Инспириран од предходниот пост, каде Мартин со комплимент ми се обраќа за содржината на постот коментирав во врска со потребата од воведување на нов пристап во ареолошките истражувања кој ке се засновува пред се на промтна јавност на резултатите од истражувањата ... користејки интернет технологии ... и на осовременување на методите на архео истражувањата ...
Како доказ за непостоење на јавност во истражувањата ке посочам на последниот двегодишен Собир/20-ти Симпозиум на археолозите во Кичево ... каде на нас како јавност само ни се сопштува програмата на симпозиумот а никаде нема ниедна презентација од тридневната стручна расправа на археолозите ... сето тоа остана сохрането меѓу нивните меѓусебни стручни расправи ...
Во правец на менување на методите и користење на новите технологии видов залагање само на археологот Василка Димитровска ... која на Симпозиумот во Кичево имаше две презентации ... додуша и нејзините презентации не ги најдов на интернет ... :
- “Зошто македонските археолози треба да публикуваат на Интернет под лиценцата на Creative Commons ” и
- “Блог-Археологија, создавање извори на знаење со отворен пристап“.
Оваков застарен пристап во археологијата мора да доживее реформа која ке се движи во правец на зголемена јавност на археолошките истражувања - која ке се постигне со промтни објавувања на археолошките истражувања користејки ги интернет технологиите ...
Впрочем ако ги земеме за пример зголемената јавност во работата на Парламентот и Владата на РМ ... и сите други Органи на управување се до локално ниво ... кое произлезе од законот за јавен пристап до информации ... сметам дека археолозите ке мора да пристапат кон реформирањето на нивниот застарен пристап на архео-истражувањата, каде Раководителите на истражувањата имаат можност дури неколку години да не ги објават јавно резултатите од истражувањата ...
Самите археолози ке “добијат на лепота“, како што вели народот кога почесто ке бидат медиумски експонирани ... секако дека не е битна нивната убавина, иако се вели дека меѓу МК археолози има најзгодни археолози/шкињи во планетарни размери ... туку е битно што преку јавноста на нивната работа ке се створи оправдување за се` поголемото трошење на јани пари ... а оној кој ги дава тие пари заслужува да ги добие веднаш и резултатите од трошењето на тие пари ... така ке се наградуваат луѓето кои работат а ке се изолираат оние кои никојпат не објавуваат за своите ископувања ... јас тоа го нарекувам “ЈАЛОВА АРХЕОЛОГИЈА“ ...
Во продолжение ке го пренесам целосно мојот последен коментар од последниот пост:
-
како неархеолог кој за археологија се инфирмира пред се од интернет ... сметам дека надлежните институци премалку го користат интернетот како аудиовизуелно средство за да ги запознаат граѓаните (и широката стручна јавност ...) со што тоа Македонија располага во археолошка смисла ... да покажат дека на просториве на МК континуирано живеат луѓе/цивилизации од неколку милениума пред Христа и по него се разбира ... тоа е културен идентитет кој никој не може да ни го земе, а со тоа тоа е дел и од националниот идентитет ... од взаемното компонирање и рекомпонирање на оделните културни периоди, дефинитивно е створен нашиот денешен Национален и Културен Идентитет ...
примерот на овој архео-локалитет (Вардарски Рид) покажува постоење на пет/шест града од различни временски периоди ... тоа е огромно богатство ... за жал најраните периоди на постоењето на градот се ограбени од подоцнешните цивилизации ... особено од римјаните ...но можеби за среќа локалитетот има многу мало присаство на слоеви од раното словенство и турскиот период ...
ке упатам повторна критика што МК археолози не ги представуваат пред светот поагресивно наодите од МК архео-локалитети ... погледни за пример која големина се сликите од МК сајтот за Вардарски Рид а која големина се сликите од Американскиот тексашки институт ...
има чести примери дека во музеите се забранува сликање на артефактите ... ЗОШТО ... или до скоро се забрануваше убицирање и јавно објавување на архео локалитетите ... ЗОШТО ...
дали тоа науката т.е. археолозите (дел од нив работат ЈАЛОВО ...) си ги присвојуваат локалитетите за свој научен престиж - ги кријат резултатите од ископувањата (сето покриено со закон за демек научно истражување ...)... ја мољакаат државата за книга или каталог ... тоа е ЈАЛОВ пристап во археолошката наука ...
во денешно време кога за многу малку пари може промтно да се покажуваат резултатите и по стручните форуми може брзо да се дојде до размена на сознанија ... бидејки архео локалитетите се светско културно наследство ... НЕОПРОСТИВО е што не се публикуваат промтно резултатите ...
дел од археолозите кога ке те видат со фотоапарат или камера на архео локалитет - се вадат од памет ... се однесуваат како архео локалитетот да е нивна сопственост ... тој менталитет/право на археолозите мора да го победиме со јавниот пристап ... дека тоа е општо културно добро од светски размери и ИМАМЕ ПРАВО сите да знаеме што се работи и КАКО се работи ...
често локалитетите се копаат и нестручно ... земјата не се просејува на пример ... не се употребуваат современи методи на архео истражување ... имало пристапи на ископување со булдожери и багери ... нема автоматско сликање фрејм по фрејм на ископината ... туку се оди по стари методи на квадратирање со конец и исцртавање ... тоа мора да се победи и да се осовремени археолошкот метод на истражувањето ...
понатака мора да се вклучат во тимовите историчари и стручни лица за стари јазици ... таков пристап за жал немаме ... меѓу археолозите и историчарите имаме стален конфликт и меѓусебно непочитување/непризнавање ... не познавам ниеден завршен проект меѓу археолог и стручњак за стари јазици, таму каде имаме написи ... на сите ни е познато дека написот вреди за 1000 артефакти ... и дека тој одредува дефинитивно за што се работи ... често не е битно само што пишува - туку од структурата на написот, графолошки стручни лица доаѓаат до научни сознанија за архео локалитетот ... особено за поврзување на архео локалитетите ...
од тебе како млад археолог и од твоите млади колеги очекувам да се изборите за нов пристап во археолошката наука, кој ке се темели на современи методи на истражување ... кои веднаш ке се прикажуваат на општата и научната јавност ... се разбира преку интернет технологиите ...
овие мои постови за археологија ги сметам како мал допринос на еден неархеолог кој се бори за нов пристап во археолошкото представување на резултатите од архео - истражувањата ... и за ЈАВНОСТ во арео ископувањата ...
- Музејот на Македонија - годишна археолошка изложба 2008-ма ... фото сторија ... 29 Декември, 2008 - 01:10
- Исар Марвинци ... Некрополите кај Марвинци - Валандовско ... The Necropolises at Marvinci ... 11 Јануари, 2009 - 17:51
- Вардарски Рид - Гевгелија ... Vardarski Rid - Gevgelija … 14 Јануари, 2009 - 20:56
- АРХЕО-ЦРКОВЕН туризам - МАКЕДОНИЈА ... 25 Мај, 2007 - 13:12
- Како да заработиме од културното наследство ... 8 Јуни, 2006 - 14:21
- ГОСПОД ...се грижи за нашите артефакти ... 18 Октомври, 2006 - 12:44
- Прирачник за археолошка етика ...
- Сократова заклетва кај Археолозите ... 21 Јуни, 2006 - 10:04
- АРХЕОЛОЗИТЕ ВО ДЕЛЧЕВО ... 26 Октомври, 2006 - 05:06
- ЕПОХАЛЕН НАОД за Македонскиот Идентитет ... 14 Октомври, 2006 - 14:04
No comments:
Post a Comment