Search This Blog

Wednesday, January 07, 2009

Предбожиќна бадникова вечера ... лепче со париче 2009`та ...

Предбожиќна вечера ... лепче со париче 2009`та ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/1Large-8.jpg?t=1231349942

читај повеќе »

Вакво лепче со париче внатре е главниот дел од вчерната трпеза (од сношти) на мојот дом ... 27 години во мојата фамилија заедно со моите две деца ... пред тоа во фамилијата на моите родители ... празник кој поради традицијата и познатото “пред божиќ, зад божиќ - кај и да си дома да си ...“... е дел на многу домови ... знам многу фамилии кои за Василица/Стара нова година, прават сличен обичај/традиција на ставање на паричка во зелник ... особено прилепскиот крај ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/3Large-8.jpg?t=1231350588

Трпезата секојпат била со посни јадења, со риба, гравче, зелник, јужно овоштие, костени, и разни други посни специјалитети ... верувам дека во скоро сите христијански семејства трпезите се слични ... на крај на вечерата таа не се дига, се` останува на маса ... поради верувањата дека се очекува да не посети севишниот за да проба и од нашата трпеза ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/2Large-8.jpg?t=1231350812

Вечерата секојпат почнува со кршење на лебчето со париче ... вообичаено најстариот член на фамилијата го дели по редослед: најпрвин за господ, потоа за домот/куќата на домаќинот, следи домаќинот и домаќинката, и децата по нивниот редослед на раѓање ... Иако децата додека беа помали се лутеа кога паричката ке падне кај некој друг - никојпат не сме мамеле ... се било како дал Господ и среќата/ксметот ... ако бројам наназад на кого најчесто се паѓала паричката тогаш велам дека на листата во мојата фамилија води керката ... која прва година од кога е родена не присаствуваше на предбожиќната бадниковата вечера ... но сепак ксметот рече дека и оваа година отиде паричката на нејзино конто ... таа иако е далеку преку океанот, ке го има домашниот ксмет и подкрепа и оваа година ... ја има среќата доделена со бадниковото париче ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/4Large-9.jpg?t=1231351709

Од благи работи секојпат сме имале суви смокви, и други агруми, помаранџи, мандарини, банани, јаболка ... штрудли од јаболка или тиква ... неодминливите костени кои оваа година не ни се погодија ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Large-9.jpg?t=1231351934

Зелник во разни варијанти на посно ... со кисел купус, со праз ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/6Large-9.jpg?t=1231352010

Разни макала, со гравче праз и кечап ... гравче на тавче ... оваа година ми фалеше макало со сува пиперка, гравче, варен компир и кечап ... немавме по дома суви пиперки ... тиква печена која јас ја обожувам ... ке заборавам наместо цвеќе секојпат во вазата стои бадниково гранче ... чија идеја е да се запали во огинот ... но бидејки ние немаме можност да го палиме - тоа ни ја краси трпезата наместо цвеќе ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter