Search This Blog

Thursday, December 17, 2009

Greece Paid Journalists $130 Million to promote "Greekness of Macedonia"

http://macedoniaonline.eu/images/gypsy2.jpg
Greece Paid Journalists $130 Million to promote "Greekness of Macedonia" - Оваа вест деновиве кружи низ Македонските тикери. Како што гледате на www.google.com извор пред се` се македононските агенции за пренесување на вести, кои ги полнат тикерите наоколу. Приказната е бајаги стара од 1989 до 1993. Се спомнуваат тајните фондови на грчкото МНР, предводено од Андонис Самарас, демек грчки новинари добиле 130 милиони американски долари за да се промовира "Грцизмот на Македонија". Демек, според сведочењето на поранешниот Премиер Константинос Мицотакис, парите завршиле во џебовите на грчките новинари.        Повеќе ».....


Детали можете да видите и во написот на Вечер од денеска -  Антимакедонските текстови и ТВ прилози ја чинеле Грција 130 милиони долари. Во разни коментари по форумите каде се поставени овие најнови откритија веќе се наведува дека од овие пари се офајдиле и наши македонски новинари, но и одредени полититичари, колумнисти и професори од нашите факултети, кои демек биле спремни да ја ги продадат МК интереси за лукративни цели т.е. парите од тајниов грчки фонд.

Пренесување на гласини е одамна  цел на сите тајни служби на секоја држава, па веројатно овие и вакви гласини ке ги шират и нашите тајни центри.

Читајки го сето ова се присетив на едно истражување за Македонската блогосфера - политички и социолошки трендови на Фридрих Еберт, кое требаше до сега да биде објавено и на интернет - се сетив на еден дел каде беа наведени платите на Македонските новинари: “Од испитаните новинари 17% имаат месечни приходи помеѓу 40.000 и 60.000 денари, по 6% имаат месечни приходи помеѓу 6.000 и 12.000 и 12.000 и 20.000 денари, 5% над 60.000 денари, 5% не се сигурни за висината на месечните приходи, додека 61% не сакаат да се изјаснат по ова прашање.“ Податоците се добиени на база на анкета која ја пополнувале новинарите.

Горните бројки велат дека во нашето новинарство постојат добро платени новинарски пера и уредници кои се добро платени и бројни новинари кои работат за мизерно мали пари во МК медиуми т.е. за 6 до 12 иљади денари. Првите се тие кои под сугестија на сопствениците на медиумите ја креираат политиката на медиумот и ги тераат новинарските пиуни да пишуваат нарачани текстови за мали пари.

Прашање е на време кога македонското новинарство од одредени медиуми ке биде обвинето дека било корисник на овие тајни грчки фондови. Тајните црни вреќи од горната слика ке се посочуваат како доказ.

No comments:

Blog Archive

Site Meter