Пред некој ден сонував чуден сон ... ретко сонувам ... уствари веројатно стално се сонува но соновите не се запомнуваат ... осем ако сонот не те пробуди ... едно време додека бев помлад сонував дека летам/лебдам - се над истата ливада во моето родно место ... често сонував ист сон ... едно време се прашував зошто во сништата - сонот не е во боја ... јас сонувам во црно бела техника ...
Имено и овој сон ме пробуди ... Сонував дека сум во соба во домашна атмосфера и заради некои причини почна да се подига тепихот, поради некој гас кој го тераше тепихот да се подига во меури ... јас сакајки да го истикам гасот стапнував на тепихот за да се испушти меурот ... тој кога се ослободи почна да ме гуши ... почнав да немам кислород и велам на домашните “отворете прозор !!, отворете прозор ке се задушиме !!“ ... и тогаш се пробудив, веројатно борејки се за воздух сум ја мрднал главата и сум дошол до воздух (приметив дека во тој момент спиев на грб, со висока перница под главата, сум заспал гледајки телевизија ... многу ретко спијам на грб ... страничната положба ми е омилена ...) ... Но неколку секунди пред да се пробудам низ главата ми помина една мисла, бидејки веќе се “бев задушил“ - гледав една светлост која полека поминуваше во матна слика за да оди према темнина ... како кога ке се изгасне телевизорот ... и во сон си реков како последна мисла - “значи вака изгледа смртта ...“...
Навистина како изгледа смрта ... како се доживува и кои се последните одработувања на мозокот пред извесната смрт ... некои велат дека тогаш како флеш (како последниот спот на Милчо Манчевски) брзо ти поминуваат слики од драгите моменти на животот ... за да потоа поминеш во некаков тунел, каде во далечина се гледа светлост ... како се приближуваш кон смртта така се приближувбаш кон светлоста ...
Знам филм кој се бавеше со оваа тематика ... неколку студенти на медицина сакајки да експериментираат на тема како изгледа /како се доживува смрта ... на сличен начин преку некој вид гушење предизвикуваа смрт, за да по одредено време направат реанимација ... а оној кој за момент умрел требаше да ја опише смртта ...
Знам и други посериозни истражувања во оваа област ... но сепак науката нема званично тумачешње како изгледа смрта т.е. што се дешава со душата по смртта ... со тоа малку повеќе се бават религиите ... кои на база на смрта направиле различни капитални теории ... нашата религија вели дека по смрта душата оди на суд кај Свети Петар ... праведните одат во рајот а неправедните во пеколот ... Што е со поголем капацитет рајот или пеклот - незнам ... познавајки ги луѓето - чинам дека пеколот е со поголем капацитет ... но секако има голема гужва и во рајот и во пеколот ... каде само толку души собира ... душите се нели бесмртни ... е да, по умирачката душата е близу до телото 40 дена, дури потоа патува во небесните далечини на рајот и пеколот ...
Ке пробам да најдам линкови за тоа како изгледа смртта ... и ке ги едитирам или во коментар или во постот ... ако некој има интересен линк за темата нека го сподели во коментар ...
- Дали навистина постои рај? Како изгледа и каде се наоѓа?
- Што се случува после смртта?
- Зонтаг и Лејбовиц - нежна и трогателна љубовна приказна
- ПОСЛЕ СМРТТА
- ВНИМАНИЕ! ОПАСНО ЗА ЖИВОТОТ!
- Што после смртта???
- Бесмртноста на душата кај Платон III
- Смртта на грешникот е лута
- Реинкарнација, карма и живот по смртта
- САТСАНГ СО УЧИТЕЛОТ ПАВЛОС К. ХАСАНАГАС ЗА ЖИВОТОТ И СМРТТА
- СМРТТА КАКО БЛАГОСЛОВ
- Замислен изглед на смртта
- СО СМРТ, СМРТТА СИ ЈА ЗГАЗИЛ
No comments:
Post a Comment