Во Петок во Континентал во пригодна традиционална свеченост/журка - Он.Нет ке прословаува 8 години од своето постоење ... осум години од својот раст ... Како дел на Он.Нет веќе трета година компанијата финасира проект наречен Блог-е-рај blog.com.mk ...
Од мене честитки за досегашниот постојан раст, за визијата на тамо некои ... желбата е да бидете уште подобри ...
Бројката на отворени блогови се ближи белмалку на 30.000 блогови ... За Он.Нет Блогерајот е сеуште проект во кој вложува ... сеуште неможе да се пофали дека на страницата на Блогерајот се тепаат фирми да стават реклама ... тоа е веројатно причината зошто нема континуирано подобрување на платформата ... во правец на подобрување на нејзините можности ... Иако мора да признаеме дека за ич пари колку не чини блогирање кај Он.Нет - компанијата се труди да ја зголемува брзината и безбедноста/сигурноста на платформата ...
Но тоа не значи дека ние корисниците на Блогерајот на blog.com.mk - не треба да си ги кажеме наштие желби и да посочиме што ни фали ...
Постот го замислувам како честитка за осмиот роденден на Он.Нет - во кој истовремено упатувам што сакам да “ми купат“ за осмиот роденден ... да си ги кажам желбите де ...
- Да се воведе “Драфт“ верзија на сочувување на постот ... тоа отприлика значи да се сочува постот во работна верзија тогаш кога ке кликнам на некое копче што се вика драфт/сочувај ... вака поради работењето директно на платформата која има релативно добар едитор - често ни се губат испишаните мисли ... еднаш пишана мисла не се повторува ... јас сега за драфт се снаоѓам на мојот паралелен блог на Блогспот ... но тоа не значи дека тука во овој едитор не е потребен ... напротив ...
- Да се овозможи “Ундо“ во едиторот ... нервоза и тоа огромна е кога ке притиснеш на копчето зачувај и тоа наместо зачувај ти појавува некаква грешка во скриптот - но не ти дозволува да го вратиш текстот кој си го подигнал ... знам треба да се сочува на страна, ама ... прстите се често побрзи од паметот ...
- Да добиеме некаков “Хелп“ за можностите на едиторот и воопшто блогот ... нешто како финти за блогирање ...
- Покрај Блогот на Уредникот - кој си ја врши својата намена, да отворат Bлог на Блогерајот на blog.com.mk ... каде ке ни ги соопштуваат новостите и каде ке комуницираат со нас корисници ...
- Да се овозможи мал едитор во коментарите ...
Имам уште многу желби но еве ги набројав првите пет кои ми паднаа на памет ... Предлагам секој кој сака на свој пост или тука долу во коментарите да ги каже своите пет желби што би сакал да се подобри во платформата на blog.com.mk ...
Дете што не плаче не цица млеко ... затоа кажете си ги желбите ... па Мама и Тато - Он.Нет де, да може ке ни ги остварат ... вака ако не си ги кажеме желбите - од кај да знаат они што тоа ние бараме/сакаме ... дел од желбите сигурен сум дека ке ги остварат ... Секој сака да дарува/кога има можност де ...
No comments:
Post a Comment