Не очекувам дека некој ке ми ги каже бројките или ке ги прочитам на нечив сајт ... но за мене во мојата глава досега си велев ... не се повеќе од 200 луѓе ... но изгледа сум во заблуда бројката е многу поголема и секојдневно расте ... кого тоа “чпиунира“ нашата УДБА ...
Ке кажете е како знаеш бе - кога тоа е тајна ... бројката може да се шпекулира прибирајки ситни информации какона пример - од информацијата која ја прочитав во денешен Утрински дека при распределбата на возилата:
- „Најголем дел од нив, односно 170, се распоредени на Бирото за јавна безбедност, додека 100 на одделите на Управата за безбедност и контраразузнавање. Другите 30 се поделени во рамките на одделенијата на МВР“, велат од МВР.
Ако на сето ова го додадеме сознанието за огромниот раст на буџетот на Управата за безбедност и контраразузнавање ... ке дојдеме до сознание дека во Македонија - одавна е на сцена “Орвеловската приказна и доктрина“ ... Македонија е се` повеќе полициска држава и поради фактот на зголемите овластувања и спуштање на прагот за дозволеното прислушкување и тоа за дела кои се во обид ... т.е. за дела за кои полицијата само се сомнева дека може КЕ ги правиш ... со што со право се поставуваат прашања за загрозените слобои и права на граѓаните и можните злоупотреби на таквите овластувања ...
Некоја нова наредна власт - пак ке носи нов Закон за лустрација ... толкава бројка на луѓе и толку голем буџет на Управата за безбедност и контраразузнавање - неможат да работат без “чпиуни“ ...
- “ГОЛЕМИТЕ УШИ“ - СЕ` ПОГОЛЕМИ ... ... Зголемувањата на правата за прислушување и нивното проширување представува лесна можност за манипулација ... особено према политичкиот противник ... со што драстично паѓаат човековите права и правото на приватност ... “Големиот брат„ - се повеќе гледа ... особено слуша ...
- “Големите уши“ - легализирани ... Големиот брат, гледа и слуша, снима - овојпат легално ... ... Во групата на закони кои се изгласани без опозицијата, под итна постапка, без расправа во надлежните собраниски комисии кои не се формирани - изгласан е и ЗКП т.е. измени во ЗКП со кој се предвидуваат проширување на делата за кои може да се водат специјални мерки и методи (измените се објавени во „Службен весник“ број 83 од 10 јули, а 8 дена подоцна стапија во сила):
- „Орвеловска Македонија“ ... ... Со зајакнувањето на буџетот на тајната полиција на Македонија за цели 60 пати (со ребалансот на буџетот ...) - како да ни се дава порака дека е реалност „Орвеловска Македонија“ ...
- ОРВЕЛОВАТА СЕНКА НАД МАКЕДОНИЈА ...
- Онака како што делата на Жил Верн се сметаат за пророчки и визионерски во полето на развојот на науката и техниката, така Орвеловата „1984“ ги исполнува сите претпоставки од дистопиjа да се претвори во реалистичен опис на денешната политичка стварност.
- Во контекст на голбалната војна против фантомскиот непријател, тероризмот, и во најразвиените демократии дојде до опасно зголемување на ингеренциите на безбедносните служби, кои во име на националната безбедност можат да вршат упад во приватноста на своите и/или на странските граѓани.
No comments:
Post a Comment