Search This Blog

Tuesday, January 27, 2009

Фрче - го извади оделото од нафталин ... Иванов - треба да оди кај стилист/логопед/комуниколог и да пазари нова гардероба ...

На конвенцијата на СДСМ од сношти - Фрчковски е избран за претседателски кандидат, кој ке биде подржан и од НСДП ...

читај повеќе »

Фрчковски го видовме со елегангно одело кое веројатно го извадил од нафталин .. малку пливаше околу него ... за чудо ја изоставил лептир машната ... изгледа таа веќе не му носи среќа ... е сега не видов дали ролексот му беше на рака ... :) , ова посебно ке го интересира Латас - тој е по ролексите ...

За разлика од Фрче кој блисташе во листер оделото, Иванов ке мора под итно да оди на пазарување ... да се поднови со гардароба ... да појде кај стилист да му одбере нов имиџ ... може и кај логопед/стручњак за комуникација да појде, да го поднаучи да не прави големи паузи кога ке добие незгодно прашање од новинарите ... успут и да не менува боја на фацката, како да е семафор ...

Забавата која ја предвидов меѓу овие дваица кандидати веќе започна ... што би рекла Ванковска во “театарот“ на претседателските избори веќе се поделени улогите ... Иванов вчера направи значајни информативни/куртоазни посети кај верските поглавари и кај повлијателните амбасади ... Од Фрче очекуваме досетки и исцедување фрази низ заби ... онака фраерски во Фрче стил ...

“Окупацијата“ на медиумските простори веќе почна ... сите ги бараат/канат главните звезди ... ке имаме случаеви некои медиуми да избегнуваат одредени кандидати, некои медиуми/новинари и квази-новинари иако настојуваат нема да бидат почестени од некои кандидати со нивно гостување ...

http://media.a1.com.mk/media/vesti200/gjorgi-ivanov1.jpg http://media.a1.com.mk/media/vesti200/ljubomir-frckovski-kandidat.jpg

No comments:

Blog Archive

Site Meter