Search This Blog

Thursday, December 03, 2009

Куманово - Монографии

МОНОГРАФСКИТЕ ПУБЛИКАЦИИ ЗА КУМАНОВО

http://www.biblioteke.org.rs/vranje/jovan.jpg
д-р Јован Хаџи Василјевиќ - КУМАНОВСКА ОБЛАСТ, 1909 Коларац Београд, 550 страници
Повеќе ».....

Се до 1996 година Куманово немаше  квалитетна монографска публикација. Првата И единствената датираше дури од 1909 година кога за Куманово и Кумановслкиот крај мошне солидна И квалитетна  публикација напиша д-р Јован Хаџи Василјевиќ - КУМАНОВСКА ОБЛАСТ, 1909 Коларац Београд, 600 страници. Ние кои се занимаваме со овој вид на работа нема да згрешиме  ако кажеме дека тој труд за Куманово е неповторлив, сеопфатен, работен со знаење и љубов со оглед дека Куманово беше роден град на мајката на  Јован  Хаџи Васиљевиќ, Катерина, ќерка на познатиот кумановски епитроп Иконом Димитрије, кој беше алфа и омега меѓу хриастијанското насоление во Куманово во периодот од 1832 до 1881 година.Имено таа беше омажена во Врање во семсјтвото  на  Кир Хаџи Василиј. Се разбиара овој труд, аналогно на времето во кое е создаван,  поаѓаше од  стајалиштето дека на македонските простори, односно на кумановските, живее српско население И целата стратегија на авторот И издавачот беше насочена во тој правец. Тоа беше периодот на пропагандите, кога силна битка  за асимилација и денационалиозација на Македонците “биеја” перата на Србите и Бугарите за својатање на македонскиот народ.

Како и да е ако не беше напишан овој труд  од  Јован Хаџи Васиљевиќ, полн со фактографија, ние многу малку ке знаевме за Куманово и неговата околина, посебно за  неговата трансформација од рурална во градска урбана средина во 19 век.

За време на периодот на Кралството Југославија немаше некои видливи напори и обиди да се  напише нешто за Куманово , иако одделни статии во периодиката пишуваше  токму Јован Хаџи Васиљевиќ, а  една статија во Политика  бележиме од авторот Денковиќ Ѓорѓе.

По ослободувањето 1944 година започнува  период,  кога меѓу другото новата македонска народна власт полагаше  доста  внимание на историграфијата , така да бележиме и изданија кои прават напори да ги објаснат нештата  за нашиот град. Таков  труд за Куманово напишал во 1949 година Атанасије Урошевиќ , академик на САНУ, насловен како “Куманово” давајќи доста  нови податоци за Куманово, истовремено ползувајќи ја книгата на Јован Хаџи Васиљевиќ “Кумановска каза” која пак изолуваше со  извонредна и досега ненадмината фактографија.

Сличен обид направија и Методи Петровски и Патар Трајковски во седумдесеттите години на минатото столетие главно задржувајќи се на  постоечките и осознаените  факти, давајќи акцент на поновата историја.

Дури во 1996 година Куманово ја доби , за тие години и тој период, вистинската монографска публикација, изготвена  апропо трендот и потребата на современиот читател.  Тоа беше  труд на Димитар Масевски и Миодраг Арсовски –Болто и двајцата кумановци, историчари и добри познавачи на приликите  во Кумановскиот крај. Со оглед дека монографската публикација за Куманово и Кумановско  насловена како “КУМАНОВО” - Прилози за изучување на неговото минато од праисторијата до денес, опфаќаше еден огромен период ,во неа свој приоднес дадоа и соработниците во поедини поглавја,  д-р Звонимир Николовски и Милисав Атанасовски, а вредни фото материјали даде Скендер Шабани. Книгата излезе  во декември 1996 година во издание на  Нрио “Наш весник” и авторите, во тираж од 1.000 примероци. За тоа време тоа беше луксузна публикација, технички извонредно стокмена, а наиде на извонреден прием кај кумановчаните со оглед дека беше еден спој на научно истражувачки ангажман и квалитетни илустрации во црно бела и колор техника. Интересно е да се каже, дека овој проект, за прв пат се подготви без  донации и спонзори и главно се реализира преку  продажба на книгата што беше непојмливо за многумина скептици, како  тогаш, така и денес.

Втор исто  така сериозен чекор во оваа насока беше направен во 2004 година кога во издание на “Македонска ризница” излезе монографијата “КУМАНОВО”- историја , уметност, традиција , култура, повторно  од Димитар Масевски и Миодраг Арсовски- Болто, со соработниците д-р Звонимир Николовски , Милисав Атанасовски и фотографот Скендер Шабани. Овој проект всушност беше проект на Општината Куманово и целиот беше менеџиран од  тогашниот градоначалник на општината Слободан Ковачевски-Таче.  Тоа беше издание подготвено во духот на времето по воените дејствија од 2001 година, со претходно договарање на авторите со претставните на Албанците и на Србите, бараше  барања на заедничките нешта на различните етнички групи кои живееле на овие простори и беше печатена   во 2000 примероци на четири јазици пооделно и тоа на македонски, албански, српски и англиски јазик. Чинам   дека повеќете граѓани на Куманово  и не знаат дека во градот има издадено таква публикација со оглед дека се користи само за потребите на општината и не е во продажба. Инаку во финасирањето на овој проект учествуваа многу субјекти кои за жал не се забележани, се разбира во знак на благодарност, а тоа се повеќе амбасади, општината Куманово, Министерството за култура, повеќе  стопански субјекти во градот и сл.. Втората публикација е исто така мошне луксузно издание, во колор, со корици од тврд повез, колорна обвивка,  на околу 500 страници.Инаку и двете монографии  ликовно ги обликуваа двајца,  во тој период најдобри ликовни и графички уредници- во Македонија- првата во 1996 година Зоран Ризовски-Рижо и втората во 2004 година,  Кочо Фидановски.

Со оглед дека  споменатите две Монографии за нашиот град беа релативно  големи, обемни по  содржина и со многу  детаљи, во  истата 2004 година во издание на  “Темплум” од Скопје беше издадена една  монографска публикација насловена  како “Витражите на Куманово” од Димитар Масевски која всушност беше  нарачана од овој издавач, и всушност беше есенција на двете претходни публикации која  во кратки црти ги даваше на специфичен јазик и стил  најосновните податоци и визии за Куманово. И ова  публикација имаше своја специфика бидејќи беше напишана на македонски јазик, но одредени поглавја беа напишани и на албански јазик, а одредени и на српски јазик,  како показ на етничката структура која  егзистираше во Кумановско. Се разбира сите три јазика ги следеше англискиот јазик кој се појавува во ударните поглавја.

Монографската  публикација “Витражите на Куманово” од Димитар Масевски,  излезе  како второ издание кон крајот на 2006 година, овој пат на двојно зголемен број а на страници (172), целата во колор на квалитетен мат кундзрук, со тврди корици и квалитетна обвивка. И понатаму  го задржа како основен македонскиот јазик, со “енклави” на албански и српски јазик,  но овој пат  паралелно и на англиски јазик. Инаку оваа публикација која авторот ја посвети на својот прерано починат син Игор Масевски, беше печатена во тираж од 700 примероци во издание на Друштвото за наука и култура “Парадигма” од Куманово.
Кога сме кај оваа последна публиккација за Куманово треба да се напомене дека последните стотина примероци од истата имаат посебен додаток од 8 страници, кој е на некој начин Епилог на целата приказна за градот , а е изготвен во пресрет на 11 Ноември 2008 година, опфаќајки ги содржините кои во градот изникнаа во последните неколку години. Со овие примероци оди и ЦД  со илустрации од градот и околината.

Овој текст за кумановскиот интернет весник “Kumanovo news” го подготвивме заради информирање на граѓаните на Куманово, како и за  сите заинтересирани, посебно младите,   со она што куманочаните го сторија и запишаа за својот град. Текстот нема комерцијална  насока со оглед  дека во продажба нема веќе од издадените монографски публикации за Куманово освен мал број на примероцим кои се чуваа како архивски и издавачки примероци. Но, битно е  граѓаните да знаат дека вакви трудови, во кои може да се следи развојот на овој регион од Праистоеријата и Антиката до денес ,подготвени од  квалификувани кумановци,  постојат и можат да се  ползуваат во Градската библиотека “Тане Георгиевски” во Куманово, и во Универзитетската „Свети Климент Охридски” во Скопје, а информации  можат да добијат и од самите автори.
   
Д.М.

Старо Куманово луѓе обичаи - настани е книга на Петар Трајковски издадена во 1997 година ви издание на „Просвета“ Куманово, со тираж од 1000 примероци, 166 страници. Како што говори самиот наслов книгата се бави со старо Куманово, луѓето и обичаите.

No comments:

Blog Archive

Site Meter