Од кого се оградува Градскиот парк - Скопје ... секоја ограда само ограничува ... оградите не носат слободи ... тешко на таа држава што се оградува од своите граѓани ...
Небулозно но вистинито ... градот одлчи да потроши пари за изградба на ограда на стариот дел на Градскиот Парк - Скопје.
Од кого тоа градот го заградува градскиот парк Скопје ... Има некои луѓе кои градат куќи за покажување на гостите ... а живеат во шупите од куќата ... Ако нема луѓе во Градскиот парк чумуни е тогаш тој ... Каде тоа во светот градските паркови се заградени ??! ... Оградите се судбина/симбол на балканскиот начин на живот ...
Градскиот парк постои многу години ... нема да претерам ако кажам повеќе од сто години ... до сега никој не го заградил паркот ... како да сака да се каже дека современите македонци се вандали ... За оградување а градсиот парк не гледам никакво оправдување ... секоја ограда само ограничува ... оградите не носат слободи ...
- Градскиот парк во Скопје е дело на професорот Драган Шојлевски, осноположник на пејзажната архитектура и уметност, познат и признат научник и истражувач. Шојлевски, за своето најзначајно и препознатливо дело, по кое ќе остане запаметен кај скопјани, изработи обемна студија и детален проект за Градски парк во 1965 година, а го реализираше во текот на седумдесеттите години од дваесеттиот век.
- чинам дека паркот е со многу многу постар датум ...
Ова се снимки од завчера, дел од нив беа наменети за друг пост ...
Се зборува дека покрај промената на тревата која ја има надминато својата старосна граница, ке се сечат старите дрвја од овој дел на паркот ... зарем некој е луд да го уништи најпознатиот дрворед во Скопје ...
Овој дел од паркот секако заслужува реконструкција ... во ова езерце се моите најголеми манекенки кога сликам во Градскиот Парк - Скопје ... тоа се Шатките кои ви ги представив во предходната есенска сесија на фотки - а имам и нова која ке излезе за некој ден ... Тука некаде во далечната 61/62-ра беа сместени едни љуљашки ... по земјотресот тука беше општопознатата кафеана “Езеце со Смолски како додаток“ (едно од моите омилени места во младоста ...)
На долната слика лево е едно од најубавите платани во Скопје, зарем некој сака да го сече овој платан ...
Незнаев дали ке ја пронајдам долната фотка, но со малку напор ја пронајдов ... огромните лулашки кои пред земјотресот беа тука некаде околу езерцињава ...
Подолу ке ви дадам линково од мои предходни фото сесии од Градскиот Парк Скопје ...
- Скопје - Градски парк ... рана есен ... Skopje Gradski park - rana esen ... 19 Октомври, 2008 - 22:26
- Уживање ... Градки парк Скопје ... 21 Октомври, 2008 - 22:17
- Татко и син ... Градски парк Скопје ... Ден на мaкедонската револуционерна борба ... 23 Октомври, 2008 - 14:04
- Интермецо ... Градски парк рана есен 2008 ... 24 Октомври, 2008 - 13:30
- Шатки - Градски парк рана есен 2008 ... 24 Октомври, 2008 - 16:11
- Музичка школка - Градски парк ... рана есен 2008 ... 24 Октомври, 2008 - 19:52
- Реконструкција на градскиот парк ... 2 Ноември, 2008 - 12:42
- Еден, два, три - ко се лепше намести ... Градски парк ... зима 2009-та ... 18 Јануари, 2009 - 21:51
- Градски Парк - Скопје ... Лизгачка патека ... Пируетки во Градски парк Скопје ... 19 Јануари, 2009 - 19:06
No comments:
Post a Comment