Деновиве низ улиците и плоштадите на Скопје - почнаа да никнуваат помалите скултури кои со посебна програма ги финасира, делумно Општина Центар а повеќето Влата на РМ ... еве да го дадам и моето мнение, кое изворно отиде на постот кај Ванковска - ДЕВОЈЧЕ ОД БРОНЗА ...
Статуите, овие маливе од кој се направи спектакал (шмизли, мизли и слични кичераи ...) се потребни и ги има во секој град ... но секаде статуи во капитализмот донираат мецени/капиталисти ... не ги гради ниедна Влада од народни пари ... осем во социјализмот или како мелуваат да го наречат комунизам/комуњаризам ...
Очито е дека оваа Влада на чело со лидерот сакаат да бидат запаметени по нешто ... бидејки немаат резултат во реалната економија - тие удрија во инвестиции во културата ... во градење на цркви и т.н. ... во обемни архео истражувања ... не дека е тоа лошо, напротив тоа е одлично - но во услови на невработеност, сиромаштија и глад меѓу народот - греота е да се трошат народни пари за вакви и слични колосални “инвестиции“ во културата ...
Скулптури и до сега имаше по скопјево, но никој рецка не им удираше ... осем на неколку кои се вистинско уживање за очите ... како на пример ... Мајка Тереза и тие двете скултури пред Музеј на Град Скопје (стара железничка станица ...)..., Гоце Делчев во паркот ... Споменикот пред Владата ...
Се спремам да објавам фотки од споменици кои владата како намерно да ги накарадува/запоставува ... сеој споменик е дел од културата и идентитетот на еден народ ... сите периоди треба да се почитуваат ...
Целата бука е заради спектаклите што се прават од сосема нормални работи ...
Во врска со споменикот на Александар (тој од триесет метри демек ...)... земја која се вика Македонија е срамота да нема централен споменик со име Александар Македонски ... Малку е проблематично што таков централен споменик ке се стави во град кој нема ниеден артефакт од периодот на Александар Македонски ... понатака, срамно е таков споменик да се изработува од скулптор приправник ... кога во Македонија има доаени на скултурата, некои се и академици ...
Од него (Александар) и од таткому (Филип) направија пародија со споменици, плоштади, улици, булевари, автостради ... во секое село малтене, во секое маало и општина ... тоа се вика девалвација на името на најголемиот Македонец ...
Инаку, подобро скултури, отколку воштани фигури ...
- Вангел Коџоман
- Благоја Чушков и Ангел Димовски - Чауш
- Крсте Петков Мисирков
- Мајка Тереза ...
- Гоце Делчев
- Итар Пејо Прилеп
- Филип Втори Битола
- АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ - конкурс за споменик - Alexander the Great - Αλέξανδρος ο Μέγας
1 comment:
Volan, zasto vaka bez vrska?
aj pogledaj go linkov pa da vidis sto ima tuka
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=14940
pozz, avtorot
Post a Comment