Search This Blog

Wednesday, December 16, 2009

ГРУЕВСКИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА - во интервјуто во Јади Бурек ... Македонија спаѓа во група на земји со ниско задолжување и не е точно дека имаме обемен буџет


Во предходниот пост ГРУЕВСКИ - итервју во Јади Бурек - дел за името ... неможе и во Грција и во Македонија да има Македонци ..., направив транскрипција за делот од интервјуто во кој се говореше за спорот со Грција околу нашето име. Во овој пост ке направам транскрипција на делот од интервјуто во кој се говори за економијата, кои се состојбите, кои се плановите и кои се очекувањата на Премиерот за нашата сегашна и идна еконосмка состојба. Некои аспекти и бројки ке потенцирам а со некои делови и ставови околу економијата ке споорам во некои идни постови кои ке се бават со економијата.               Повеќе ».....


ИЛКОВСКИ: Кога го завршувавме разговорот пред крај (првиот дел), кога Ве потпрашувам, што понатаму, што како во оваа пат позиција - може ли Македониа да се развива? Овде се наметнуваат веќе економските прашања. Она што мене како прашалник а Вие сте економиста и би требало Вие повеќе да одговарате на ова одошто да го викам Министерот за финасии, иако е тоа негов ресор и секако не е ни помалку стручен од Вас, но ме интересира една работа - ние две години вадиме исклучително обемомен буџет и задолжувањето на Македонија е се поголемо и поголемо. Има економисти кои од политички кои од економски ставови кои велат дека тоа може да ја загрози макроекономската структура (стабилност) во Македонија, дека задолжувањето на Македонија станува и структурален веќе проблем и дека може да ја доведе и самата земја во опасност, незнам пред банкрот, тоа презадолжување, обврзниците и така натаму. Ова Ви се теми што Ви ги нафрлам, ми треба едно Ваше поширако (елаборирање)согледување,  Секако и Ваше согледување зошто толку обемен буџет, можевме ли да направиме да го растеретиме стопанството од сите тие ... со тој обемен буџет ние едноставно стопанството го задолжуваме, кое па е во криза.
ГРУЕВСКИ: Благодарам Јанко за прашањето. Значи ние сме држава која што спаѓа во групата на ниско задолжени држави. Има рангирања ниско, средно и  високо задолжени.Нашиот надворешен долг е некаде околу 27 посто од БДП, севкупниот е околу триесетина проценти 33, 34 проценти и со тоа спаѓаш во група на ниско задолжени земји. Ние бевме во група на средно задолжени, но ке подсетам дека на почетокот на нашиот мандат во првите две години Владата донесе одлука да врати огромен дел од долговите предвреме. Ние околу 20 % од надворешниот долг го вративме предвреме во 2007-мата и делумно во 2008-мата. И бевте критикувани заради тоа. Бев многу критикуван заради тоа зошто сме ги вратиле долговите, тие биле незнам со ниски камати, па вака било, па така било, па не ни требало тоа. Ние целосно се раздолживме кон ММФ. Целосно се раздоживме кон париски клуб. Делумно се раздолживме кон светска банка и делумно се раздолживе кон неколку други институции кои не имаа позајмено пари. Така што ние создадовме еден огромен простор, да можеме понатаму за одредени проекти важни за државата или за ветувањата, Програмата што сме ја направиле пред граѓаните,  да можеме и нешто да позајмиме и да вратиме. Така што сите оние коишто обвинуваат дека државата е презадолжена можам слободно да кажам дека државата влегува во групата на држави ниско задолжени. За споредба ке кажам дека еве Хрватска има (она што го кажав јас дека ние имаме надворешен долг 27%) над 90 %, можеби сега веќе и над сто. За Грција да не збориме, таа е во исклучително тешка ситуација. Што се однесува до обврзниците, износот кој што го земавме како еврообврзница е релативно низок износ и износ кој што во никој случај не може ништо да загрози. До неодамна голем дел од тие средства воопшто не беа ни почнати да се трошат, но во тој момент ни беа потребни за секој случај да не дојде и до полоша ситуација, па и психолошки на крајот на краиштата си имаше свое влијание. Така што ситуацијата е сосема различна. За следната година, уште еднаш да повторам, ние сме во групата на ниско задолжени држави и не е точно дека имаме некаков обемен буџет. Ние имаме дефицит оваа година 2,8 %, за следната проектираме 2,5 % дефицит од БДП. За споредба оваа година повеќето држави во Европа и во светот имаат дефицит поголем од 4, 5, 6, 7, 8 проценти. Грција дури има 12, 5 % дефицит. Словенија повеќе 4, 5 проценти, не ги знам сега ја немам листа на сите но најголемиот дел и од опкружувањето и од Европа отидоа со многупоголем дефицит, за да може да ја пребродат оваа тешка економска година. Ние отидовме само со 2,8 % дефицит, што значи сме во групата на земји лпи што направиле помало задолжување во оваа тешка година. Друго е вака што ке слушнете од разни луѓе кои што сакаат да не нападнат или нешто слично, но нека најдат држави во Европа - да видиме колку држави имале 2,8 % дефицит оваа година или помалку од 2,8 %. Па ке видите дека ... Тие може имаат посилни економии, може да г дампираат тие толку задолжувања. Македонија со својата економија ... Не, ама ние сме во групата на ниско задолжени, не е така. Не спорам дали сме ниско задолжени или не, ние споредбени спрема нашата економија, нашето стопанство кое е прилично слабо, прилишно во лоша состојба. Во тоа мислам или можеби не се согласувате. Има и во полоша многу состојба ако така гледаме. Релативно е кој во каква состојба е. Јас можам да извадам примери кој што има во полоша состојба, многу позадолжени и со многу поголеми дефицитеи оваа година. Второ, следната година одиме со 2,5 %. ММФ неодамна излезе и кажа дека Република Македонија води добра и изблансирана фискална политика. Тоа го кажа и за оваа година што е во тек и за проекцијата за следната година. Значи тука паѓаат во вода сите оние обвинувања дека имаме преобемен буџет, дка многу се троши и таканатаму. ММФ доаѓа, нели има некоја доверба дека ММФ дава добри проценки, пред месец два ММФ објави дека се задоволни од тоа како гледаат како ги вршиме расходите и како го проектираме буџетот во однос на дефицитот. Бидејки дефицитот покажува колку повеќе трошиш одколку што имаш Еве сега ке Ви кажам ..., отколку што имаш реални приходи кои што не се од позајмување.

ИЛКОВСКИ:  Ризиците за макроекономската стабилност. Вака ги најдов овие податоци, особено и опозицијата со кои Ве напаѓа. ММФ објави дека во 2009-та година пад на МК економија помеѓу еден и едеипол посто. Тоа е една работа, во 2009-та година падот ке биде најмалку двојно поголем од оној којшто го предвиде Владата од 0,6 %. Значи прогнозите на ММФ се исти како што ги даде СДСМ. И уште ова, Владата останува со своите нереални проекции за 2009-та година.

ГРУЕВСКИ: Така, имаше такви обвинувања, се согласувам. Само да спомнам дека следниот буџет што го презентиравме сега во Парламентот и што брзо треба да се усвои. Во него капиталните расходи ги зголемивме за 16 посто а тие се најкорисните расходи и тие најмногу влијаат врз економијата. Додека расходите кои што се помалку продуктивни од типот на телефони патувања и слично се скратени за десет посто. Тоа за еден буџет промена е многу. Конкретно на Вашето прашање за проекциите на ММФ. ММФ одеше со проекција пред шест месеци дека оваа година ке имаме пад од 2,5%. Владата кажа дека нема да биде тоа и излеговме со друга проекција. Сега неодавна пред два три месеци ММФ ја ревидираше својата проекција и се доближи до нашата од минус 0,6 % и кажа дека ке биде меѓу еден и еденипол. Значи од дваипол тие веќе дојдоа на еден процент. На крајот ке видиме која ке биде точна проекција. НБМ беше поблиску до прекцијата на ММФ, отколку до проекциите на Владата. Но веќе самата ММФ е доближена до проекциите на Владата. Така што треба некогаш да се исчекаат работите и точно да се проверат за да се знае како е. Ние имаме едно од најмалите задолжувања во Европа во текот на оваа кризна година. Ние влегуваме во групата на земји кои што се ниско задолжени и ние имаме буџет и фискална политика, значи фискално монетарна политика сефкупно, за коешто ММФ јавно кажа дека е избалансирана. Па сега јас незнам со кое лице ке излезе некој и ке каже дека имаме преголеми трошоци, дека се троши растурџиски и така натаму ... Моравте да го кратите буџетот... ке се вратам и на тоа, единствено може да спориме околу приоритетите. Дали на некого му е приоритет да се инвестира во ова или во тоа и тоа е веќе работа на политики. Една Влада има политики да инвестира во тоа, тоа и тоа - друга Вада би инвестирала во нешто друго. Меѓутоа укажувањето дека е растурџиски, преголем, многу се троши и таканатаму - најдобар демант на нив беше извештајот на ММФ во којшто кажа дека Владата води избалансирани фискални политики и дека има умерен буџетски дефицит, особено во оваа година. И конечно ке подсетам дека според критериумите на ЕУ, државите што се во ЕУ не треба да имаат повисок дефицит од три посто. Оваа година тие дозвболија и нешто повеќе, затоа што е кризна инаку во некризни години сметаат дека до три посто дефицит се семта за нешто што е во рамките на нормалното и во рамките на ...

ИЛКОВСКИ:  Господине Груевски, моравме да го крпиме буџетот, така, го ревидиравме, го намаливме ...

ГРУЕВСКИ:  Не го крпевме, правевме ребаланси. Ребаланс ... Значи нема држава во Европа која не прави ... што не направи барем два до три ребаланси оваа година. И ние правевме како што се одвиваа ситуациите согласно светската економска криза направивме два ребаланси. Но дупките ... Ги правиме тие ребаланси и во нормални години кога нема криза.

ИЛКОВСКИ:  Во ред, вака велат - дека дупките во буџетот кои се појавија, се појавија неминовно затоа што стопанството влезе во криза и не можеше своите обврски спрема државата, се` повеќе фирми задолжени и така натаму. Прво, што ни се случува дека УЈП блокиа сметки на претпријатија и врши присилна наплата на заостанати долгови. Ова е обвинувањето до Вас.

ГРУЕВСКИ:  Тоа им е работа на УЈП. Ако некој не ги плаќа долговите согласно закон да го притиснат да ги плати.

ИЛКОВСКИ:  Но Владата на ВмроДпмне блокира фирми на сметки на повеќе од 5.000 фирми. Тоа е премногу господине Премиер ке се согласите и секојдневни инспекции и казнувања. Јас знам дека треба да се биде пред законот точен, да се исправи криминал и така натаму, но нели мислите дека ова навистина е премногу?

ГРУЕВСКИ:  Значи никој не вели дека УЈП работи нешто против законски, дека зима повеќе одколку што е по закон. Поплаката е зошто УЈП бара фирмите да си го платат тоа што по закон треба да го платат како данок. Тука е поплаката.

ИЛКОВСКИ:  Значи, заради неисплатена бруто плата, а и се ставаат работниците во заштита, испаѓа чисто лицемерие ... Чекајте сега ... Како ги штитиме работниците ако ја изблокираме таа фирма па работниците не можат да ја земаат платата.

ГРУЕВСКИ:  Не, не, не, ама па ако УЈП не интервенира во таква ситуација кој знае кога ке ја земат платата работниците и затоа е тој закон дека до 15-ти во месецот треба да им се исплати плата. 5684 е цифрата на блокирани фирми. Точно, така треба да се работи и да се заштитат работниците и да се воведе ред. И кога сме веќе кај казните јас ке кажам една работа - во минатото честопати се дискутираше дека во Македонија не се почитуваат законите. Дека во Македонија институциите не работат добро и дека има голема недисциплина, па дали било тоа во сообраќајот или било во фрлање отпад или било во плаќање даноци или било во нешто друго. Стално кажувафме формално и неформално и на тлевизија и луѓе кога ке се сретнат некаде дека еее во Швајцарија или во незнам Германија никој не смее да задоцни со плаќање данок, никој несмее да фрли на улица, никој несмее да паркира ваму или онаму. Ама не се во таква криза ... Не чекајте, не е тука до криза, тука е до култура, до ниво, до стандарди и така натаму. Сега кога почнавме ... значи и што се зборуваше зошто не змејат таму - е затоа што таму казнувале и високи биле казните. А кај не се казнувало и не биле високи казните. Добро ... Сега кога воведовме повисоки казни, и кога почнавме да казнуваме за да нели да создадеме една таква култура како што има во тие држави. Знам дека не можеме одеднаш да ја создадеме, ке ни требаат години и години вака. Е сега ајде еее зошто казнуваме. Зошто се високи казните. Па нели сакаме плека полека, нели, да се движиме кон тие системи, каде што ако тие што вршат прекршоци се казнуваат, па се дисциплинираат во иднина да го почитуваат законот, за и останатите да бидат задоволни од тоа и да бидат во подеднаква ситуација. Вака ако треба никој да не се казнува зато што не плаќа, ке се воведе нерамноправност. Едни ке плаќаат и тие што се позитивни што си по почитуваат законот, што се коректни кон законот и кон државата, тие ке бидат во неповолна ситуација. Тие кои што не плаќаат даноции тие коишто каснат со даноци ... во ред господине Премиер ... тие ке бидат привилегирани. Тоа е неповолна ситуација за нив ..

ИЛКОВСКИ:  Во ред, извинете, ке го употебам уште пар пати зборот лицемерие на Владата спрема ...велите се грижи Владата за работниците. Во ред, зошто не почнавте со блокирање на фирмите во август месец, зошто се чекаше крај на годината кога ке се види дека во буџетот има дупки па сега да почнат тие присилни наплати.

ГРУЕВСКИ:  Значи вака, УЈП посотјано си ја врши својата работа, не е застаната и не е точно тоа обвинување дека во август сме чекале па сега сме дошле. Второ, бидете сигурни дека во август или во септември некој викал сега е криза ај оставете ни до нова година. Па сега ... значи не може едни да плаќаат на време а други да не плаќаат воопшто ида се бунат зошто некој ги казнил, затоа што не го почитуваат законот. Има ли фирми ... тоа е безредие. Јанко, нашата цел не е да воведеме безредие. Во ред, но дали има привилегирани фирми на ВмроДпмне... апсолутно нема такви фирми - ниедна фирма нема таква. Нема фирми на ВмроДпмне. ВмроДпмне не се занимава со фирми. И уште една работа ке подсетам, воведовме најниски даноци во Европа, ги намаливме и придонесите, и сеуште ги намалуваме. Еве сега од први јаноари ке има ново намалување на придонесите за пензиско, здравствено и придонесот за вработување. Тоа е сериозен допринос и во правецот на намалување на невработеноста. Светската банка таа мерка ја оценува како една од најважните за намалување на невработеноста. Зборувам за намалувањето на придонесите. Значи сега кога ги намаливме најмногу во Европа даноците, ако и сега ние дозволиме да не се плаќа даноци, да се развие сива економија, тогаш која е поентата на намалувањето на даноците. Сметате ли дека добро работите економски ... Тоа другите ке го кажат, ние даваме се што е во наша моќ прво и второ ветувањата што сем ги дале во програмата можеби едно по едно да ги разгледаме кога сакаш, ние во најголем дел или сме ги исполниле или во тек е исполнување.

ИЛКОВСКИ:  Сметате ли дека има штета со еврообврзниците. Еве зошто, обврзниците беа издадени со камата годишна стапка од точно 9,785. Тоа беше цената на пазарот. Да, преку екстремно рестриктивна монетарна политика на НБ со идавањето на овие еврообврзници Владата успеа да ги стабилизира државните девизни резерви, пред тоа алармантно беа опаднати за над 600  милиони евра од октомври 2008-ма година. Јанко, пред да ги издадеме обврзниците... Се извинувам, ова се работи кои јас ги вадам од весници, што се зборело, да ... што се зборело, од стручњаци, од едни од други, од опозиција од овој од оној.

ГРУЕВСКИ:  Во ред, знсли нрзнам вака ке се обидам да ги подсетам тие што малку пратат економија, пред да се издаде еврообврзницата со месеци во Македонија јавно преку медиуми, стопански комори се апелираше дека во Македонија мора да дојдат пари од надвор, како позајмица за да се стабилизира ситуацијата. Да подсетам тогаш беше такво времето, значи имаше пад на девизните резерви, веројатно најтешкото време на кризата, пред да го допреме дното на кризата. Значи секојдневно не повикуваа, опзиција, стопански комори, медиуми, новинари, разноразни експерти - треба државата да земе пари од надвор и да се стабилизира, Земавме пари од надвор, се стабилизира, е ај сега штетно е што земавме пари од надвор. Значи, како да ја свртиш не може да ја погодиш. Обврзницата била оваква, обврзницата била таква, па дали требало од ММФ или не требало од ММФ. Ние оценивме дека не треба од ММФ. Да, поефтино е од ММФ, ама ММФ носи друг имиџ. Земји што зимаат заеми од ММФ имаат еден имиџ, земји што поминале цела криза, значи најглобалната криза во светот во последните 80 години, најголемата криза без подршка на ММФ, без позајмување од ММФ, без специјални програми на ММФ - имаат друг имиџ. Тоа се цени и се почитува. Така што како и да ја свртиме работата тешко на тие што сакаат да ни најдат мана нема да им погодиме до крај. За нас е важно дека цела една година и повеќе, значи кризата почна од почеток на октомври 2008-ма, еве го сега е декември 2009-та: еден ден не задоцнија плати, еден ден не задоцнија пензии, плати во администрација зборам за тие што сме ние задолжени, еден ден не задоцнија пензии, еден ден не задоцни враќање на било кои обврски што државата ги има кн странство, кон кредитори и така натаму. Сите основни функции Владата и државата во најтешката криза ги остварија на време и најголем дел од проектите што ги бевме започнале, најголемиот дел ги оставивме, ги задржавме. Некои малку ги забавивме, побавно, на некои не им ја намаливме таа брзина, многу мал дел засега се откажавме во смисла за кратко време, веќе за следната година пофторно ке си ги продолжиме како да речеме оние ваучерите или нешто друго. Такашто ... За ваучеривте имавте и портести ...  имавме и протести да, колку беа тие реални ... мораше ли ваучерите да бидат жртва ... нешто мораше, нешто мораше. Она што сакам да го кажам е дека практично ние сме земја којашто според БДП ако ние завршиме со минус 0.6 %, дури и да завршиме со минус еден еве како што велат некои што не се согласуваат со нас, ние ке бидеме трета земја според БДП колку најмал пад сме имале БДП во Европа. Сите други имааат или минус два или минус три или минус пет, минус шест, минус седум, минус осум % пад на БДП. Ама кај нас тоа ...

ИЛКОВСКИ: ... се работи за сиромаштија,  тамо се работи е добро ке имаме шише пепси помалку месецов. Овде се работи за леб повеќе ...

ГРУЕВСКИ:  Јанко, повеќето држави ги намалија платите во јавниот сектор, повеќето држави ги намалија пензиите. Еве сега слушам Англија ке намалува плати во државана администрација. Повеќето држави се откажаа од купишта проекти што ги беа започнале преходно, земаа далеку поголеми заеми одколку што ние земавме, воведоа далеку порестриктивни мерки одколку што ние воведовме. Добро е сега што граѓаните добиваат можност од 19-ти без визи да патуваат, па ке можат малку подобро да споредат, ама не само да гледаат архитектура, згради и ова и она, туку и да поразговараат со луѓе коишто живеат во тие држави да видат што се случи во некои од државите со кризата. Јас не велам дека ние во кризата супер поминавме, далеку од тоа. Ние имаме и текако многу проблеми во реалниот сектор. Реалниот значи производство, индустрија и така натаму. Ние немавме во финансискиот многу крупни порблеми, имавме проблеми но не крупни, не пропадна банки и така натаму. Но во реалниот сектор имавме и имаме проблеми и вториот пунк кај што имаме проблеми е намалувањето на странски директни инвестиции. Значи за разлика од другите држави кајшто еден куп банки пропаднаа и пари изгубија луѓе, ние имавме проблеми само во реалниот сектор и во делот на странски инвестиции. Меѓутоа кога ке се споредиме со другиге како поминаа ... Имавте силни ветувања за големи, големи инвестиции кога влегувавте ... точно ... и во подобро време тие идеа многу тешко и многу бавно, па имавте изговори дека ете треба години да поминав, дојде кризава и веќе замре се ... Не па Јанко има податок колку биле странските инвестиции. 2007-мата година ние достигнавме највисоко ниво во историјата на земјата, 507 милиони евра странски директни инвестиции. Предходно максимумот бил кога се продал Телекомот, Телеком еднаш се продава и Електростопанство, ЕВН што го купи. Во тие години сме имале околу 250, 300, триста и нешто милиони евра во една година. Ние во 2007-ма и во 2008-ма без продажба на нити еден монопол имавме скоро дупло од тоа. Во 2008-ма истотака достигнавме околу 430 милиони евра странски директни инвестиции. Ниедна година пред тоа во Македонија ама ни една буквално, ни кога сме продавале фирми, кога сме продавале монополи телекоми, електростопанства, не ме имале речиси пола миљарда во едната и во другата повеќе од пола миљарда евра странски директни инвестиции. Значи, можеби некој не го почуствувал тоа, јас не велам дека за една година дуплирање на странски инвестиции сите ке почуствуваат ... да ама некои пропаднаа, еве на пример Сончев град. ... Не, тоа не го рачунавме, се рачуна само парите што влегле, не се рачуна проект што се планирал па не се остварил. Па нели ставија, дадоа банкарска гаранција 2 милони долари за остварување. Ги реализиравте ли ... Не, не, не ... ги повлековме тие пари ... не, Сончев град не се реализира. Јас зборувам странски инвестиции што влегле пари. Не рачунам што некој најавил па не остварил.

ИЛКОВСКИ:  Реалниот сектор навише страда како и ние граѓаните од превисоките камати. За да едно општество ние функционираме потребни ни се кредити, потебни ни се свежи пари, да обновиме возен парк, да имаме капитал обртна вредност. Во кризава која што се случи во светот сегде паднаа каматите, само Македонија како да е на Марс, ние ги пораснавме каматите. Неможам да ја разберам таа логика Господине Премиер.

ГРУЕВСКИ:  Добро Јанко, тука јас сум укажувал во повеќе наврати дека имаме разлики со размислувањата и политиките со Гувернерот на централната банка. Тој има едни убедувања, ное во Владата имаме, барем јас и неколку луѓе од економскиот тим што се занимаваме со оваа проблематика - имаме различни убедувања во тој дел и мислам дека и постоеа и сега постојат можности за побрзо паѓање на каматната стапка. Да речеме ...

ИЛКОВСКИ:  Чекајте, се извинувам, еве ке Ви прочитам нешто кое планирав да Ви го прочитам и Ви реков дека ке го употребам зборот лицемерие. Лицемерно е да предизвикате зголемување на каматната стапка на народната банка од седум на девет проценти, како што тоа го направи Владата со своето трошење а потоа без било каква грижа на совест да се правите како да немате никава врска со тоа и да изразуват задоволство што каматната стапка се намалува од 9 на осумипол посто. Најмалку што можеше да направи Владата, беше да им се извини на граѓаните и на фирмите, што заради неа цела година плаќаат повисоки месечни камати на кредитите. Тоа СДСМ го викаше ... Сеедно кој и да го кажал, кажано е во јавност еве и јас јавно Ве прашувам.

ГРУЕВСКИ:  Ако, ако ... Значи вака Јанко, каматите пораснаа заради прво економската криза и второ заради одредени мерки што ги презема Централната банка, кои што во еден период беа до некаде оправдани, но во еден период според нашето размислување беа претерани и претерано долго се држеа. Постоеа начини порано да се намалат тие каматни стапки и постојат начини и сега. Јас се надевам дека Гувернерот и Советот на Нардна банка сепак ке одлучат во поблиска иднина да извршат одредени корекции на монетарната политика во правец на намалување на каматните стапки. А на овуе обвунувања како одговарате? Од СДСМ се тоа, прескоференции на СДСМ, неможам ништо друго да одговорам освен дека во нивно време без криза имаше повисоки каматни стапки од овие. Сега во криза сме дошле на такви и пак се враќаме наназад. Инаку пред да започне кризата 2007-ма и 2008-ма година каматите паднаа на најниско ниво во историјата на државата. Значи повторувам, пред почетокот на кризата со политиките на Владата каматите дојдоа на најниското ниво, најниското во целокупната историја на независна Република Македонија. Тоа значи дека нашите политики биле исправни, се разбира за време на кризата како и секаде состојбите се влошуваат, настрана што имаме и некои разлики со Централната банка, но по кризата јас сум уверен дека каматите, ако сме можеле да ги спуштиме на најниско ниво во историјата на РМ пред кризата, не гледам зошто после кризата пак да ги спуштиме на историското најниско ниво.

ИЛКОВСКИ:  Ова што сега излегува по весниците Ставревски што го предлага да може Владата да се меша во политиката на Народната банка, се шпекулација има вистина, тие несогласувања токму заради ова ли се случуваат ...

ГРУЕВСКИ:  Не е мешање, туку се работи за два концепта. Во светот има два концепта. Едниот концепт е супевизијата на Народна банка да е вака како тука во Народна банка, другиот концепт е сите три супервизии на банките, на осигурителните друштва и на што беше на уште една работа сега не може да се сетам да се обединат во едно посебно регулаторно тело, кое што е надвор од Нардна банка. Тоа е борба на концепти. Добро, ме интересира вака. Има еден куп држави каде што овој концепт за кој што Ставревски зборува е успешно примент.


ИЛКОВСКИ:  Значи не може да ве убедам никако дека оваа казнена политика која се применува на граѓаниве, дека нема да се намали, дека Вие не одстапувате од борбата против неправилното работење.

ГРУЕВСКИ:  Не ама тоа е барање да се спроведува законот. Нема олабавување тука ... Значи ако ме убедувате да не го спроведуваме законот не подпрашувам веќе ... мислам дека по некое време самите граѓани ке речат не се почитува законот, гледајте што прават, каде е Владата, каде се инспекциите, каде е државата, каде е ова ... Значи до пред шест месеци не обвинуваа да се спроведе законот и сега правиме се што можеме, не велам дека е идеално дека некаде нема кај што не се спроведува и така натаму, но, правиме се што можеме да се справеде законот и колку што може повеќе луѓето да работат по закон. Е сега ајде се јавува нов бран, зошто толку да се спроведува законот. Ај да не се спроведува сега малку ако може. Значи малку е тешка таа задача што ми ја даваш ти. Кукаат луѓево се жалат многу, тоа е проста работа. Многу беше убав моментот ...


ИЛКОВСКИ:  Слушаме дека обиколницата имате намера да ја дадете под приватна концесија. Мене ми е нонсенс прво јас како обичен граѓанин не навлегувам во висока политика а сигурно  ке ми објасните, јас кога идам во Солун или негде на летување, Грција, на обиколницата околу Солун не плаќам патарина.

ГРУЕВСКИ:  Добро има многу примери на обиколници каде што се плаќа патарина. Незнам сега за Солун не сум отишол одавна не се сеќавам, но можам да Ви набројам многу обиколници кај што се плаќа. Што е поентата, добро е прашањето и добро е да се објасни. Ние сакаме да изградиме во Македонија околу 500-тина километри патишта. 550 е вкупно а тоа што сакаме е да го градиме преку концесија. Ова со турците што го договаравте нешто ... Не, турците имат дел заинтересирани фирми, дали тие фирми ке дојдат на тендер дали ке победат ке видиме но има интерес и кај нив. Е сега, дозволи ми да објаснам. Значи ние викаме ај да не се задолжуваме ние, затоа што треба околу две милијарди евра за да се изградат тие 550 километри, да побараме концесионер кој што ке ги изгради, ке ги стопанисува 35 години и после ке ги остави на државата. Тоа е се во ред, меѓутоа кога ке се направи пресметката колку пари тој ке си врати за 35 години, излегува дека тој нема есап да инвестира толку пари, затоа што по нашите патишта се движат малку коли. Има просек  колку треба да се движат, за на него да му се исплати да инвестира толку пари, за после да му се вратат и да направи некој профит. Така? Која е логиката инаку не е тоа добротворна организација за да тој на нас ни ги изгради патиштата и да си замине. Ние одлучивме да одиме во две фази, првата фаза тендерот излезе, таа е околу 300 километри, втората кога ке го завршиме овој тендер овој јавен повик па ке одиме со остатокот. Е сега, кога видовме ние дека нема шанси никој да ни се јави, џстоса што пресметките покажуваат дека бројот на коли е толку мал што не се исплати за концесионерот, ние дозволивме две работи. Прво, најдовме дека, ... предходно ангажиравме консултант, еден од најдобрите консултанти во Европа, мислам дека од Франција или од Белгиа беше. Позната куќа консултантска која што ни работеше на планот и таа ни предложи, дека ке мора да дозволиме во таа инвестиција да има субвенција на државата и дека меѓу другото на јавниот повик фирмите ке се надаваат кој помалку ке побара од државата. И второ, ке мораме да дозволиме некои други приходи да добијат они за да им се исплати да инвестираат. Незнам дали бев доволно јасен.

ИЛКОВСКИ:  Сакате да ми кажете дека фирмата што ке ја земе под концесија обиколницата ке биде некоја од фирмите која ке инвестира во изградба на автопатишта во Македонија?

ГРУЕВСКИ:  Точно, точно. Значи тој што, на пример некоја фирма ке вложи пошто има во два дела се поделија овие околу 300 километри Источна и Западна Македонија. Да речеме некој ја зима источна Македонија, и да кажеме треба да инвестира 150 милиони евра. На него за период од 35 години не му се враќаат тие пари и затоа тој вели - јас ке инвестирам ама и државата треба да даде толку и толку. Добро, друг вика треба да даде ама помалку. Трет вика треба да даде ама повеќе и го одбираме ние тој што ке каже дека најмалку пари ке побара од државата и плус му велиме земија ити обиклницата собирај ги ти приходите, за да го намалиш делот што го бараш како субвенција од државата, бидејки ние тие средства ке ги обезбедиме од задолжување. Подобро да не земаме кредити, па да ги враќаме во иднина одколку да се плаќа таа патарина. Тоа е една логика која што ни ја понуди консултантот, кој што како што велам е еден од најдобрите во Европа, консултантска куќа. Тие ни рекоа, дајте им што може приходи да имаат за да биде помало учеството на државата во таа концесија и да имате што помалку трошоци а да ги добиете тие автопатишта што сакате да Ви бидат изградени. Така што, тоа е логиката на тоа што се прави со обиколницата.

ИЛКОВСКИ:  А двокатните автобуси, прво зошто запнавте толку со тие двокатни автобуси.

ГРУЕВСКИ:  Значи, овојпат отидовме со комбинација и двокатни и еднокатни. Двокатни заради две причини, има традиција Скопје од шеесетите години на двокатни автобуси и тие се добри за имиџ и за туризам, во градот, тоа воопшто не е лошо. Не очекувавте ваков жесток отпор на пример ... Отпорот е повеќе политички, не е толку вака нешто граѓаните да ... но зошто овој тендер по четврти пат ... не е по четврти двапати ми се чини пропадна. Сега ке ви кажам зошто. Првиот пат и тоа доста се мистифицира дека ... еве пропадна и четвртиот тендер за двокатни автобуси ... не тоа кога не обвинуват така викаат, четвртиот, шестиот, и таканатаму, мислам дека двапати беше. Што се случи значи имавме две обвинувања, прво дека сме сакале едно 20 милиони евра да ги земеме од тој тендер. И тка не се објаснува само се вика тој што победил ке им даде 20 милиони евра на власта, не знаеме како. Бидејки имаше тендер се јавија четири фирми првиот пат, мислам дека и вториот така нешто и победија најефтината, која што ги исполнува и другите услови, банкарска гаранција гаранција и таканатаму. Се што треба да поднесе. Е сега незнам како мже на јавен тендер тој што дава најниска цена и најповолни услови да има тука наместено нешто или да има нешто државата или нешто слично. Но добро во Македонија се има, се можеме да слушнеме. Второ зошто пропадна. Во она што тие го понудија во барањето во тендерската документација беше побарано првиот автобус да го произведат за 12 месеци. Тоа е барањето од Министерство за транспорт која го објавува тендерот. Тие кога доставиле понуда напишале дека првиот автобус ке се изгради од 12 до 18 месеци, а сепак го потпишале договорот однапред, пошто така беше условот однапред да го потпишат во кој што пишува 12 месеци. На база на тоа дека го потпишале договорот Минстерството за транспрот проценило, нивната комисија штом го потпишале за 12 месеци независно што во понудата ставиле од 12 до 18 месеци, значи они сепакприфатиле 12. Кога отиде на второстепена комисија таа обратно толкува. Вели не ако го потпишале на 12 месеци, штом пишале 12 до 18 ги кршат правилата. Мора да се пофтори и така пропадна тендерот а не пропадна незнам заради приказните на некои помали политички партии кои што кажуваа незнам тука има милионски загуби. Вториот пат во вториот тендер истата грешка, комплетно истата грешка и не можевме да разбереме како ја прават таа грешка. Значи буквално истата грешка и во првиот и во бториот случај. Така да затоа сега има трет тендер за двокатните, инаку за еднокатните победи некоја друга компанија како се вика од Украина ми се чини ... Украинска, покрај златен Лејланд Аглиски. Јас извините вака што реагирам, Скопје некогаш имаше Лејланд. ... Не, не за еднократни зборувам, за еднократните најефтина понуда даде а ги исполнува сите други услови екоолошки и така натаму што се бараат ...  А што мислите кога би донеле одлука да се направи директна спогодба, јавно, транспарентно и да се понуди тоа на Санос нашите, вака така, ем ке го помогнеме нашето стопанство ем ... Директна спогодба по закон немаме право да направиме, значи треба некој во затвор да оди ако нарави директна спогодба ... Па добро сите Премиери правеа директна спогодба во име на виши цели. Еве овдека јас мислам нема закон кој ке Ве гони, и нема човек ни позиција ни опозиција кој би се бунел ако тоа го дадеме на пример Санос да го прави ... Јас би сакал да победи домашна фирма ама треба домашната фирма да исполнува минимум стандарди, на пример домашната фирма не можеше да даде бабкарска гаранција. А ние не можеме да влеземе во таков ризик без минимална банкарска гаранција, ние не барме банкарска гарнзија за цел износ на автобусите, мислам дека за десет посто или така нешто така од вредноста се бараше. И со тоа ја гледаш кредибилноста на фирмата. Тие не поднесоа банкарска гаранција, имаат проблеми не функционира добро ... Кај се 15-те милиона евра што му ги дадовте на Трифун Костовски за нови автобуси. Не се сеќавам колку беа, дадовме некои пари, дали беа 15 милиони не се сеќавам ... мислам дека дел од тие средства се вратија, побаравме да ги вратат за да ги употребиме во ова набавка. Мислам дека е така, не сум сигурен но мислм дека е така. Ке проверам ке потврдам ...

ИЛКОВСКИ:  Господине Премиер ова е се` што скав во овој дел од разговорот, уште една пауза а потоа имам прашања од здравството од образованието, и уште некои други теми ...

1 comment:

Anonymous said...

Приветствую дорогие участники volanskopje.blogspot.com!
Я смею предложить вам [url=http://super-jeeps.ru/node?page=108 ]любопытные переводные статьи[/url] для Вас!
Здесь много страниц, гигантский обзор ресурсов и т.п.
Почитайте - ведь для вас трудились переводить тысячи статей!

Blog Archive

Site Meter