Се разбира не мислам на писмен договор - туку на усмен кој бил постигнат во комуникацијата на Премиерот и Бошковски ... кој према Утрински бил постигнат по спектакуларното враќање на Бошковски од Шевенинген:
- Во договорот од четири точки Бошкоски го потсетува Груевски дека
- нема да му го преземе местото во партијата,
- нема да предизвика поделби во партијата,
- нема да формира партија во која би се одлеало членството.
- За возврат Бошкоски побара од Груевски да го поддржи во неговата претседателска кандидатура.
Бошковски неколку пати потсетува на овој договор ... Прашањето ми е имало ли договор Груевски Бошковски и кој не се придржува на договорот ... Дали тој договор е причината што Груевски сеуште ја нема дадено подршката на Иванов ...
- ЉУБЕ БОШКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ И СО ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ Г.Г. СТЕФАН - 12.07.2008
- Брат Љубе ја бакна македонската земја ... трите сестри, внуците, роднините, пријателите, стотици симпатизери и приврзаници, премиерот Никола Груевски, владини функционери и поранешни пратеници, беа првите што се поздравија со Бошковски откако завчера Хашкиот трибунал го ослободи од обвинението за случајот „Љуботен“. ... ... Се причести и со леб, сол и вино што му беа принесени. „Љубе, Љубе“, „Љубе претседател“, „Македонија, Македонија“, беа извици со кои беше поздравено враќањето на Бошковски. ... ... Денеска овде со вас го споделувам овој концентрат на љубовта. Ве поздравувам вас, не само Македонците, туку и моите браќа Албанци, Роми, Турци, Бошњаци, Срби, сите што сте спремни да живеете и да умрете за Македонија. ...
- Марјан Ѓорчев отворено се судрил со Љубе Бошковски и со Никола Груевски?!
- Првата рунда за Груевски ...
- Груевски се сретна со Бошковски и Тарчуловски ... 29.11.2005 ... ... За прв пат, откако се во Шевенинген, Бошковски и Тарчуловски имаа посета од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
- Бошковски: Мојата кандидатура не ги загрозува позициите на Груевски - Љубе Бошкоски и дефинитивно ќе се кандидира на претседателските избори следната година
- БОШКОВСКИ ПОБАРАЛ ОД ГРУЕВСКИ ВМРО-ДПМНЕ ДА ЗАСТАНЕ ЗАД НЕГОВАТА КАНДИДАТУРА ... 15.01.2009
- Во Штип Љубе Бошковски контра Груевски
- Груевски го поддржа Иванов ... 17.01.2009. ... ... Никола Груевски, претседателот на ВМРО – ДПМНЕ и премиер попладнево на затворена партиска трибина во Штип го поддржал професорот Ѓорѓе Иванов за кандидат на неговата партија на претстојните претседателски избори на 22 март. На трибината во Штип, како што известуваат локалните медиуми, присуствувал и самиот Иванов, а негови главни промотори биле Груевски и пратеникот Влатко Ѓорчев.
- Љубе Бошковски расипувач на забави ... Последната анкета на институтот ИРИ покажа дека кога утре би се одржале претседателските избори, најмногу гласови, дури 48 проценти, би добил Љубе Бошковски, а по него следуваа другите двајца најчесто спомнувани можни кандидати, дипломатот Срѓан Керим и актуелниот вицепремиер Зоран Ставревски. ... ... ... Некои од аналитичарите предвидуваат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, плашејќи се од одливот на гласови кај Бошковски, може да искористи некои формалности од условите за кандидирање на претседателските избори како средство да го оневозможи во намерата да се кандидира. ...
No comments:
Post a Comment