Година дена се навршува од трагедијата со погибјето на 11-те војници при падот на армискиот хелихоптер ... Никој од Владата ниту од Министерството за одбрана т.е. армискиот врв, не најде за сходно да понесе одговорност за несреќата ... макар и од морални причини ... Случајот се развлекува на ниво на владина истрага скоро година дена - за да дури под притисок на јавноста се обелодени дел од извештајот, кој го правеа дури три различни комисии ... во извештајот не се лоцира точно причината за падот - ниту некој ја презема одговорната ... На крај коската му е фрлена на судот да ги најде одговорните ...
Нели е тоа типичен пример на балканско бегање од одговорност ...
- никој ли не е одговорен што армискиот хелихоптер е управуван од пилоти кои немале обука за летање на база на инструменти, особено такви кои се накнадно уградени ...
- не ли е никој одговорен што армискиот хелихоптер е сервисиран од институција која нема благе везе со хелихоптери ...
- не ли е ниеден од политичкото раководство во армијата одговорен што не поставил систем кој нема да дозволи вакви инциденти и трагедии ... да подсетам имало извештаи кои укажувале дека со хелихоптерите не се постапува по “ПС“ ...
- има ли во МК култура на понесување на политичка одговорност - барем од морални причини ...
Тоа е како да поставувам прашање - дали владите (луѓето кои беа најодговорни во сите досегашни влади ...) кои, во овие 18 години самостојност не влечеа само назад имаат право да бараат повторно мандат од народот ... со кое лице тоа го прават ... немаат ли барем срам уште еднаш да излезат пред народот и да лажат на ист начин како и досега ...
Изгледа немаат ...
1 comment:
Batka,potpolno si vo pravo,armiskiot vrv bil i ke ostane tapa,steta za lugjeto otidoa badijala......
Post a Comment