Search This Blog

Saturday, January 24, 2009

„Сведмилк“ - зошто пропаѓа ... ке интервенира ли државата ... каде се парите ...

„Сведмилк“ - е една од ретките гриндфилд инвестиции која носеше верба дека и во Македонија може да имаме грингилд ... Јас сум консумент на производите на „Сведмилк“ и можам да кажам дека по квалитет ништо не заостануваат во однос на словенечките, хрватските и српските млекари а во однос на Битолска млекара се далеку подобри ... дури и со цените беа солидни ...

читај повеќе »

Но еве, по само две години работа добрата идеја и остварен квалитет на производот, добрата пенетрација во пазарот - млеарата „Сведмилк“ полека пропаѓа ... фабриката по неколку месеци касни во исплатата за преземеното млеко од сточарите ... „Сведмилк“ изгледа ги фати клетва, дека партнерство се растура тогаш кога ти оди или кога не ти оди ... во случајот на „Сведмилк“ мене од страна ми се чини кога на МК пазар доминира и има солиден извоз во Косово - „Сведмилк“ се распаѓа одвнатре ... раскарани се неколкуте сопственици ... банките почнаа да бараат пари за дадените кредити ... или пак имаат прениска цена за добриот квалитет ... или пак бизнис климата не е баш таква каква се рекламира во светот ... можеби давачките кон државата, даноците се преголеми за да издржи една ваква нова инвестиција, орјентирана пред се кон домашниот консумент, кој не е моќен да плаќа поскапи и поквалитетни производи ...

Зошто се распаѓа „Сведмилк“ ... дали државата има начин да помогне на оваа добра фабрика ... каде се парите ?? ... се шушкаат гласини дека ке ја преземе овој оној ...

  • СВЕДМИЛК ГО УПРОПАСТИЈА ДОМАШНИТЕ МАНГУПИ ... http://www.globusmagazin.com.mk/WBStorage/Articles/80ABCDFE8C737A4D9B0C407BFF05CA5C.jpg
  • - Една од приказните за својата успешност постојната Влада ја врза за млекопроизводството. Таа беше сторијата со најмногу издвоени епизоди - почнувајќи од носењето на шведските произведувачи во Белимбегово, преку зголемувањето на производството на млеко во селата, разните субвенции и планови за спектакуларен извоз на трудот на фармерите во странство, а главно со еден јунак - премиерот Груевски.
    - Станува збор, секако, за „Сведмилк“, која навести дека за себе може да врзе 5.000 фармери како кооперанти. Таа како почетна инвестиција вредеше 16 милиони евра, а потоа со дополнителни влогови вредноста и' се зголеми на 26 милиони евра.
    - „Дури и Шведска може да биде горда за оваа инвестиција“, истакна на отворањето Мосберг Короненберг, шведска амбасадорка во Македонија.
    - Млекото произведено во внимателно избрани фарми, наводно, е седум пати лабораториски испитано, чувано во лактофризери (кои им беа делени бесплатно на кооперантите).
    - Но, се' што е убаво кратко трае. Некаде во август, во екот на вестите за извозот на млеко од Белимбегово на сите страни на Балканот, се слушнаа вести дека нешто не е в ред со ситуацијата во фабриката пред чии врати се вее шведското знаме. Престана редовната исплата на фармерите, а тие почнаа најпрвин да мрморат во себе, а потоа беа лути, бидејќи, згора, државата која им дава субвенции на друга страна им ги зема во форма на непресметан ДДВ или нешто трето. Згора на тоа, дојде и неземањето пари од „Сведмилк“ еден месец, па уште еден, за во последните денови на октомври работите да зовријат.
    - Според Оскарсон, акционерот „МиА бевериџ“, кој патем е и дистрибутер на млечните производи, со својот долг придонел фирмата полека да почне да ја губи финансиската стабилност. Стоката, наводно, е земена за извоз (се споменува БиХ), но таа е вратена назад. Потоа е понудена на продажната мрежа во Македонија, по наводно пониски цени, што според Оскарсон дополнително ја разнишала финансиската конструкција на „Сведмилк“. „Млекото беше подготвено да заврши на пазарите на бившите југословенски републики, но наместо преку граница, заврши во домашните маркети. Цената по која се продаваше е нереална, многу пониска од онаа по која требаше да се продаде на странскиот пазар, а загубите се непроценливи“, вели за „Дневник“ Оскарсон.
    - Одговорот на менаџерот на фирмата „МиА бевериџ“, Ала Ал Кафаги, е дека тие не сакаат да ја уништат фирмата, а потоа да ја преземат. Тој вели дека слабоста е во менаџерскиот тим на „Сведмилк“, а во јавноста овие ставови ги бранеше и човекот што го донесе Ала Ал Кафаги во Македонија - Зоре Темелковски и тоа го видоа сите на малите екрани.
    - Шведската страна смета дека влетала во балканска ситуација и дека за тоа ја информирал шведската влада која е доминантен сопственик на капиталот во фабриката, со нешто малку над 50 отсто. Обвинетата фирма на Ал Кафаги има околу третина од капиталот. „Сфатив дека ова е планирано уште од почетокот на летото и дека фактурите намерно не се плаќани од „МиА бевериџ“, со цел прво да се доведе до пропаст фирмата, а потоа да се купи за џабе“ - изјави пред ТВ-камерите Оскарсон, кој по оваа изјава е недостапен за новинарите, а фабриката е целосно исклучена од телефонска комуникација.
    - Министерството за земјоделство сите се кријат и си ја префрлуваат работата - министерот на заменикот, а овој е недостапен... Клучниот добитник од досегашните успешните епизоди - премиерот Груевски сега го нема ниту со една изјава, бидејќи тој е во потрага по други, макар пократкотрајно добри приказни, оставајќи го рејтингот од оваа агонија на цела гранка на евентуално други, поситни протагонисти.
    - Скопската млекарница дури во поголем дел од своето постоење увезувала млеко од Србија, по 60 тони дневно, бидејќи произведеното во регионот (25-30 тони дневно) и' било малку. Сега, кога тоа производство е зголемено, кога се јавија повеќе фабрики за откуп, кога како купувачи се јавуваат и малите фирми кои го користат (слаткарници и слично), наеднаш се создаде ситуација млекото, едноставно, да се истура во каналите
    .

    - http://www.globusmagazin.com.mk/WBStorage/Articles/CE7454D3E1EFAF4E877F5A195F01F298.jpg
    -
    „Појавата на ’Сведмилк‘ битно ја подигна цената на млекото во земјата. Тој пораст започна од 20 денари по литар, а достигна до 26 денари, па во мај годинава дојде и до 29 денари“ ...
    - Во оваа ситуација молчат сите фактори што се вклучени во појавата и функционирањето на млекопроизводството. Освен владиното префрлување на проблемот од еден на друг, што трае предолго, нема резултат ниту од редовните состаноци во Министерството со Сојузот на фармери.
    - Која е фирмата „Бевериџ“?
    - За дел од јавноста веројатно е енигма името на еден од клучните акционери во „Сведмилк“ - фирмата за сокови „МиА бевериџ“. Енигмата настана со инвестиција од 4 милиони евра во постојниот капацитет на „Иноспектар“ на Зоре Темелковски од страна на странец. „МиА бевериџ“ по една година по откупот на контролниот пакет-акции на „Иноспектар“, во почетокот на 2007 година го објави официјалното пуштање во дистрибуција на сокот „јафа 100%“ ...
    - Со оваа фирма раководи Ала Ал Кафаги, македонски државјанин со ирачко потекло, чие име веројатно во „Сведмилк“ било гаранција дека млекарницата ќе се шири со понуда и во земјите на Блискиот Исток. Главна земја на извоз на производите на некогашниот „Иноспектар“ е Јордан
    .

http://i234.photobucket.com/albums/ee251/djurob_bucket/IMG_7355.jpg

1 comment:

Anonymous said...

Одлично, го најдов она I 've се торентите за

Blog Archive

Site Meter