Search This Blog

Sunday, January 11, 2009

Исар Марвинци ...Некрополите кај Марвинци - Валандовско ... The Necropolises at Marvinci ...

Исар Марвинци ... Некрополите кај Марвинци - Валандовско ... The Necropolises at Marvinci ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/1Large-4.jpg?t=1230508614

читај повеќе »

Дел од наодите од “Годишната археолошка изложба 2008-ма“ - од архео локалитетот “Некрополите кај Марвинци - Валандовско ... The Necropolises at Marvinci“ ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/0Large.jpg?t=1230508733

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/01Large.jpg?t=1230508765

Мапа на 15-те главни археолошки ископувања за 2008-ма ... прикажани на Годишната археолошка изложба 2008-ма - заедно со архео локалитетот “Некрополите кај Марвинци - Валандовско ... The Necropolises at Marvinci“, реден број „10“ ...

Со ово пост сакам да ги презентирам сите мои фотки кои ги направив на Годинашната археолошка изложба 2008-ма - од архео локалитетот “Некрополите кај Марвинци - Валандовско ... The Necropolises at Marvinci“ ... да извлечам од интернет што се беше пишувано во минатата година за овој огромен по пространство локалитет ... воедно и најнапаѓан локалитет од такаречените “Диви копачи-романтичари“ ... локалитет кој е можеби најзаслужен за поимањето на Македонски бронзи ... локалитет кој иако е долги години истражуван, оваа година доби приоритет ... за идната се очекува ушт поголемо истражување, речено е ако нема археолози Македонија ке ги „увезе“ од околните земји ... локалитет од кој потекнува и редок напис каде се спомува името Македонија - античката греда чија реплика се наоѓа на влезот од Владата на РМ ... ке дадам и поважни линкови од написи кои можат да се најдат на нет а се врзани за Исар Марвинци ... Некрополите кај Марвинци - Валандовско ... The Necropolises at Marvinci ...

1.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Marvinci1Large.jpg

Стилизирана бронзена глава на Силен (Пан), со кадрава брада, намуртени веѓи, со лозов венец околу косата, ...

2.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Marvinci2Large.jpg

Бронзената глава на коњ ... Двете бронзани фигури се најдени во исти гроб - во кој заедно со други златни предмети од фотките 6, 14 и 15 ...

3.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Marvinci3Large.jpg

Теракотни фигури и садови што требало да им се најдат на умрените во другиот живот ...

4.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Marvinci4Large.jpg

5.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Marvinci5Large.jpg

6.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Marvinci6Large.jpg

Златните релјефно декорирани листови што ги краселе градите на покојникот, златни обетки, ...

7.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Marvinci7Large.jpg

8.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Marvinci8Large.jpg

9.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Marvinci10Large.jpg

10.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Marvinci11Large.jpg

12.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Marvinci12Large.jpg

13.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Marvinci13Large.jpg

14.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Marvinci1Large.jpg?t=1231693371

Златните релјефно декорирани листови што ги краселе градите на покојникот, златни обетки, ...

15.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Marvinci14Large.jpg

16.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Marvinci2Large.jpg?t=1231693428

17.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Marvinci15Large.jpg

** На локалитетот Исар кај с. Марвинци, во близина на Валандово лежи раноантичка населба која припаѓала на долномакедонската област Амфакситида. Ридот, висок 40 - 45 метри, е лоциран над устието на Анска Река во Вардар. Систематските археолошки истражувања кои биле започнати во 1976 год. под раководство на стручни екипи од Музејот на Македонија сеуште се во тек.

  • Историја на градот ...
  • Комплексноста на локалитетот се согледува во следните археолошки целини:
  • Акропола (IV-V век пр. н.е.)
  • Римски град (I-III век пр. н.е.)
  • Каструм - утврдување (III-IV век пр. н.е.)
  • Некропола со наоди од сите периоди.
  • Истражувањата што се одвиваа на Лисичин Дол, некрополата од железно време и на југозападната некропола од македонско-хеленистичкиот период покажаа дека луѓето на Исар живееле од 10 век пред новата ера до крајот на 5 век. Досега почетоците на локалитетот беа лоцирани во 8 век пр.н.е ...
  • Според досега извршените првични ископувања и пронајдениот археолошки материјал, констатирано е дека животот во овој антички град на Исарот продолжил до V – VI век.
  • Градот почнал да се формира уште во железното време, живеел со полн здив во македонско-хеленистичкиот период, а бил срамнет со земја во римско време, кога Готите го опустошиле целиот регион. Локалитетот денес познат како Исар-Марвинци бил најмоќниот јужен град во античка Македонија. Без разлика дали го нарекуваат Добер или Идоменае, археолозите се согласуваат дека во минатото таму живееле богати, ситуирани граѓани што ги уживале сите благодати на високоцивилизираното општество.
  • На Марвинци има три некрополи. Најстарата, наречена Лисичин Дол, е од железното време, околу 6 век пред новата ера. Позната е по гробот на „пајонската свештеничка“, кој беше пронајден пред повеќе од десет години. ... ... Археолозите работат и на југозападната некропола од македонско-хеленистичкиот период, од 4 до 2 век пр.н.е. .... ... Во акцијата годинава не влегува римската некропола.
  • Геометри ја премериле некрополата на рамницата. Зафаќа површина од 80 хектари. ... ... некрополите се шират уште толку на планината.До октомври планираме да истражиме околу 50.000 квадратни метри. На југозападната некропола за еден месец откривме 200, а истраживме 50 гроба. На Лисичин Дол работиме повеќе години, а во оваа етапа од истражувањата откриени се околу 30 гроба - вели раководителот на истражувањата, Златко Видески, археолог од Музејот на Македонија. ... ...
  • Покојниците во македонско-хеленистичкиот период биле кремирани. Запалувањето се одвивало на посебно место, кое археолозите се' уште не го пронашле. Остатоците од кремацијата, заедно со гробните прилози, биле поставувани во јамите што истражувачите денес ги откриваат. Во железното време покојниците биле закопувани со инхумација. Телата биле поставувани во камени цисти, правоаголници, обложени со камени плочи. ...
  • На некрополите работат 120 луѓе. Југозападната е поделена на три сектори, со кои раководат археолозите Горан Санев, Гоце Коцевски и Михаил Стојаноски. Страхил Темов раководи со истражувачкиот сектор на Лисичин Дол. ...
  • http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/BF9CE0F95AEA99478F12746EDE241906.jpg
  • Меѓу порепрезентативните пронајдоци од гробовите на југозападната некропола е гробот со десетина теракотни фигури. Седум од нив се конзервирани. ... ... Теракотите женски фигури се наречени хиеродули, од култот на богинката Афродита. Хиеродула исто така е латинското име на инсектот што народот го вика богомолка. Една од теракотите е фигура на две жени во прегратка. „Позата“ се нарекува симплегма или еротика. Интересна е и малата теракота на пан со рогови, со кренати раце. Меѓу прекрасните наоди е една златна обетка, нежна, филигрански изработена, која завршува со украс од стаклена паста во форма на лавовска глава. Пронајдени се сребрени алки со змијолики глави, пет унгвентариуми (керамички садови за миризливи масла) и еден лакримариум, сад во кој ужалените ги собирале солзите за покојникот. Од Лисичин Дол потекнуваат бронзени делови од колан од железното време (6 век пр.н.е.), седум фибули и пет игли. Во гроб е пронајден и ѓердан од килибар и цел бокал, недопрен, непоткршен, со кафеносива боја.

** На maps.google.com - локалитетот ке го најдете тука ... Марвинци е село во Општина Валандово, во околината на градот Валандово.

** На овогодишниот Собир/симпозиум на сите археолози во Кичево - МАНД, за овој локалитет реферираа:

  • Златко Видески, ММ, Истражувања на некрополите на Исар Марвинци
  • Страхил Темов и група автори ММ, Најнови сознанија од Лисичин дол, Марвинци

За жал овие истражувања како и сите овогодишни презентации не можеме да ги најдеме на интернет сраницата на МАНД (Македонско Археолошко Научно Друштво ...), кое оваа година доби малку поамбициозно и помладо Раководство ... Марина Ончевска - Тодоровска нов претседател на МАНД ...

http://utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/963D619051E8EE409DC6FE506B82D0E3.jpg

Археолозите сеуште неможат да ја сватат потребата на интернет презентацијата на своите трудови - на Македонски и Англиски јазик ... За ова веќе известуваше на својот блог - колешката блогер Василка Димитровска ... која на Симпозиумот во Кичево имаше две презентации ... додуша и нејзините презентации не ги најдов на интернет ... :

  • “Зошто македонските археолози треба да публикуваат на Интернет под лиценцата на Creative Commons ” и
  • “Блог-Археологија, создавање извори на знаење со отворен пристап“.

** Диви копачи го сотреле Исар-Марвинци во антиката ... Весна Ивановска - Фото: Маја Златевска

  • Без разлика дали го нарекуваат Добер или Идоменае, археолозите се согласуваат дека во минатото таму живееле богати, ситуирани граѓани што ги уживале сите благодати на високоцивилизираното општество. ...


    Меѓу порепрезентативните пронајдоци од гробовите во Исар-Марвинци се теракотите на женски фигури, ѓердан од килибар и цел бокал, бронзени делови од колан и друго

  • Некрополите на градот на ридот Исар кај валандовското село Марвинци биле ограбени уште во антиката ... ... Некрополата на Марвинци, за жал, е позната како археолошки локалитет што беше најмногу на удар на дивите копачи. ... ... Од тоа што го откриваат, 20 отсто е оштетено. Другите гробови се интактни, односно недопрени. ... ... Исар-Марвинци деноноќно го надглегуваат четворица чувари. ... ...

** ЕКСКЛУЗИВНИ НАОДИ ВО НЕКРОПОЛАТА КАЈ ВАЛАНДОВО – ИСАР-МАРВИНЦИ ОТКРИВА ГОЛЕМИ БОГАТСТВА ...

** Едногодишни ископувања го чекаат Марвинци ... ...

  • Како што вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, покрај годинешните дво и полмесечни истражувања, во текот на следната година тие не само што ќе продолжат туку и ќе се мултиплицираат, од временски и од финансиски аспект. - Имаме намера еднаш-засекогаш да го заокружиме истражувањето на седумте некрополи на локалитетот Исар-Марвинци. За таа цел ќе се спроведе целосен и детален археолошки зафат, почнувајќи од февруари, па се до декември 2009 година. Во кампањата планираме да се вклучат околу 1000 работници и максимален број стручна екипа. Ако нашата екипа не е доволна, ќе се ангажираат и научници од странство - вели Кузман. ... ...
  • Годинешните ископувања на овој локалитет, кои завршија деновиве, беа концентрирани на некрополата и тоа на два сектори: југозападната некропола на Исар и онаа кај Лисичин Дол. Според археолозите што, се наишло на 400 гроба од широк временско-археолошки распон: од 8 век пр.н.е. па до 5-6 век. Тие додаваат дека наодите од овој зафат не само што можат да ги задоволат витрините на музејските хали во поглед на богатството на најденото, туку и можат да послужат за достојна промоција на македонското културно богатство во светот. ...
  • На Исар-Марвинци се истражувало и во минатото, но со помал интензитет во однос на годинешната кампања. На југозападната некропола кремацијата како начин на погребување преовладува, а се најдени гробни прилози од крајот на 5 век пр.н.е. па до царскиот период во Рим. Богатството во овој дел не изненади сите: најдена е една недопрена вкопана гробница со 6 урни која датира од 3-2 век пр.н е. Додека, пак, на праисториската некропола Лисичин Дол се наиде на јами во кои има мноштво керамички садови и материјали - вели Златко Видески, раководител на истражувањата. ...
  • На локалитетот Исар-Марвинци се најдени и три бустуми во југозападната некропола, каде што се кремирале покојниците. Потоа има голем број садови: кантарос, олме, пехар, неколку примероци на македонски бронзи, 2 бронзени апликации: претстави на коњ и силен, златна дијадема која можеби припаѓала на некоја принцеза, фигури на луѓе, теракоти, хоплити, копја, накит...
  • Археолошкото наоѓалиште Исар кај селото Марвинци лежи на раноантичка населба која припаѓала на долномакедонската област Амфакситида. Самиот локалитет има континуитет на живеење во периодот од крајот на вториот милениум до крајот на римскиот, односно рановизантискиот период. Во него постојат акропола, римски град, каструм - утврдување и некропола со наоди од сите периоди. По пауза од седум години се актуализира истражувањето на тој богат локалитет на кој, меѓу другото, е најден и шлемот на воен достоинственик од војската на Александар Македонски.

** Исар Марвинци - по речеиси три месечно истражување ... www.makedonskosonce.com ... Милева ЛАЗОВА ...

  • Археолозите сè уште не можат да утврдат дали кај Марвинци се наоѓал античкиот град Добер или Идоменае, но се согласуваат со констатацијата дека бил најмоќниот јужен град во
    античка Македонија, во кој богатите граѓани уживале во високоцивилизираното општество.
  • Досега се откриени наоди кои запрепастуваат - бронзена глава на коњ, керамичка статуетка на македонски војник - хоплит, керамички женски статуетки - херодули (поврзани со култот на Афродита), керамички садови во различни форми и димензии со впечатлива орнаментика ...
  • Видески укажа и на откритието на 3 бустуна - погребни места за кремација,присутна кај дури 90 проценти од погребувањата на некрополата. Оста н а тите, главно, помлади покојници, според досегашните анализи на скелетниот материјал биле погребувани со инхумација, начин на погребување карактеристичен за втората истражувана, постара не кропола Лисичин дол. Таму прв пат се откриени и погребни јами.
  • Наоѓаме монети од македонските кралеви Филип Петти и Персеј до времето кога Македонија паднала под римска власт, во II век пред новата ера. Луѓето кои живееле на Исар-Марвинци користеле монети кои биле ковани на овие простори", вели Јосифовски.
  • Истражувањата кои се одвиваа на Лисичин Дол, некрополата од железно време, и на југозападната некропола од македонско хеленистичкиот период покажаа дека на ёисар-Марвинци луѓето живееле од X век пред новата ера до крајот на V век.
  • Градот на Марвинци почнал да се формира уште во железното време, живеел со полн здив во македонско-хеленистичкиот период, а бил срамнет со земјаво римско време, кога Готите го опустошиле целиот регион.

** На Исар Марвинци се погребувало и во бронзени урни ... Катерина Богоева ...

  • Фасцинантни со својата зачуваност, вниманието на прв поглед го привлекоа 6 керамички урни од вкопана гробница на југозападната некропола, во кои биле погребани 6 лица (крај на 3 и почеток на 2 век пр.н.ера), сребрен и златен накит, копја, бронзена маска на богот Силен ( пандан на грчкиот Дионис и римскиот Бахус) и бронзена глава на коњ, керамичка статуетка на македонски војник - хоплит, керамички женски статуетки - херодули (поврзани со култот на Афродита), керамички садови во различни форми и димензии со впечатлива орнаментика и друго.
  • Од оваа некропола датираат и дел од впечатливите златни примероци, пронајдени во бронзена урна, за прв пат откриена во земјава во која на сочуван дел од череп, останал залепен и дел од златниот накит.
  • Раководителот на истражувањата Златко Видески од Музејот на Македонија, укажа и на откритието на 3 бустуна - погребни места за кремација, присутна во дури 90 проценти од погребувањата на некрополата. Останатите, главно помлади покојници, според досегашните анализи на скелетниот материјал биле погребувани со инхумација, начин на погребување карактеристичен за втората истражувана, постара некропола Лисичин дол. Таму прв пат се откривани и погребни јами.
  • Хронологијата на двете некрополи, засега датира од 8 век пр.н.е. до 5 - 6 век. Меѓу откриените монети има и примероци од времето на македонските кралеви Филип и Персеј,
  • http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/A52A4F9D1571C84684259C61AD10D411.jpg

** Во Македонија се кремирало во 3 век пред нашата ера ... Вест ...

  • Во некрополите на Исарот пронајдени се и бронзи, бокали, пехари, златни и бронзени апликации кои биле користени за декорација на креветите на побогатите покојници, чаши и чинии од керамика, фигури на луѓе, теракоти, маски од различен материјал на македонскиот бог Силен (пандан на грчкиот Дионис и на римскиот Бахус), накит (делови од златни дијадеми), претстава на Сончев систем - типично за македонска гробница, хоплити и копја.
    Исто така, најдени се и голем број монети, ковани на македонска територија. На некои од монетите се ликовите на македонските кралеви Филип Петти и Персеј. Се претпоставува дека се од периодот кога Македонија била римска провинција
    .
  • http://www.vest.com.mk/images/%7B65203572-0543-4B40-B7CC-F59B6E4C6D08%7D_kremiranje-2.jpg

** Исар-Марвинци открива големи богатства ... Дневник ... Весна Ивановска ...

  • Богата гробница со шест цели керамички урни и еден исклучително редок гроб во кој покојникот бил закопан во бронзена урна открија археолозите во изминатиот месец, истражувајќи ги некрополите на античкиот град на локалитетот Исар кај валандовското село Марвинци. Тие вчера во Музејот на Македонија ги претставија најрепрезентативните наоди од ископувањата на некрополата надалеку позната по нападите од диви копачи.
  • Прекрасна стилизирана бронзена глава на Силен (Пан), со кадрава брада, намуртени веѓи, со лозов венец околу косата, заедно со бронзената глава на коњ и златните релјефно декорирани листови што ги краселе градите на покојникот, златни обетки, керамички садови, теракотни фигури и садови што требало да им се најдат на умрените во другиот живот се само дел од предметите што покажуваат како живееле нашите предци пред многу векови. Истражувањата што се одвиваа на Лисичин Дол, некрополата од железно време и на југозападната некропола од македонско-хеленистичкиот период покажаа дека луѓето на Исар живееле од 10 век пред новата ера до крајот на 5 век. Досега почетоците на локалитетот беа лоцирани во 8 век пр.н.е. Археолозите се' уште не можат да утврдат дали кај Марвинци бил античкиот град Добер или Идоменае, но едногласно велат дека тоа бил најмоќниот јужен град во античка Македонија, во кој богати, ситуирани граѓани уживале во високоцивилизираното општество.
  • http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/A3F9E43185177043ADDE0D4A3E2973FC.jpg

** Големата некропола кај Марвинци ... Дневник ... Паскал Камбуровски, Скопје

  • ... зборот Исар не е соодветен за овој објект, кој потекнува од старо пеонско време, а подоцна, по основањето на македонската држава од Филип Втори во 352 година стара ера, е претворен во храм на македонските цареви, што може да се види и од написот на двете хоризонтални камени греди од храмот на кои меѓу другото може да се прочита: НАОС(?) ТОН МАКЕ()ОНИАРХОНТ()Н, што во превод значи - храм, односно, светилиште на македонските владетели.
  • Она што најмногу ги фрапира научниците не се само крепоста и храмот туку големата некропола што се протега од врвот над селото Марвинци во насока кон југ до месноста Лисичин Дол, Бабите, Думов Дол или до самата граница на селата Марвинци и Грнчиште. Целото плато меко се спушта до Вардар и е насочено кон запад, кон зајдисонце. Се работи за голема површина, не помала од гробиштата Бутел крај Скопје.
  • Какво културно место претставува оваа некропола што потекнува од пред 3.000 години и во која биле погребувани и сиромашни и богати луѓе, а во нејзина близина не се откриени никакви траги за постоење на некој поголем град?
  • Мистеријата станува уште поголема кога се знае дека во Пеонија сите поголеми градови имале свои некрополи. Така е со Атланта, Гортинија, Идомена, Стенае (Демир Капија), Антигонија (Неготино), Вила Зора (Велес), Астибо (Штип) и др.
  • Не можеме да замислиме какви тајни се скриени на овој простор. Досегашните истражувања се повеќе од скромни.
  • Се' е оставено на дивите копачи, кои незадржливо беснеат откопувајќи артефакти од минатото и ги продаваат на непознати купувачи. Сега во оваа таинствена некропола лесно може да се избројат повеќе од 200 новооткопани гробови. Што е пронајдено во нив, односно за какво богатство станува збор, само можеме да замислиме, ако се знае дека во секој гроб има една или повеќе урни (грниња со пепелта на починатите), скапоцени ликови на божества изработени од теракота или мермер, разни керамички производи.... Каде е изнесено сето ова непроценливо богатство? Сигурно не е откупено од нашите музеи. Кој ќе одговара за ова злосторство направено врз нашето културно наследство?

** Мермерна греда со името Македонија во Владата и на плоштадот ... Време ...

  • Архитравна мермерна греда од локалитетот Исар, Марвинци, со крупен натпис во кој се спомнува името Македонија, ќе биде поставена во холот на Владата и на градскиот плоштад.
    Оригиналната греда ќе биде поставена пред Камени мост, на плоштадот, а нејзината реплика, која е веќе изработена, стои во депото на Владата и чека да биде поставена лево од влезот во оваа институција.
  • На мермерната греда, која потекнува од храм на Марвинци, е врежан текстот - македонијархот тој и тој го посветува храмот во чест на својата татковина - вели Паско Кузман, археолог и директор на Управата за заштита на културното наследство.
  • Археолошкиот локалитет Исар, Марвинци, се наоѓа на седум километри југозападно од Валандово. На овој простор егзистирала праисториска населба. На месноста Лисичин Дол, крај Исар, Марвинци, е ископана железнодопска некропола. Особено импресивен бил гробот на свештеничка, која била погребана со сите реквизити за извршување на древните ритуали.
    Врз остатоците од оваа населба, благодарение на поволните климатски услови и местоположбата во Вардарската долина, подоцна се развила и античка населба од хеленистичко време, која постепено прераснала во значаен економски, сообраќаен и културен центар. Распослана од двете страни на реката Аксиос, денешен Вардар, именувана е како Амфакситида.
  • Античкиот град се претпоставува дека настанал во старогрчкиот период со скромни археолошки градби, но дека кон средината на 4 век п.н.е. доживува силен напредок. Во хеленистичко време, како што покажуваат археолошките истражувања, бил густо населен. Во населбата имало складови за чување жито, керамички работилници и светилишта.
  • нтичкиот град Исар крај Марвинци е уништен во 6 век од силен земјотрес. Тогаш, покрај другите објекти, целосно бил уништен и разорен водоводот, со што и животот во градот набргу згаснал. Ј.Ф

** ДВЕТЕ АРХИТРАВНИ ГРЕДИ ОД ЛОКАЛИТЕТОТ ИСАР МАРВИНЦИ ... Macedonian Civilization ... Милева ЛАЗОВА ...

  • Според тоа што го изнесе господинот Паскал Камбуровски, станува збор за комплетен натпис врежан во две архитравни греди од светилиште, посветено на македонските
    владетели од име на татковината, изградено од целиот народ во 34-43 г.н.е.(56-65 г.н.е.).
    "Од неодамна дојде до одвојување на гредите, едната не се знае каде е, а другата, со преполовен текст е поставена пред вратата на Владата на Р Македонија. Однесени се
    од местото каде со векови беа симбол на една историска вистина. Темата е многу болна", вели Камбуровски.

    НАПИС - СВЕДОК ЗА ГОЛЕМАТА ЉУБОВ И ПОЧИТ КОН МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ И ТАТКОВИНАТА

    Господинот Паскал Камбуровски, автор на книгата "Гробот на Александар Македонски" веќе подолго време укажува на фактот дека постои текст врежан на две греди од храмот во археолошкиот локалитет Исар Марвинци, кој е недоволно проучен, а е многу важен за македонската историја. Тој постојано апелираше поради значајната содржина на натписот повторно да биде проанализиран, со цел да се дознае историската вистина содржана во него.

    "Првите податоци за содржината на натписот - вели господинот Камбуровски - ги дадоа авторите М. Корнаков и Б. Драгоевиќ-Јосифовска во далечната 1957 година.
    Според нив, натписот не е целосно зачуван, но од неговата содржина дознаваме дека храмот е подигнат од некој македонијарх во 329 година н.е. во чест на својата татковина. Ова објаснување, за жал, е прифатено до денешно време и во оваа форма е претставено и на металната плоча поставена на едната греда, која се наоѓа пред влезната врата на Владата на Р Македонија".

    Господинот Камбуровски ја достави и скицата каде е прикажан оригиналниот текст на двете греди кои претставуваат една целина:
    Греда 1:
    MAKEDONIARHΩNTON
    PANTITΩKOΣMO TO ΘKT


    Греда 2:
    NAONTHPATRIDI
    ETEI

    Тој објаснува:
    "На горниот ред со големи букви (12 см) е врежан следниот натпис:
    "MAKEDONIARHΩNTON NAONTHPATRIDI".
    Првиот дел на реченицата е спој на именките MAKEDONIA I ARHΩNT (владател), кој е членуван во машки род множина.
    Вториот дел е спој на именките NAOΣ (светилиште) и PATRIDA (татковина), кој е членуван како женски род во еднина.
    Преводот на текстот би гласел-
    'На македонските владетели, светилиште на татковината'.
    Тука не станува збор за никаков македонијарх или за некојси римски чиновник како што беше пренесено на јавноста, туку станува збор за светилиште на татковината посветено на македонските владетели.

    На долниот ред со помали букви (8 см) е претставен текстот:
    "PANTITΩKOΣMO TO ΘKT ETEI".
    Првиот дел на натписот е составен од придавката PANTITΩ и од именката KOΣMOΣ, што во превод значи:
    'од сите луѓе', односно 'од целиот народ'.

    Последната содржина на натписот TO ΘKT ETEI го означува времето кога е подигнато светилиштето. ETEI е множинска форма на именката ETOΣ (време), што покажува дека се работи за два датума ΘK и ΘT.
    Доколку наместо прикажаните букви се стават нивните редни броеви од грчкиот алфабет, се добиваат годините: 810 и 819.
    Тоа е време мерено од првата Олимпијада (776 г. ст.е.), или од основањето на Рим (754 г.
    ст.е.).
    Во тој случај ги добиваме годините: 34-43 н.е. или 56-65 н.е., кои ја означуваат датата кога е изградено светилиштето", тврди господинот Кам буровски.

    Според тоа што го изнесе Камбуровски, станува збор за комплетен натпис врежан во две архитравни греди од светилиште, посветено на македонските владетели од името на татковината, изградено од целиот народ во 34-43 г.н.е. (56-65 г.н.е.).
    Тоа е времето кога Римјаните владееле насекаде.

    Време кога биле задушени четирите востанија на Македонците против римската власт. Време на големата тага и носталгија на Македонците за изминатата слава. Оттука и големата љубов и почит кон македонските владетели и татковината. Светилиштето претставувало симбол на гордост и непокор.
    А каков е нашиот однос кон двете архитравни греди од светилиштето изградено пред 2000 години?

    "Тие цело време со ништо не беа заштитени и беа оставени на милост и немилост на забот на времето. Од неодамна дојде до одвојување на гредите, едната не се знае каде е, а другата, со преполовен текст е поставена пред вратата на Владата на Р Македонија
    .
  • http://cache.daylife.com/imageserve/00nM4di9JD16G/610x.jpg
  • http://cache.daylife.com/imageserve/06Qo4gwfwfcN6/610x.jpg
  • http://cache.daylife.com/imageserve/07w02omezXbsb/610x.jpg
  • http://cache.daylife.com/imageserve/04rY5S6aHGdO0/610x.jpg

** „Античкото население од Марвинци“ нова книга од Фаница Вељановска ... Утрински ... КАТЕРИНА БОГОЕВА ...

  • Просечниот животен век на населението во Марвинци во римскиот период изнесувал 29.8 години. Мажите просечно живееле 46.6 години, а жените две и пол години помалку.“ ...
  • http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/7A10DA5B8497AA43A0551DA4180964FB.jpg
  • http://www.vreme.com.mk/images/Image/marvinci%20RIM-Zena-2%20(Small).JPG

** Браќа од Марвинци ја прекопале историјата кај локалитетот Исар ... Утрински ...

  • http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/D31849812021AF43AEB1A8964407FFDE.jpg http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/9692F12346DB994388821072CEE5491B.jpg

** Двајца браќа го ограбувале локалитет Марвинци ... Вест ...

  • http://www.vest.com.mk/images/%7B7F0288A8-D030-4501-BBA6-9766481107AF%7D_marvinci-2.jpg http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/8C116AAA08021741B6A245C8D12D16DD.jpg
  • http://www.novamakedonija.com.mk/images/Editions/21498%20663/artifakti4.jpg

** Вредни археолошки предмети запленети кај двајца диви копачи од селото Марвинци

** За крај вреди да истакнам дека неколку МК новинари/ки, кои веројатно се и археолози го обелуваат образот на МК археолози, пишувајки написи за МК весници и останати МК медиуми ... па така дознаваме - што се` нашите археолози сработиле ... ке повторам тоа што го реков и на почетокот - не ми е објасниво зошто МК археолози “се плашат“ - да ги издатат своите археолошки истражувања на интернет и така да ја запознаат и пошироката заедница со резултатите од ископувањата ... не се мали парите кои овие две години се трошат за нови архео истражувања ... Во разговори со некои од нив, тие се вадат на потребното време за канцелариско верификување на артефактите ... кое трае предолго ... За жал само неколку архео локалитети може да се пофалат со свои интернет страници ... Збунива и многу малата соработка (скоро никаква ...) со историчарите ... и јазичарите - оние кои се бават со изумрените јазици (Латински, Старо Грчки, Старословенски, СтароТурски, Арабски ...)...

** Македонски шлем ... Македонски шлем, IV век пред н.е., Марвинци
Потекнува од некрополата на античкиот град Исар кај с. Марвинци, валандовско

** Шлемот е подарен на Музејот на Македонија во 1998 година. Потекнува од некрополата на античкиот град Исар кај с. Марвинци, Валандовско. Како стандарден дел од опремата на Македонската војска, типолошки, шлемот и припаѓа на групата наречена “Македонски шлемови”. Вакавата определба ја чинат неколкуте негови карактеристични елементи: тенка висока креста над челото, извиена кон на-пред, нагласен штитник за вратот и специфичните заштитници “парагнатиди” за лицето, односно образите на воинот. Изработен е од железо со висока чистота и примеси на јагленород, што во антиката е многу редок случај и претставувало привилегија на елитните воени формации. Шлемот претставува дел од инвентарот на едно погребување во гробница од IV век пред н.е.

** Шлемот од македонската фаланга проценет два милона марки ... Вечер ...

  • Откако шлемот од фалангата на Александар Македонски на диво бил на диво ископан во Исар Марвинци и донесен во антикварницата "Аминта", сопствениците оцениле дека треба да го продадат на Музејот на Македонија за 2.000 марки ...
  • Тој од стручњаците во Заводот е оценет дека има вредност од 2 милиони марки. Се разбира кога би се појавил на некоја аукција. Но, тој од сопствениците на антикварницата "Аминта" прво бил понуден во Музејот на Македониоја за сум илјада пати помала. Поточно Владимир Манолев и Златен Симовски од Музејот на Македоноја барале откуп од
    2.000 марки.
  • ... вој шлем од фалангата на Алексанадар Македонски, што сега уредно конзервиран е во Републичкиот завод, е ископан во Исар Марвинци од дивите копачи браќата Димитар и Крсто Николовски од Миравци.Откако браќата Николовски, кои барајќи злато на археолошкиот локалитет Исар Марвинци, го ископале шлемот и украсите од оклопот што оделе во комплет, за нивниот наод се расчуло многу бргу низ Македонија и Европа, а на браќата почнале да им се јавуваат разни колекционери. Најголем број се јавувале купувачи од Грција, кои покрај шлемот што го имаат од Филип Втори од Вергина, сакале да го имаат и овој од фалангата на Александар Македонски.
  • Шлемот сега е во шкаф во Републичкиот завод за заштита на спомениците, комплетно е конзервиран , а во меѓувреме се чека да биде завршена и конзервацијата на оклопт за заедно со други предмети од времето на Античка Македоноја да бидат поставени во збирката на Музејот на Македонија.
  • http://www.vest.com.mk/images/%7B8A3F6315-FC62-11D4-B17A-000629572998%7D_slem-2.jpg

http://faq.macedonia.org/images/helmet.marvinci.jpg http://www.musmk.org.mk/images/arheologija/slem_bez_postolje_g.gif http://www.vest.com.mk/images/%7B886752E7-A1F2-4E25-AD5B-A299380D4B5B%7D_bucko-2.jpg http://www.icom-macedonia.org.mk/images/predmeti/94_21_.jpg http://www.smk-wmc.org/UploadedImages/50/BA%20-%201013.jpg

** Свештеничка сабајле најдена, вечерта продадена во Грција ... Дневник ... Весна Ивановска

  • Гроб на пајонска свештеничка пред седум месеци бил ограбен и предметите со „брзина на светлината“ биле продадени во Грција за 50.000 евра. Извори за „Дневник“ тврдат дека во март диви копачи на некрополата Лисичин Дол, на локалитетот Исар, кај валандовското село Марвинци, го разориле гробот од 7 век пред новата ера, сличен на гробот на свештеничката - епохалното откритие што археолозите го пронајдоа на ископувањата во 1997 година.
  • Според нашиот извор, дивите копачи на Исарот кај Марвинци работат организирано, во неколку групи и имаат софистицирана опрема. Првата група е извидница, а втора работи со детектор за метал. Меѓу себе контактираат преку мобилни телефони. Кога луѓето од втората група ќе видат дека има нешто, го бележат местото, оставаат чашка или пластично шише.
  • Тогаш доаѓа третата група, тоа се копачите ...
  • Во гобниците биле погребувани свештенички - личности со посебно значење. „Функцијата“ им била доделувана само на жени што го почитувале култот кон Сонцето.
  • http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/71D7BE769098514D87EF6A62F6C4B3DA.jpg
  • http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/60E867178F6B10439FABA8FEAB2F41E8.jpg
  • http://www.musmk.org.mk/images/arheologija/grob-z.jpg

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/84DD0650398E9C4F8343D49FC99A3478.jpghttp://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/454B22C6A97D4A4A83C9016BD9653672.jpghttp://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/AAB71742C3FC4D4FB144372FCA6165A6.jpghttp://www.kralemarko.org.mk/WBStorage/Articles/035157F802904D48B53858E1E04E27E8.jpghttp://www.kralemarko.org.mk/WBStorage/Articles/79DE5FB9EE516F4CB78DEFF2E7D06C91.jpghttp://www.kralemarko.org.mk/WBStorage/Articles/94952D640F94FF48A7B03647EF5D8BC0.jpghttp://www.kralemarko.org.mk/WBStorage/Articles/365FFBBA1C6CB540BE39CCB75D7BCA7A.jpghttp://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/19795702BE231F47AC839802D400DA1B.jpg http://www.makedonskosonce.com/broevis/2002/sonce412/40a.jpg

No comments:

Blog Archive

Site Meter