Една од малкуте големи луѓе кои се родени скопјани доби спомен дом ... грандиозен онака како заслужува нејзиното дело ... Мајка Тереза доби спомен дом - кој е изграден на местото на кое таа првпат ја примила својата вера , на местото каде некогаш пред земјотресот беше Католичката Црква “Срце Исусово“ ...
Старата Католичка Црква “Срце Исусово“ ...
На тој начин скопјани барем малку се одолжуваат на Мајка Тереза - на родената скопјанка ... жената чија хуманост е препознаена во целиот свет ... единствената скопјанка со Нобелова награда ... со спомен домот се прави пиетет кон ликот и делото на Мајка Терза ...
Но во се` и од се` се прави политика на рамковен принцип ... слушам дел од албанците не сакале да влезат во спомен домот на Мајка Тереза - бидејк
и на ников начин не било спомнато ниту одбележано дека таа е од Албанска националност ...
- Oтворени вратите на Спомен-домот на Мајка Тереза ... Утрински ...
- Спомен- домот на Мајка Тереза од вчера официјално е промовиран и осветен како вечен паметник на најпозната скопјанка и нејзината мисија. По двочасовна свеченост, премиерот Никола Груевски и бискупот скопски Киро Стојанов ја пресекоа црвената лента и симоблично ги отвори портите на, како што беше речено, храмот на универзалните пораки на блажената мајка.
-
- Меморијалната куќа нека биде знак и потсетување на она ‘ние сме создадени за големи работи, да сакаме и да бидеме сакани‘, како што нашата благословена Мајка Тереза често не' потсетуваше“ ...
- куќата има подрум, приземје и два ката, а во внатрешноста, покрај изложбениот дел, има и мултимедијален простор за камерни претстави, како и дел наменет за изведување миси и духовни чествувања. Веднаш до куќата се наоѓа амфитеатар со капацитет за 400 луѓе, кој ќе се користи за одржување претстави или разни дискусии. Спомен-домот зафаќа површина од 1.000 квадратни метри, а неговата изградба го чинеше Министерството за култура околу два милиона евра. Градежните работи ги изведуваше фирмата „Гранит“, а се работеше според проект на Вангел Божиновски.
- Објектот, иако беше свечено промовиран вчера, се' уште нема да биде отворен за посетителите. Од Министерството за култура допрва ќе информираат кога ќе бидат отворени вратите на спомен-домот за заинтересираните и дали посетите ќе се наплаќаат. - Осветен Спомен-домот на Мајка Тереза ... Дневник ...
- За овој настан специјално беа донесени дел од моштите на Гонџа Бојаџиу, единствената нобеловка родена во Скопје, која светот ќе ја памети по хуманата мисија ..
- Свои говори имаа и заменик-претседателот на Владата, Абдилаќим Адеми, духовниот татко на Мајка Тереза, д-р Лео Маасбург, потоа Анџело Молфета, како и Стојан Тренчевски, претседател на Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“, иницијаторот за изградбата на објектот. Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, монсињор Киро Стојанов, го освети објектот.Настанот беше збогатен со настапот на хорот „Света Злата Мегленска“ и на маестро Борис Трајанов и беше дел од активностите за одбележување на јубилејот 100 години од раѓањето на Мајка Тереза.
-
- Спомен-куќата содржи повеќе простори - музички, личен молитвен на Мајка Тереза, мултимедијален за камерни дела, амфитеатар за поголеми претстави, продавница за сувенири, соба од сестринскиот Ред на милосрдието. Објектот претставува трансформација на родната куќа на Гонџа Бојаџиу, во која преку архитектонски изразени средства е претставено нејзиното детство, заминувањето од Скопје, животот и враќањето на нејзиниот дух во родниот град.
- Градежните работи ги изведе „Гранит“. Градбата зафаќа површина од 500 квадратни метри и уште толку се двор и мини-плоштад, во кој ќе биде вклопена скулптурата на Мајка Тереза, што пред неколку години ја изваја академик Томе Серафимовски.
- Мајка Тереза е родена во Скопје во 1910 година. На неполни 18 години заминала во Калкута каде што го основала редот Мисионери на љубовта и милосрдието и до упокојувањето во 1997 година им помагала на болните и сиромашните, оставајќи го својот аманет дека светот е страден за љубов. За својата хумана работа во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир. Во 2003 папата Јован Павле Втори ја беатифицира, т.е. ја прогласи за блажена, што е чекор до прогласување за светица. - Дел од моштите на Блажената се вратија во нејзиниот роден град ... Вечер ...
-
- Никола Груевски рече дека е горд што Владата го реализира проектот којшто го ветила пред изборите. ... ... Ова спомен-обележје за многу години од сега ќе говори за нејзината божја и хуманитарна мисија да им помогне на гладните бедните, болните, осамените, истакна премиерот Груевски, кој пред присутните ја откри и големата радосна вест дека во спомен-домот ќе бидат и дел од моштите на Блажената, кои во Скопје се донесени со помош на Католичката црква.
- Новата градба се наоѓа на платото пред Домот на АРМ, има интересен спој на неколку архитектонски правци од едноставна куќа од традиционалната македонска архитектура со приземје, кат и потпокрив, која по вертикала се престорува во духовен елемент. Највисоката точка на куќата е капелата на Мајка Тереза. Другиот дел е како обична куќа, со двор од нејзиното време, со мала градина, бунар, патеки, порта. Куќата има мултифункционален карактер со делови наменети за одржување на разни културни манифестации, со галериски простор, место за духовни обреди.
No comments:
Post a Comment