Повод за овој напис ми го даде постот на Моја Македонија - фото записи, во кој Трендо онака опуштено го гледаме во друштво на есенска убавица. Знаеме дека од платформава како компанија немате сеуште голем ќар, но тоа е така со сите електронски медиуми. Но затоа платформата чинам Ви носи големо задоволство бидејки на неа се изродија икс ипсилон нови луѓе кои слободно секој во својата област си отвори прозорец кон светот. Со тоа Вие исполнивте една добра можност секој да си го каже своето и преку блогот да отвори свое “CV“. Повеќе ».....
Се наблишува петиот роденден на платформата. Не, не посакувам/е забава во која ке спомнете некој збор за вашите омилени/неомилени блогери. Посакуваме да не изненадите да речеме со подобар, побрз и посигурен пристап на blog.com.mk. Со нови можности на едиторот и да средите многу од работите на кои се жалат блогерите членови на оваа платформа. Да речеме направите видео туторијали за одредени можности на платформата и како тоа да се направи.
Постот свати го како повик на “дете“ кон “родителот“ кој го запуштил. Колку и да ти е тешко, можеби сакаш и да не постоиме, сепак сме “твои деца“ ... направи нешто макар ете и малку, но барем нешто.
No comments:
Post a Comment