Search This Blog

Thursday, December 24, 2009

Македонија во 1904 година


Исечок од Политика, објавена мала агенциска вест на 15 Јаноари 1904 година, објавена на насловна страна.

Што се случувало во Македонија 1904 година, година дена по пропаѓањето на Крушевската република од 02-12. 08. 1903. Република која траеше десетина дена но е темемел на денешна Македонија. Република од која произлезе Крушевскиот Манифест кој е темел на државноста на денешна Македонија.          Повеќе ».....

За човек кој по вокација не е историчар добро би му дошол тајмлајн пристап на историјата на неговата држава, на неговиот град. Таков пристап до сега не е зстапен во нашата историографија, барем јас сеуште не сум нашол. Има некакви обиди но се премалку амбициозни и недоволни. Семоќниот google прави сериозен обид и за вакви потреби има развиено алатка. Тука ке ги видите резултатите од тајмлајн претрагата за Македонија од 1904 индексиран со англиски текст.

Но да се вратам на насловната фотка, која е всушност скриншот на мала агенциска вест од насловната страна на Политика од 15 Јаноари 1904 година. Имено одвреме-навреме се обидувам да најдам изворна вест во интернет изданието на Политика, која можеби ке ми биде интересна. Во веста се вели: „Риѓоти Гарибалди (Ricciotti Garibaldi) предложил на грчкото друштво Хеленизмос, во Македонија со плебисцит да се одреди број на секоја народност и да се стапи со бугарските комитети во заедничка акција. Грците пристануваат на плебисцит, но не и на заедничка акција со Бугарите.“
http://www.panmacedonian.info/macedonism_thesis_files/Macedonism%20of%20the%20Slavs_img_13.jpg
http://www.makedonskosonce.com/broevis/2002/sonce437/40a.jpg
Македонија 1904 година.

Македонија во 1904 година е во сверите на интересите на пропагандите на соседните народи Грција, Бугарија, Србија, Албанија. Во Македонија која нели е сеуште под отоманска управа сите соседни држави праќаат свои емисари да делуваат секој за својата кауза. На интернет најдов на бројни  написи, еве дел од нив:
  • Туѓите пропаганди во Македонија ВО ТЕМНИНАТА НА МИНАТОТО И СЕГАШНОСТА ... ... Во услови на создавањето на македонската национална мисла, токму во моментот кога македонскиот народ се бараше себеси во темнините на своето минато, националните пропаганди на соседните држави ги одвлекуваа неговите сили на погрешен пат, обидувајќи се да создадат Грци, Бугари или Срби и на тој начин да се доберат до македонската територија. ...
  • Кризата во ТМОРО по 1903 ...
  • Грчката Македонска борба ... ... Загрижена за последиците по нејзините аспирации во Македонија, грчката влада побрзала да ги провери сопствените тези за доминацијата на грчкото население и побарала од амбасадата во Цариград да подготви извештај за реалниот состав на христијанското население. Податоците што ги добила биле поразителни. Во извештајот ????/1903/17, воениот аташе капетанот Патроклос Кондојанис информирал дека: „Од вкупно 798.512 житела на историска Македонија (само во нејзината јужна зона н.з.), Елинофоните бројат 306.619 жители, или 38.4 проценти, и сите и припаѓаат на Патријаршијата, како што и припаѓа и мнозинството 44.320 Влахофони, од нивниот вкупен број 48.885 души. Спротивно на тоа, Славофоните се поделени на 235.117 егзархисти, или 29.45 проценти, и 186.681 патријаршисти, или 23.35 проценти“. ... ... Притоа, иако владата била изложена на силни внатрешни притисоци директно воено да интервенира во Македонија, плашејќи се од слична катастрофа како онаа што ја доживеала по Грчко-турската војна од 1897 година, како и од реакциите на големите сили кои се определиле за автономен статус на Македонија во рамките на Империјата или надвор од неа, грчката влада се одлучила борбата за заштитата на Елинизмот во Македонија, да им ја препушти на неколку невладини националистички организации, а таа тајно да ги обезбедува финансиските средства, оружјето и офицерскиот кадар.
    Така организацијата на оваа т.н. грчка македонска борба во Македонија, која траела од 1904-1908 година, му била препуштена на Грчкомакедонскиот комитет од Атина  кој за таа потреба бил формиран во февруари 1904 година.
    Првите андартски чети, организирани од Грчкомакедонскиот комитет, навлегле во Македонија кратко време потоа. Меѓутоа, официјалното почнување на борбата било објавено со навлегувањето на четата на Павлос Мелас, во август 1904 година, кој бил прогласен за главен командант на андартските чети во Западна Македонија. Неговото убиство на 13 октомври 1904 година ја шокирала грчката јавност и го актуализирало интересот за состојбите во Македонија
    .
  • Бугарско-турската спогодба од 1904 година е спогодба меѓу Бугарија и Отоманската империја, со која биле амнестирани учесниците во Илинденското востание и други политички затвореници од Македонија и Одринска Тракија. Спогодбата е подпишана на 26 март 1904 година во Цариград. Предвидува нормализирање и подобрување на односите меѓу двете држави. Бугарија била задолжена да не дозволува формирањето на чети на нејзина територија, а Отоманската империја да дозволи враќането на бегалците од Македонија и Одринско. За ослободителното движење во Македонија и Одринско најважна е пропишаната во спогодбата амнестија за учесниците во борбите со исклучок на гемиџиите
  • Периодот во грчката историографија познат како “Македонска борба“ (1904-1908) претставувал организирана вооружена интервенција на грчката држава против структурите на Македонската револуционерна организација. Радикален пресврт во политиката на грчката држава кон македонското население и МРО настанал по почетокот на Илинденското востание. Масовноста и вплотеноста на Македонците околу програмата на македонското револуционерно движење најсликовито се покажала во текот на Востанието. На Грција и тсанало јасно дека неколкудецениските интензивни напори за асимилација на Македонците преку црквата и училиштата претрпеле фијаско. Направените анализи од најкомпетентните национални фактори покажале дека преку тие две институции не било можно ниту да се асимилира месното македонско население, а уште помалку грчката држава да се надева во блиска иднина на македонската територија. Се дошло до заклучок да се употребат други, поефикасни средства за постигнување на целта.
    Пред официјалното започнување на грчката “Македонска борба“, грчката држава испраќала во Македонија доверливи луѓе со задача на самиот терен да направат истражувања, кои подоцна биле користени за креирање на идната пропагандна политика во Македонија. Резултатите добивани од ваквите истражувања биле крајно спротивни од желбите и очекувањата на државните институции во Атина
    .
  • Патописи за Македонија во 1903 и 1904 година објавени од „Ѓурѓа“
Не, не ми е цел да давам некави заклучоци од ова мое историско истражување предизвинако од насловната вест на Политика од 15 Јаноари 1904 година. Тоа им го препуштам на школованите историчари. Она што сакам да го кажам е дека денес и обичен читател кој сака да прочита некакво историско четиво релативно добро може да ја задоволи својата глад на понудените интернет извори, особено ако за иста вест прочита извори од повеќе страни и автори секако пишувани на разни јазици.

Ке заборавев да кажам дека истражувајки за наловниот настан и името на Риѓоти Гарибалди (Ricciotti Garibaldi) дојдов до сознание дека со него се има сретнато и Борис Сарафов, на 11 Јаноари 1904 година во Рим, со цел да го запознае со Македонската кауза ... и се разбира да побара подршка за таа кауза.

No comments:

Blog Archive

Site Meter