Ѓорѓе Иванов е дефинитивно избран кандидат за Председател на РМ ... него на конвенција сношти го избраа делегатите на ВмроДпмне со тајно гласање ... 1016 делегати беа за него ... а 91 за “противкандидатот“ Тодор Петров ...
Знаеејки дека Ѓорѓе Иванов е образован во левичарски дух, до скора беше и многу близок и надежен социјалдемократ ... имам чувство дека најкасно за две години а може и порано ВмроДпмне ке се разиде со тогаш Претседателот Ѓорѓе Иванов и ке го третира како Претседателот Трајковски по разидувањето со неговите политики ... Левичарот по душа Ѓорѓе Иванов и десноорјентираната партија ВмроДпмне нема теоретска шанса долго да останат во брак ... осем ако ВмроДпмне не е веќе скриена лево орјентирана партија ... гледајки ги гледаме економските политики на Владата на ВмроДпмне - таа одавна е благо лево-орјентирана ...
За биографијата на Ѓорѓе Иванов прибрав информации во мојот предходен пост - Ѓорѓе Ѓорѓи Иванов - новата звезда на МК политичкото небо ... во постов ке се занимавам со некои извадоци на зборувањето и пишувањето на Ѓорѓе Иванов:
- Влегувам во кампања во која ќе ги искажувам ставовите на независните, (vmro-dpmne.org.mk ... 26.01.2009-та) на сите оние делови на општеството кои не можат да се промовираат, цивилниот сектор, интелектуалците ...
- Запрашан за тоа дали очекува поддршка од ДУИ, коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Иванов изјави дека неговите ставови за меѓуетничката соработка во Македонија ги искажува во предговорот на Рамковниот договор, што тој го напишал, но не е потпишан.
- ВМРО-ДПМНЕ има сила која обединува и сплотува. Оваа Влада, на чело со Никола Груевски, успеа да ги обедини сите околу себе и да создаде амбиент во кој сите се чувствуваме обединети Македонци, Албанци, Турци, Власи...
- Забележувам дека нешто се менува во оваа држава. Тоа укажува дека надежта, верата и оптимизмот стапуваат на сцена. Затоа, во времињата што доаѓаат ни треба слога, обединетост, ни треба претседател кој ќе не обединува ...
- На Македонија, напомена Груевски, за претседател и е потребен квалитетен, стабилен, чесен и разумен човек кој успеал со свој труд и кој ќе работи без лаги и интриги. - Посакувам претседател со кој ќе се конфронтирам, но не со интриги и лаги, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
- На Конвенцијата присуствуваа и претседателите на ДОМ, Демократскиот сојуз, Социјалистичката партија и Сојузот на Ромите, Лилјана Поповска, Павле Трајанов, Љубисав Иванов и Амди Бајрам. - Македонија има моќ бидејќи има длабоки корења, некои сакаат да ги исечат или да ни кажат дека сме со плиток корен.
- Македонија навистина треба да се гордее со своето наследство, меѓутоа тоа мора да биде во функција на иднината.
- Иднината што не очекува не е ни малце лесна ... - Разговор со Ѓорѓе Иванов ... bbc.co.uk/macedonian ... 15. Јануари 2009 ...
- Дали сметате дека можете да бидете претседател на сите граѓани независно од етничката припадност? ... ... Со самото тоа што се сум се нафатил да бидам кандидат се потврдува тоа. Во сите мои излагања приоритет била Македонија без разлика за кого станува збор.
- Каков ви е ставот за Охридскиот договор? ... ... Охрид стана наш устав. Влеговме во друг концепт по Охридскиот договор и концептот на мултиетничка демократија е на сцена.
- Значи чувствувате дека не е завршено расчистувањето со стариот систем? ... ...
- Па тие структури уште живеат кај нас. И тоа ни е тој баласт, олово на нозе што не дозволува Македонија да биде дел од нормалните држави и демократии. Старите структури уште владеат, старата инфраструктура. Земете ја цела јавна сфера наша. Така што тука сме многу, многу назад и затоа ни е таква состојбата во јавниот простор. Нема визии, нема концепт, туку само плукање, омаловажување и зошто некој не ја држи главната линија што ја промовира Б.Ц.
- Каде ги гледате вашите политички идоли? Чиј пример би сакале да го следите? ... ... Хавел беше периодот кога се рушеше комунизмот и он собра околу него интелектуалци кои беа на маргините на општеството од комунистичките структури собрани. И тие се собраа и покажаа дека со 'кадифена' револуција може да се смени системот. Ние тоа го почнавме, но не го завршивме. Јас бев дел од тој почеток, на крајот на социјализмот, затоа бев толку активен. Ние ги отворивме темите преку 'Млад Борец', преку 'Студентски збор', преку 'Младински форум', јас лично го донесов Ѓинѓиќ во Македонија во '86-'87. Ова е тоа што го почнавме во таа, да кажеме демократска пролет на Македонија, крајот на 80-те на некој начин да го продолжиме ... - YouTube - Д-р Ѓорѓе Иванов - Потребна и е европеизација на Македонија ... Јас сум пример дека од еден обичен човек дојден пред 30 години од провинција, кој имал желба да стане нешто - сум станал. На никого ништо не му должам, ...
- Мафија и кај анкетарите?! ... Вечер ... 11.05.2007 :: Бр. 13495 ...
- По инфлацијата на разноразни анкети и анализи на рејтинзи на телевизии, читаност на весници, рејтинг на партии, компании... просто беше прашање на време кога ИЗМАМАТА ќе се открие сама од себе ...
- Институтот според податоците на интернет сајтот њњњ. идсцс.орг.мк го водат млади луѓе, соработници на професорот од Правниот факултет Ѓорѓе Иванов, кој е и основач на Институтот за Демократија, Солидарност и Цивилно општество.
На сајтот пишува дека Институтот е основан 1999 година.
- Во факсот, потпишан од Иавнов кој важи за основач на Институтот, пишува дека заради политички притисоци од екс премиерот Бучковски ИНСТИТУТОТ НЕ ПОСТОИ ВЕЌЕ ЕДНА ГОДИНА!
- Една анкета се наплаќа од нарачателот од 3 до 10.000 евра. Институт за Демократија, оној вистинскиот што е основан од професор Ѓорѓе Иванов, а укинат пред една година, имаше релативно познато име во јавноста, а со тоа и соодветен углед и влијание. Јавноста, во поголем дел, не знае дека тој Институт воден од професор Иванов е укинат.
- по пишувањето во ВЕЧЕР денес цел ден нема пристап до сајтот на наводниот Институт за Демократија, на адреса њњњ. идсцс.орг.мк. Сајтот со податоците за наводниот Институт со уште понаводни анкети - исчезна! ... - Школа за Демократија ... тим ААБ ... Проф. Д-р. Денко Малески, Проф. Д-р. Ѓорѓе Иванов, Проф. Д-р. Владимир Милчин ... интересна екипа/тим де ...
ДЕМОКРАТИЈА Е ДА СИ:
СЛОБОДЕН, ОДГОВОРЕН, РАМНОПРАВЕН,
ИНТЕГРИРАН; И ДА ИМАШ ОСЕТ ЗА
ПЛУРАЛИЗАМ, ЗА ЈАВНОСТ, ЗА ПРАВДА. - ПРОФЕСОР ЃОРЃЕ ИВАНОВ: Системот е поставен да не функционира ... Вест ... Година: 6 Број:1586 Сабота 10/8/2005 ... - Преминот кон демократија кај нас е на ниво на форма, содржината е иста од стариот систем, ист менталитет, исти конекции. Проблемот е до супстратот. Вие имате нови институции, ама тие се старите институции од кои е избришан зборот социјалистичка. Избришан е само идеолошкиот предзнак. Не создадовме нова државотворност на демократски основи ...
- Тоа е проблемот на македонската транзиција. Во социјализмот командуваше Белград, метафорично: се чекаше писмото на Тито, нашите политичари тогаш ништо не преземаа. Сега не е Белград, сега се Брисел и Вашингтон. Нашите политичари, бидејќи имаат две места за клањање, не знаат попрво на кој да му се поклонат.
- Нашите политичари не сфаќаат дека кога си самостојна држава, не можеш да водиш политика само со НАТО и со ЕУ. Каде е регионалната политика, каде е медитеранската политика, кај се соседите?
- Системот уште 1991 со Уставот е поставен така за да биде блокиран, да не биде функционален. Оти, која е одговорноста на законодавната власт и во која земја постои законодавна власт која не одговара за своите постапки? Кој може да го распушти Собранието?
- ако не ја контролираш, власта станува апсолутна.
- Не се меѓуетничките конфликти проблемот во Македонија, проблемот е што оваа власт е неконтролирана. Таа власт што ќе добие мнозинство во Парламентот конституира извршна власт. Законодавната власт ги избира судиите. Каква е таа поделба на власт кога ист фактор е и во законодавната и во извршната и во судската власт? Тоа не е демократија, тоа е мнозинократија - кој има мнозинство, тој владее.
- Со ваква опозиција, која во целиот период била растурана од тајни служби, полицајци, кодоши, пак има едновластие.
- Нема демократија со полн капацитет во кој власта ќе биде контролирана и одговорна и прозивана.
- Како се однесуваат нашите медиуми 15 години? Тоа што власта нема правна основа, нема документ, ги пушта медиумите да ловат зајаци и после на тие приказни во медиумите се пушта полиција, доаѓа обвинителство и ги уништуваат сите тие што не се под контрола на власта. (колку ова ми личи на начинот како и сега се обрачунава власта со некои фирми ...)
- Кај нас 15 години ниеден политичар јавно не кажа дека градиме капитализам.
- Демократија е систем во кој народот ја легитимира власта, тој систем треба некој да го плаќа, а го плаќаат тие што создаваат доход, а не тие што трошат.
- Во Македонија не се разви капитализам. Во сите сфери има монополи, а тие постојат зашто на власта и требаат луѓе што ќе ги плаќаат нивните кампањи и нивните трошоци.
- Ако пуштеа 1991 година приватна иницијатива, да ги пуштеа луѓето да се збогатуваат, ќе беше богата и државата. Ама тогаш тие луѓе не можеш да ги контролираш пред избори. Капитализмот е голема вода, ако го пуштеа, сам ќе си создадеше корито: тој ќе бараше ефикасно судство, ефикасни институции.
- Постојано никнуваат нови установи, кои дури и немаат обврска да се отчитуваат. Кај сте виделе некои од тие тела да ја контролираат власта и да опстојат на својата активност до крај.
- Кој случај што е покренат од народен правобранител, од Антикорупциска комисија, од медиуми има правна завршница? Зошто немаа правна завршници сите криминали за кои пишуваа медиумите по смена на власта? Беа спомнувани милионски суми, големи проневери, дека државата е уништена, дека буџетот е потрошен.
- Улогата на политичарите е да се грижат дали ние имаме демократски амбиент, дали имаме клима за странски инвестиции, дали луѓето имаат егзистенција.
- Нашите политичари се однесуваат како да нема луѓе во оваа држава, како да се само тие во државата. Кога ќе сфатат дека покрај нив во оваа држава има народ кој бара леб, вработување, иднина?
- Кога се создава држава, државата создава институции, кои се функција на народот што живее во таа држава. Колку се нашите институции и нашите политичари во функција на овој народ? Што направиле за овој народ? Цело достоинство ни го срушиле, ни ги оспориле сите идентитети, направиле блокади во промоција ...
(јас скромно се потпишувам позади овие изјави на Иванов) ... - Иванов: „Референдумот е облик на директна демократија“ ... А1 ... 22.08.2004 00:00 ... ...
- Референдумот мора да се распише, затоа што потписите се собрани. Власта мора да се соочи со демократското владеење на народот, па затоа референдумот е директна демократија ... - Политички Теории ... Целта на предметот е студентите да се запознаат со основните концепти во развитокот на политичките теории, преку најважните филозофски пресвртници кои го обележуваат развојот на политичките идеи од времето на древните цивилизации па се до деветнаесеттиот век. ... ... темелен приказ на политичката мисла во античка Македонија. ... ...
- ДАЛИ ТРАНЗИЦИЈАТА ИМА КРАЈ ... Утрински - понеделник, 16 октомври 2006 ...
- Теоретстки транзицијата во Македонија е завршена, затоа што она подразбира премин од авторитарен или тоталитарен режим во демократски режим. Ние веќе имаме четири изборни циклуси на општи и демократски избори, и никој не ја оспорува веќе власта која се легитимира на тие избори. ... ...
- реформи, наједноставо кажано се промени кои носат подобро. Тоа е најкратката дефиниција. Значи секоја промена, која е насочена кон прогрес, е реформа. Ако не носи промена, прогрес и подобрување и ако тоа не го почувствува обичниот човек тоа веќе не е реформа, туку тоа е манипулација.
- што претставува успешна транзиција. ... ... треба да се каже каква транзиција имавме. Успешни се оние транзиции во кои почнала демократска консолидација. Значи кога се консолидира демократијата и профункционира со цел капацитет и тогаш е таа завршена транзиција и нормално функционира либерална демократија и таа си има свој развој.
... ...
- Неуспешните транзиции не значи дека тие се вратени во авторитарен или тоталитарен поредок туку оние кои тргнале кон демократија меѓутоа никој пат не стигнале до неа. И тоа можеби тука сме, спаѓаме и ние. Како во социјализмот она како револуција која тече или што го имавме од капитализам кон комунизам па преоден период ни беше социјализмот. Така да менталната матрица на нашите политичари е веројатно слична, да алибито постојано го бараат во тој премин, во транзицијата. ...
- Обичен народ ќе ви каже што ќе ми е гола слобода, треба нешто и да се јаде. Тука е поентата, да не дојде како оној вицот со магарето што го учеле да не јаде, кога го научиле тоа умрело. Односно да не е нашиот народ веќе изгуби довербата во слободата односно во демократија, либерализам, цивилно општество и да каже доста ни беше демократија. Треба да бидат нашите политички елити свесни дека го губат легитимитетот на демократијата, веќе демократијата, пазарот, слободата за обичниот човек ништо не значат ако нему ништо не му носат ... - Младите во држава се исполитизирани, но матрицата на таквото нивно однесување ја наоѓа на сосема друго место. ? ... ... Кај нас се води исклучива политика. Не постои идеологија, туку гнев. Тоа создава рововска политика.
- Имаше цел спектар партии кои се појавија во Македонија, но останаа само две популистички опции, кои уште во самиот почеток се поделија на бивши комунисти, и на оние кои биле угнетувани од комунизмот.
- Тоа се случи и во албанскиот кампус.
- Таквата политика доведе до тоа и младите да се поделат. Младите кај нас се како клонирани.
- Младите се исполитизирани затоа што учат од партиските елити. Во другите земји подмладоците заедно генерациски се организираат и комуницираат. Таму се идеолошки поделени, но не и возрасно или според младешките интереси. Таму исклучивоста не е врз основа на видот, туку врз основа на идеите. Кај нас исклучивоста е врз основа на видот - ти си од тоа семејство, тоа е вмровско, или есдеесовско и нема со тебе комуникација. Фактички се гледаат преку нишан, а кога се гледаш преку нишан целта е да ликвидираш.
- Вториот проблем е што кај нас нема политичка култура или, доколку ја има, таа е авторитарна. Сите бараат некоја месија, некој да ги спаси. Затоа и во партиите сите се собираат околу лидерот, и тој има моќ да прави што сака со нив. Оттука ниту во партиите не постои кадровска обнова врз принцип на регрутација, мобилизација, туку ќе дојде еден млад човек и сака да ги имитира постарите. А и постарите влегоа во политика многу млади. Љупчо и Бранко влегоа во политиката кога имаа по 25-26 години и тоа на високи државни позиции. Сега можете да ги забележите нивните манири: арогантност, дрскост, нетрпеливост.
- Тие немаат желба да сослушаат што мисли другиот, туку веднаш го исклучуваат
- Кога ќе спадне стандардот на населението на ова ниво, и кога младиот човек не се обидува сам да успее, бидејќи нема шанса да се пробие, единствен излез гледа во политиката. Во најголем број случаи, нивната ментална матрица е заробена од промоцијата на некои партии и од тезата дека успеваат само тие што влегуваат во партии. Младите не сакаат да преземат ризик затоа што имаат поданичка свест. Сакаат да робуваат. Тие се во доброволно ропство. Таква им е менталната конструкција ...
- на младите во државава им се блокирани сите канали за промоција во општеството. ?За да успееш мораш тоа да го сториш преку партијата и оттука не треба да биде изненадување доколку сите оние кои се похрабри или едноставно не сакаат да учествуваат во тој процес, почнат масовно да се иселуваат од државата ...
No comments:
Post a Comment