Дали со промената на системот бруто и нето плата - работниците од државниот сектор т.е. администрацијата се покуси за една хранарина и превоз ...
Имено со декемвиските плати кои сега се земени во Јаноар нема обрачун за хранарина и превоз - т.е. нема исплата ... образложението е дека бидејки е ова последна исплата по старите прописи немже да има хранарина и превоз бидејки тие се пресметувале и плаќале унапред т.е. за наредниот месец ...
Со новиот начин на пресметка хранарината и превозот влегуваат во бруто платата, во основицата ... и нето платата ке биде поголема за нивниот износ ... значи Владаата на овој начин сега хранарината и превозот го пресметуваат за тековниот месец ... што практично значи дека вработените во администрацијата се закинати за една хранарина и превоз ...
Верувам дека работниците ова ке го искористат во некој следен штрајк - како елемент за “пазарење“ со владата ...
Има еден елемент кој веројатно не е заборвен (или е заборавен/пропуштен) од владините експерти ... тоа е дека во време на годишни одмори на работниците не им се исплаќа хранарина и превоз ... К 15 е одавно избришан од сеќавањето (тој беше во големина колку една хранарина и превоз) ... сега со новата пресметка ке испадне дека работниците сите 12 месеци ке добиваат иста плата ... верувам дека законодавецот има план како да го надмине овој пропуст на креаторите на бруто и нето плата ...
Има најави дека сето ова ке се надмине многу просто имено ке се израчунаат 11 сегашни хранарини и превоз и таквиот збир ке се подели на 12 ... количникот ке се додаде во бруто платата и така нема да се зголеми вкупната маса на плати за државната администрација ...
No comments:
Post a Comment