Search This Blog

Loading...

Saturday, January 17, 2009

Дали е ова Исус ?!

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Large-7.jpg?t=1232207207
Дали е ова Исус ?!
Пред малку во дуќанот влегоа две ромчиња ... да надополнат кредит на мобилниот ... додека со поголемото ја теравме процедурата - го гледав малиот, упорно фиксирано гледа во сликата позади мене (онаа од почетокот на постот ...)... Го приметив дека гледа онака фиксирано и го прашувам ... Што си се загледал во сликата, уствари каде гледаш, мислчејќи дека гледа од многуте карти позади мене ...
На мое изненадување покажа на сликата и ме праша “Дали е она Исус ... јас многу го сакам него ...“... се насмејав и му појаснив, “не тоа не е Исус“ ... тоа е едно човече сликано пред 33 години ... Малиот остана упорен ... “Не, ме лажеш - тоа е Исус ...“...
Отидоа децата дома ... јас ја погледнав сликата и се насмеав, сепак земав ја скенирав и еве Ви ја представувам ... Ви личи ли момаков на Исус ?? ... Ја завртев позади и приметив дека е сликана на 7 Јаноари 1977 година ... сега малку случајности/занимливости ... Момакот осем што е роден на Божиќ ... него го има родено мајкаму која се гледа на сликата ... која случајност таа се вика Марија ... роден е во домашни услови ... бабица му бил таткому ... израчунав на сликата момакот има 22 години ...
Повторно се изнасмеав ... и си реков какви се сега децатва ромчиња кои по дефиниција се муслимани ... но еве го сакале Исус ... и многу го гледале ... решив да ја ставам приказната/случката на блог ...

2 comments:

Anonymous said...

Koja e licnosta na fotorgafijata.Dali stanuva zbor za tvoja fotografija.

volan said...

незнам дали си запознаен ... јас имам два исти паралелни блогови ... овој на блогспот и ист таков копија на постовите на блог.ком.мк. ... так терам од почетокот скоро три години ...

бидејки таму се поведе веќе долга дискусија, каде могу дилеми се разјаснија посетиги тамошните коментари за да ти се разјасни дилемата ...

линкот до таму е овој Тука ...

Blog Archive

Site Meter