Search This Blog

Loading...

Thursday, December 03, 2009

КОНКУРС - МАРТОВСКИТЕ ЕСЕИ НА “КОРЕНИ”2010 г.

http://www.eurozine.com/UserFiles/partners/roots/roots-2009-11-17.gif http://www.eurozine.com/UserFiles/partners/roots/roots-2009-06-09.gif http://www.eurozine.com/UserFiles/partners/roots/roots-2009-01-15.gif http://www.eurozine.com/UserFiles/partners/roots/roots-2008-12-12.gif     

КОНКУРС

    МАРТОВСКИТЕ  ЕСЕИ НА “КОРЕНИ”2010 г.
ПО ПЕТТИ ПАТ

Повеќе ».....

Редакцијата на списанието “Корени”  го распишува петтиот, веќе традиционален конкурс посветен на есејот, а насловен како “Мартовски есси на “Корени” Токму  поради тој петти пат, мал јубилеј би рекле, редакцијата одлучи овојпат темата  на конкурсот на биде СЛОБОДЕН ИЗБОРАвторите  можат да  изберат тема и со неа се претстават пред  редакцијата, односно Комисијата која ќе ги оценува и валоризира пријавените трудови.

ЕСЕЈ НА СЛОБОДНА ТЕМА

Широка лепеза и можност  за опсервации, на одрердени теми, определба за разни  жанрови, почит кон  позитивните ликови, настани сопствен став за  негативците, респект кон трудољубивите и неимарите, восхит кон творците, кон  човекот,кон љубовта, слободата, книгата, човештвото и цивилизациите, мирот, соживотот, кон настаните кои не опкружуваат независно дали се бели или црни,за политиката како вештина , за чесноста, моралот ….
И оваа година, како што најавивме  ВИНОТО ќе го следи конкурсот и на некој начин ке биде постојана тема,  која , се разбира влегува во конкуренцијата  за награди.

           Редакцијата на “Корени”, со своите пријатели и идната година ќе награди  со парични награди три есеи во категорија на  возрасни и со признанија на  три  млади есеисти.
           Годинешниов КОНКУРС се објавува  нешто порано со оглед дека  двобојот 31-32 е последен за оваа година.   Конкурсот трае  заклучно со  15 март 2010 година.  Конкурсот е  интернационален,  со оглед дека   преку списанието, кое се дистрибутира вон земјата, ќе биде достепен   на одредени  простори  на поранешната Југославија и Балканот.
            Есеите да се доставуваат во електронска форма, на адреса: Редакција на “Корени”, ул Хр.Карпош бр.2 Куманово или на меилот imasevski@yahoo.com

Првонаградените и дел од есеите ќе бидат објавени во пролетното  издание на “Корени”, а наградите ќе бидат  доделени на  вечерта на есеи, насловена како ВЕЧЕР ОБОЕНА СО ВИНО,  која традиционално  ќе се одржи  во мај  2010 година.

Од Редакцијата.
Претседател и главен  уредник
Димитар Масевски
Издавачки совет
Методија Бојковски-Мошо, Нада Ивановска, Бајрам Сулејмани, Очка Салтировска,Ашмет Елезовски, Микарем Таири, Димитар Масевски и Добривоје Стошиќ
Списанието “Корени” е член на ЕУРОЗИНЕ - Виена,  европска, културна  и книжевна ревија на Интернет

No comments:

Blog Archive

Site Meter