Утринава рано станав, фрлив поглед низ прозорот -снег белееше по дворот и дрвјата, автомобилите ... ме зарадува снежната магија ... направив утринско кафе дома ... прошарав по весниците и блогерајот ... кафето го испивме со жената и си помисливме за децата ... поголемата, новата година ја пречека на ТајмСквер во Њујорк со поглед во куглата која паѓаше како и сто години пред тоа точно на полноќ ... ке им биде тоа вечна успомена ... другото дете ни е во Берово - веќе втора година по ред ... нешто го привлече Берово ... во идилична мирна атмосрера на планините во околината на Берово лови некој амбиентален момент ... снегот ке им се погоди ...
Дојде време се симнав во дуќан, со сиот ред во мислите ... трипати се прекрстив и чинам - си реков со господ напред ... Остана уште вербата во Бога ... во сите други ја изгубив ...
Уште додека го варев утринскиот чај, влезе првиот муштерија, поточно муштерика, гледам со полна кеса со леб во неа ... си реков ако е тоа знак од бога - ке биде берикетна годината ... си посакавме се најубаво во новата ... Работната година почна со убаво ... со верба во бога и со се надевам бериќетен прв муштерија ... Можеби не сум најголем верник но сум суеверен како и повеќето кои ги познавам ... Нашето време го одживеавме со верување во неко други вредности - но никојпат не ги заборававме црквите и црковните прзници - традицијата ... особено најбитните, Божиќ, Велигден и ред други црковни празници ... Бадник иако не е црковен ден е дел од нашата традиција ... тој ден посебно е мистичен - поради коледарските огнови, коледарските песни и богатата заедничка фамилијарна трпеза ...
Уште еднаш ке речам со верба - Со Госпд - напред ...
No comments:
Post a Comment