Некои странски советници го советуваат нашето актуелно политичко водство да закочи со спомениците и преименувањата на улици, плоштади со имиња на славни антички историјски личности (таканаречената антиквизација ...), демек за да не ги иратираме Грците кои тој дел од историјата и личностите ги сметат за свои. Некои наши политичари и интелектуалци делат слични совети - бараат како знак за добра воља да се стопат излеаните споменици, за да се загрејат и приближат ставовите во спорот кој го имаме со Грција а се однесува на нашето име кој одненадеш се претвори во своевидна битка за зачувување на Македонскиот идентитет, култура и јазик. Топење на споменици кои некојпат биле на скопскиот плоштад ни е познато, веќе имаме историја на стопени споменици од скопскиот плоштад ...
Премиерот Груевски во последното тричасовно интервју во ЈадиБурек не беше запрашан за судбината на споменикот на Големиот Александар Македонски во Скопје. Веројатно темата е избегната иако е актуелна - граѓаните прашуваат кога ке се постави во Скопје. ВмроДпмне посочува одговори да се бараат кај општина Центар и Градоначелникот Тодоровски - кој како последна најава изјавил дека набрзо ке се гради фонтаната а споменкот ке се постави во 2011. Очито е дека се големи меѓународните притисоци за одлагање на поставување на споменикот на Александар Македонски, иако протекоа информации дека споменикот во Фиренца е излеан и веќа е во некој магацин во Македонија.
Во постот ке кажам уште еднаш дека местото на нашиот најголем споменик на Александар Македонски во Република Македонија е покрај најголемиот град, населено место, утврдување каде историски и археолошки е докажано дека врвел и владеел Големиот Александар Македонски. Да речеме некаде близу Гевгелија меѓу двете најголеми археолошки наоѓалишта од тоа време Исар Марвинци ...Некрополите кај Марвинци - Валандовско и Вардарски Рид - Гевгелија. Можеби и Прилеп не е лош избор, но во него веќе имаме еден споменик.
Премногу се замеша политиката во историјата и нормално е од такво замешување да има последици. Историјата на балканот е измешана историја на разни култури и народи. Присвојувањето само за себе на одредена култура или историска личност секојпат води кон иритирање на чувствата на други соседни народи. На балканот историјата функционира по принцип на врзани садови - имено историските личности и некогашните територии на државите се преплетуваат, а сето тоа преплетување во географска Македонија е најголемо. Толку многу поделби на географска Македонија и толку меѓународни конференции за нејзина поделба нема за друга територија.
1. Градска куќа; 2. Музеи на ВМРО и на жртвите од комунизмот; 3. Хотел; 4. Црква; 5. Катна гаража; 6. Деловна зграда на шест ката; 7. Скулптура на Александар Македонски; 8. Скулптура на Никола Карев; 9. Скулптура на Даме Груев
Клик на сликата за поголема. Тука за повеќе информации и дискусија околу споменикот на Големиот Александар Македонски, тука за другите споменици и објекти на плоштадот Македонија во Скопје ...
Ова е интересен контрапрегдлог за октоподски споменик во центарот на Скопје ...
- Александар Македонски јаде прав во Атина ... Кој ако не блогер ...
- Груевски - изјава за спомениците во центарот на Скопје ...
- Груевски - за проблемот околу името и спорот со Грција ... за надворешната позиција на Македонија во овој момент ...
- АНТИЧКА ВЛАДА
- Писмото на античките Македонци
- Фингирање/билдање на патриотизам до национализам ...
- Контра-мерки ... за името
- Што до сега е остварено од “Планот за контра мерки за ветото на Грција ...“ ...
- АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ - конкурс за споменик - Alexander the Great - Αλέξανδρος ο Μέγας
- Распеан Александар ... уште еден кич во центарот на Скопје ...
- Александар дупло повисок од новата црква и Ристиќева палата ...
- Шмизли, мизли и останат кичерај од скултури по скопјево ...
- Државен празник за одбележување на античкото наследство ...
- Зошто токму сега ... се објавуваат проектите за спомениците во центарното подрачје ...
- Филип втори ... скулптура во Битола ...
- ФИЛИП II - Македонски ... плоштад во Автокоманда ...
- Исар Марвинци ...Некрополите кај Марвинци - Валандовско ... The Necropolises at Marvinci ...
- Вардарски Рид - Гевгелија ... Vardarski Rid - Gevgelija …
- Балканските национализми и ЕУ перспективите ... Балканизација на ЕУ - или европеизација на балканот ...
No comments:
Post a Comment