поинтересно овој заден месец...

Photo Volan said...

Очекував многу од Дојче телеком - дека со ребрендирањето нема да дозволи дилетанти да водат стратегија и политика во МТ-нет.

Но сето тоа се одлага за година дена.

Се нешто тука се одлага. А информатиката не може да се замисли со така спори промени.

Не ми е јасно како мислат да го исполната оваа година таргетот за АДСЛ (30.000 - корисници)

Оваа година со мака догураа до 10.000 корисници од кои излажаните со старт АДСЛ-от веќе другиот месец мигрираат во следниот пакет или се откажуваат на време....

Како и да е сепак ке морат да одат уште на кратење на цените, на нивото 20 посто поголемо од кабелските оператори.. Кои патем највеќе профитираа, последните неколку месеци.

Значи некаде прогнозата ми е дека МТ.нет ке одат на цена од 1200 денари и тоа брзо за месец два. Два месеца од оваа година вече се потрошија...

За евтиниот диалап интернет, веќе нешто и сторија, но уште ке треба да попуштаат.

Тука ја гледам шансата на МТ.нет за евтина понуда за студенти и ученици да речеме со ниво на цена од 550 денари со брзини на диал-ап, ама неограничен интернет.

Сите провајдери до сега се тепаа за големите бизнис корисници.. Но тие веќе се толку, нема нови и нема многу нови да се појавуваат. Значи сега им останува зголемувањето сепак да го усмерат према оние на кои интернетот највеќе им е потребен и највеќе знаат да го користат. А тоа се студнтите и учениците...

И да не биде вака, можеби бидејки многу прижелкувам ова да се случи па затоа и така предвбидувам.:):)

Он.нет има понуда од 590 денари со ограничување 1 гига. Но на сајтот уште им го нема. Веројатно им е новина.

Ги советував да за таа цена одат со неограничен интернет а со мали брзини. Незнам дали ке ме послушаат. Но би сакал да биде така.

Ниските ограничувања на данлоад и аплоад - какви што се сега ја проблематизираат интернет потребата во итака осиромашените домачинства - кои сакаат да имаат контролиран трошок...

Премногу желби на едно место, тоа ме плаши...

Anonymous said...

Volan,

samo edno prasanje. Dali ocekuvase deka Onnet ke ja srusi rEvolucija i dali seuste ke go branis Cemerikic

Photo Volan said...

“..Dali ocekuvase deka Onnet ke ja srusi rEvolucija i dali seuste ke go branis Cemerikic..“

Па ако мислиш на р-Еволуција блогот и воопшто еволуцијата што произлезе од таму т.е. борба за подобар интернет - нема никој шанса тоа да го сруши, па секако не и Чемерикиќ.

Никат не сум го бранел Чемерикиќ, и неговата компанија. Напротив секогаш сум ги напаѓал со став дека недоволно офанзивно настапуваат на интернет пазарот иако имаат голема шанса.

Само сум бранел лични напади према поединци и вреѓане на луѓе кои не се присатни на блогот - луѓе кои не ни знаат дека тамо некој им го руши личниот интегритет. Па тие лиѓе имаат и фамилии...

Веројатно ме ражбра а ако не прашај повторно. Или кажи пример каде тоа сум го бранел Чемерикиќ и Он.нет.

Blog Archive

Site Meter