Search This Blog

Loading...

Tuesday, December 15, 2009

Прашање за Трендо

http://gallery.zazabava.com/albums/albums/Umetnicka_fotografija_Darko_Moraitov/Portrait_032.jpg
На постот До Трендо, таткото на blog.com.mk, Трендо во коментар ни соопшти дека во декември/јаноари blog.com.mk ке сели на нова платформа:               Повеќе ».....

Добрата вест е дека ке се селиме на нова платформа која веројатно ке има подобри технички можности, лошата вест е дека се можни проблеми со миграцијата т.е. дека е можно да снема одредени постови и коментари.
Моето прашање и молба до Трендо е - пред да се селиме со некоја техничка алатка да ни овозможи да направиме хардкопи на нашиот блог, значи постовите со коментарите. Сега за сега колку што самиот можам да видам сами можеме да снимаме само пост по пост - што на пример во мојот случај би бил долг и макотрпен процес. Можеби и сега е ова можно но јас не ја знам техничката постапка. Ако некој знае како тоа да се направи нека пише коментар. Мислам дека не е возможно ниту автоматско селење на друга платформа?

1 comment:

GoodBytes said...

Се' додека пред миграцијата се направи бекап на базата, не постои опасност од губење на постовите и коментарите.

Сепак, добро ќе биде да имплементираат можност секој да си го експортира блогот во некаков стандарден (XML, CSV, XLS...) формат.

Blog Archive

Site Meter