Откако дневните температури пораснаа и почна да се топи снегот - полесно се дише ... имено на судот во мниусните температури во услови на дуќан и покрај максимално пуштењеното греење, морав да седам со капа на главата, со покриени уши, со кебе на колената и со ракавици на рацете ...
Не дека беше толку ладно, луѓето кои влегуваа во дуќанот велеа дека е топличко, но јас бидејки седам и не се движам ... ја движам најчесто само десната рака заради маусот, мене ми беше ладно смрзнувачка ... вчера ем го намалив греењето ем некако полесно ја чувствував работаната температура на дуќанот ... Изгледа тие неколку степени се многу битни за подобри услови за работа ...
Мразам студ и зима ... керками еднаш додека бевме на престој на Шапка, пред некој 22 години (додека сеуште беше дете) и велеше на бабаи, бабо “зошто тука на Шапка Ви се толку ладни душеците ??“ ... потоа бабаи низ смеење мораше да ги грее душеците ... нејќеше керками да се завлече во така студената постела ...
No comments:
Post a Comment