Потписници на иницијативата за избор на Ѓорѓи Иванов се: Зоран Ставрески, Гордана Јанкулоска, Антонио Милошоски, Ивица Боцевски, Љубиша Георгиевски, Влатко Ѓорчев, Паско Кузман, Владо Талески, Борис Змејковски, Александар Николоски, Бранислав Саркањац, Светомир Шкариќ, Саша Митрев, Златко Жоглев, Гордана Силјановска, Велимир Стојковски, Љубомир Кекеновски и Вилма Трајковска ...
- Ивановски се предлага како непартиска личност, иако во последните неколку години е близок до врвот на ВмроДпмне и е советник на Премиерот Груевски ...
Груевски ако е тоа и негов избор се одлучува како и во случајот на Вицепремиерите, Ставревски и Боцевски, Министерката Јанкуловска за интелектуалец кој не произлегува од редовите на ВмроДпмне, но по негово мислење нема политички опашки ... тоа можеби повторно ке налути некои постари членови на ВмроДпмне, но тие сега се малцинство во нивната партија ... како и да е, кого и да предложи Груевски членството на ВмроДпмне ке го прифати ... во партијата одавна владее практиката “како ке каже лидерот“ ...
Кој е Ѓорѓи Иванов ... сите знаете дека за човек кој не ми е доволно познат правам за себе мало интернет истражување, кој е и со што се занимавал до сега ... дали ова ке биде единствениот кандидат со кој Вмро-Дпмне ке излезе на конвенцијата ... или ке има уште барем некој кандидат ... Премиерот Груевски се изјасни дека во предпроцедура имало барем неколку кандидати за Претседател, четворица чинам ... Веројатноста дека Саркањац бил еден од нив е голема - но со кандидирањето на Иванов веројатноста дека Саркањац ке биде контракандидат е мала ... бидејки тие со Иванов се од исто миље ... миље на аналитичари кои се советници на Премиерот Георгиевски и осмислувачи на платформата за политичко дејствување на Вмро-Дпмне ... најчестите гости на трибините кои во последно време индиректно ги организираше ВмроДпмне ...
Нека ми прости Ѓорѓи Иванов што со овој пост ке си дозволам да го вивисецирам неговиот лик и дело ... но тој од вчера па навака стана јавна личност од висок интерес на јавноста ... и приватносто со тоа ја загуби ... веројатно некои од неговите мисли ке бидат извадени од контекст ... но ке се трудам тоа да биде сведено на минимум ...
** Во тој правец на биографијата на Ѓорѓи Иванов веќе сум претркан од соблогерот Андреј - кој денеска излезе со пост: д-р Ѓорги Иванов:
- Роден 1960 год. во Валандово каде завршил основно и средно образование. Во 1982 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Постдипломски студии завршил на Правниот факултет и магистрирал во 1994 година со тезата: Цивилно општество – стара тема нови контрадикции. Во 1998 година докторирал на Правниот факултет во Скопје со одбрана на дисертацијата – Демократијата во поделените општества, со посебен осврт на Република Македонија.
- Кариера ... ... Од 1988 до 1995 година работел како уредник во Третата програма на Македонското радио.
Во 1995 е избран за асистент на Правниот факултет во Скопје а во 1998 за доцент на предметите Политички теории и Политичка филозофија.
Во 1999 година е избран за визитинг професор на постдипломските студии за Југоисточна Европа на универзитетот во Атина.
Од 2000 година е член на Советот на директори на европските постдипломски студии за демократија и човекови права на универзитетот во Болоња и координатор на курсот за демократија, што се изведува на универзитетот во Сараево.
Од 2001 година е раководител на Политичките студии при Правниот факултет во Скопје.
Во 2002 е избран за вонреден професор.
Во 2008 е избран за редовен професор.
Од 2004 до 2008 бил продекан на Правниот факултет.
Од 2008 година е претседател е на Одборот за акредитација на високото образование на Република Македонија.
Раководител е на проектите:
- Tempus JEP-41035-2006
- Master Programme in EU Institutions and Policies, Master Programme in Political Management
- Теmpus IV ETF-JP-00442-2008 - Example of Excellence in Joint (Degree) Programme Development in South-Eastern-Europe
Со свои излагања и презентации учествувал на повеќе меѓународни конференции, научни собири и семинари од кои како позначајни се:
* 1989 Transition to democracy in Central - East Europe, Subotica (SRJ)
* 1991 First meeting of the Greek and Macedonian intellectuals in Athens (Greece)
* 1991 The intellectuals of the Balkans against the war, Delphi (Greece)
* 1993 Defanse des victimes de la purification etnique, Paris (France)
* 1996 First Balkan congress of the peace movements in Thessaloniki (Greece)
* 1997 International Conference Civil Society in the Countries in Transition - Comparative Analysis and Practice, 29-31 may. Subotica.
* 1997 International Scientific Conference: Open Society - Possibilities and perspectives,8-9 may. Podgorica
* 1998 Conference of Balkan countries youth organizations for peace, work and cooperation, 9-12 July, Thessaloniki, Greece
* 1999 International Scientific Forum, Economic and Cultural Relations Congress, January 29-30, 1999 Athens, Greece
* 1999 Institute of United States Studies – Sumer Institute: Civic Education and the Practice of Democracy 2-31 July, University of London
* 2000 International Workshop: Democratic Reconstruction in the Balkans, 31 January – 4 February – International University Centre for Political Science and Democracy – Budva, Montenegro
* 2000 Halki International Seminars:, "Shaping Europe's Future: Networking with Young Leaders from SEE, the Black Sea Region, the EU member states and the United States", Hellenic Foundation for European and Foreign Policy - Halki, Greece
* Young Leader Academy - Regional networking for young right-wing leaders form the Balkans, 8. Apr. 2006, Скопје
* Research Workshop - 24/25 November 2006 at the University of Graz Research Project UnivSOE, Institutions of Tertiary Education in Central and South East Europe, Developments, Structures and Perspectives of these Institutions for their Integration into the European Higher Education and Research AreaEffective participation and representation in democratic societies, OSCE-ODIHR Warsaw, 16-18 may 2007
* Lustration - Dealing with the Totalitarian/Authoritarian Past by Legal Means, 18 - 22 February 2008, Berlin.
* Identity, Integrations and Power Politics - Network of Schools of Political Studies, 3 April 2008 Mavrovo, - Книги: ... ...· Цивилно општество – новите противречности на старата расправа, СТЕП - Скопје, 1994.
· Демократијата во поделените општества: Македонскиот модел, Скопје, 1998
· Современи политички теории (коавторство со Љубомир Д. Фрчкоски,) Скопје,2003,
· Политички теории- Антика (коавторство со Светомир Шкариќ),Скопје, 2006 - Одбрани статии: ... ... · Посткомунизмот и цивилното општество – Списание, Трета програма бр. 45-46, Скопје 1991.
· Societas Civilis-Стара расправа нови контрадикции- Диалог, 1/1992. Скопје.
· “Подводната струја" на третиот бран на демократијата, Годишник, Правен факултет Скопје, No. XXXVII - 1996/98.
· Изборните системи во поделените општества, Зборник на трудови, Правен факултет Скопје 1996.
· Postcommunist traumas: Reflections from Macedonia - Open Society - Possibilities and perspectives, Podgorica.1998.
· Демократската консолидација – рефлексии од Македонија. Зборник на трудови, Правен факултет Скопје 1996.
· Правото во ерата на Интернет, Зборник: Независното судство и правната држава, Правен факултет Скопје 1997.
· Internet - New media for Law Journals , Computers and Law - Journal for Legal Informatics Vol.5, No.1, May 1997- Belgrade.
· Од јавно и приватно до “cyberlaw” , Зборник: Јавно и приватно право , Правен факултет , Скопје 1998 година.
· Влијанието на изборниот модел врз половата структура во политиката, Зборник од научен собир: Жените и политиката, Скопје 1998.
· "Civil Society in Southeast Europe", Lecture for the Master's Degree in Southeast European Studies Athens, 1999.
· The Consolidation of the Democracy and the Civil Society : Case of Macedonia - Civil Society in the Countries in Transition - Comparative Analysis and Practice (edited by: Milan Podunavac, Nadia Skenderovic Cuk). Open University Subotica, 1999.
· Како судовите треба да ги користат компјутерите и Интернет како алатка за правни истражувања и комуникација, Прва Конференција за судска технологија, МПРЦ, Врховен суд на РМ ABA/CELI, Скопје 1999.
· Национален извештај за човековиот развој , Македонија 1999 – коавторство, UNDP 1999
· Моќта на немоќните – демократијата и цивилното општество во Македонија, Зборник: Развитокот на политичкиот и правниот систем на Република Македонија, Правен факултет, Скопје 2000 година.
· Македонија на Балканот – Балканот во Македонија, Списание Трета програма, бр. 50, Скопје 2000.
· Глобализам и нов трибализам, Културен живот 2/2001.
· Албанското прашање во Македонија до 2000 година, Зборник во чест на Никола Сотировски и Владимир Картов, Правен Факултет, Скопје 2001.
· Консоцијативна демократија, Зборник во чест на животот и делото на Стеван Габер, Правен Факултет, Скопје 2001.
· Burgerliche Gesellschaft v.v. Civil Society, Годишник на Правниот Факултет, том 39, книга II/III, Скопје 2001
· Авторски прилог во брошурата: Нацрт-Амандманите на Уставот на Република Македонија, Прилог кон Јавната расправа, Правен факултет, Скопје, 2001.
· "The Power of the Powerless": Democracy and Civil Society in Macedonia, Democratic reconstruction in the Balkans, CSD University of Westminster, London 2001
( http://www.wmin.ac.uk/sshl/pdf/DemocraticReconstructionBalkans.pdf )
· Поговор на книгата: Џон Роулс Теорија на праведноста, Слово, Скопје, 2002.
· Цивилното општество во Македонија од аспект на Евроинтеграцијата, Зборник Евроинтеграцијата на правниот, политичкиот и општествениот систем на Република Македонија, Правен факултет, Скопје 2002.
· Тhe model of Democracy in the Text of Framework Agreement of August 13, 2001, Macedonian Affairs, Vol.IV, No.1, 2002
· Globalism and New Tribalism – The Macedonian Wiew, - Macedonia on Globalization (Edited by Natalija Nikolovska), Global ScholaryPublications, New York, 2004
- Ѓорѓи Иванов е роден 1960 година во Валандово, каде завршил основно и средно образование. Во 1982 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Постдипломски студии завршил на Правниот факултет и магистрирал во 1994 година со тезата: Цивилно општество - стара тема нови контрадикции. Четири години подоцна успешно ја одбранил докторската дисертација - Демократијата во поделените општества, со посебен осврт на Република Македонија.
Во 1995 е избран за асистент на Правниот факултет во Скопје, а во 1998 за доцент на предметите Политички теории и Политичка филозофија. Една година подоцна е е избран за визитинг професор на постдипломските студии за Југоисточна Европа на универзитетот во Атина. Од 2000 година е член на Советот на директори на европските постдипломски студии за демократија и човекови права на универзитетот во Болоња и координатор на курсот за демократија, што се изведува на универзитетот во Сараево. Од 2001 година е раководител на Политичките студии при Правниот факултет во Скопје. Во 2002 е избран за вонреден професор. Во 2008 е избран за редовен професор. Од 2004 до 2008 бил продекан на Правниот факултет. Од 2008 година е претседател е на Одборот за акредитација на високото образование на Република Македонија. Иванов досега бил раководител на проектите:
- Tempus JEP-41035-2006
- Master Programme in EU Institutions and Policies, Master Programme in Political Management
- Tempus IV ETF-JP-00442-2008 - Example of Excellence in Joint (Degree) Programme Development in South-Eastern-Europe
Има објавувано трудови во повеќе британски, американски и германски стручни и еминентни списанија.
*** Од биографијата на Иванов се гледа дека е интелектуалец кој ги има потребните предиспозиции за Претседател на РМ ... Интересна е констатацијата на многумина кои пишувале текст каде се споменува името на Професорот Иванов дека тој долги години бил умерен левичар ... имено тој е оснивач на сега веќе угледниот институт за ипитување на јавно мнение “Институт за демократија“ ... за кој многумина велат дека на времето го формирал СДСМ за да има можност да врши “контролирано“ испитување на јавното мнение ...
- СДСМ со Иванов доаѓа во несогласувања по повеќе основи, но карактеристични се два ... првиот е познатиот случај “Југ“ - каде братот на Иванов е осомничен дека како еден од водечките луѓе во граничната полиција учествувал во шверц со возила ... за што имаше судски процес кој не знам како заврши осем што братот на Иванов останал без работно место, а извесно време беше и во притвор ... За истиот случај во една изборна кампања Груевски ке изјави дека ке се преиспита судската одлука за Иванов - кога тие ке дојдат на власт ... тука Груевски ми заличи на сегашната опзиција која стално тврди дека кога таа ке дојде на власт се нешто ке преипитува ...
- Блажо Иванов е обвинет за криумчарење и е во притвор од средината на јануари годинава. Првообвинетиот во случајот „Југ“ Дејан Стамков, го посочил братот на Ѓорѓи Иванов, кој бил помошник-командир во СВР Гевгелија, дека помагал во шверцот на возила од Грција, кои биле набавени со криминални активности.
- Обвинителството ги претставува писмените докази - ПРОДОЛЖЕНИЕ НА СУДЕЊЕТО „ЈУГ“ ...
- СДСМ го обвини Ѓорѓи Иванов дека ги злоупотребува анкетите на Институтот за демократија за да ги наруши нивниот углед и рејтинг, бидејќи неговиот брат е еден од осомничените за организиран криминал во случајот „Југ“. Институтот за демократија вчера објави анкета во која рејтингот на СДСМ е за околу 9 отсто помал од тој на ВМРО-ДПМНЕ.
** Институтот за Демократија „Социетас Цивилис“ е граѓанска, невладина, непартиска, непрофитна и секуларна организација основана во 1999 година. Целите на Институтот се да работи на подобрувањето на демократските процеси во Македонија и на развојот на политичката култура на граѓаните.
- Институтот со точноста на своите истражувања успеа да ги предвиди исходите од парламентарните избори 2002 и 2006, како и претседателските избори 2004.
» Центар за Евро- атлантски интеграции
» Центар за политички систем и локална самоуправа
» Центар за научни истражувања
» Политички информатори;
» Политички студии;
» Анкети на јавното мислење и анализи;
» Тромесечно списание „Политичка Мисла“;
» Книги од областа на политичките науки.
*** Чудни се некои мислења кои скоро ги имам слушнато и од Премиерот Груевски (а и од други перјаници во ВмроДпмне, Ѓорчев и Милошоски ...) дека СДСМ е во длабока криза и дека тие (опозицијата) мора да најдат начин да излезат од таквата криза ... изворно тоа се некои размисли на Иванов дадени во некои јавни трибини на кои често учествува ... за жал се изнагледавме на еднопартиски трибини во последните две години, каде учествуваат интелектуалци - само истомисленици ... ги имаше во двата поголеми партиски табора, едните во скриена организација на ВмроДпмне преку разни невладини организации а другите или кај Претседателот или подпомогнати од НВО-а кои имаат печат на СДСМ ...
*** Иванов овие две години е стален кандидат на листата на Премиерот Георгиевски ... де за претседателското место на ДИК ... де за амбасадор во Лондон ... де за главен преговарач за името ... да не заборавам да спомнам дека тој е Председател на Одборот за акредитација во високото образование ...
*** Ѓорѓи Иванов е чест гостин на разни трибини и конфернции ... едно време беше во друштвото на трибинаши кои се омилени на СДСМ ... но во последно време е учесник во трибини кои се подржани од ВмроДпмне ... за него е битно дека тој на трибините повеќе излегува како теоретичар од струката со која се занимава ... а поретко држи некоја страна ... се чини дека има своја линија на теоретско размислување од која по референдумот за територијалната поделба не одстапува ...
*** Интересна е размислата на Иванов дека без активна опозиција нема Демократија - и дека демократизирањето на Македонија повеќе зависи од партиите од опозицијата ... дека неучеството на опозицијата во демократските процеси директно ја руши демократијата ... и дека тогаш одговорноста за влошувањето на демократските процеси всушност е кај опозицијата која ги кочи демократските процеси неучествувајки активно во нив ... во истото интервју тој ги фали/критикува зголемените права кои ги доби албанското малцинство со рамковната спогодба, со што се здоби со можност да ја кочи/унапредува демократијата во РМ ...
*** Ѓорѓи Иванов е советник и веројатно еден од творците на политиката на ВмроДпмне во врска со спорот со нашето име ... тој го застапува ставот за непопуштање во нешто што неможе да се попушти, бидејки нашето име е одраз на нашиот идентитет ... и често во последно време вели дека и да сакаме некаде да попуштиме ние само се залажуваме бидејки Грција е таа која не попушта ни за јота, така всушност ја злоупотребува позицијата која ја има во меѓународната заедница, НАТО и ЕУ ... За Грција е поразно да станеме членка на НАТО, бидејки тогаш ке и отпадне главниот аргумент за нејжиното противење во ЕУ интегрирањето на Македонија а тоа се добрососедските односи и територијални претензии ... бидејки Иванов вели во една трибина ако станеме членка на НАТО, тогаш како ке се правда Грција дека сме опасност по нејзината територија и интегритет ...
*** Ѓорѓи Иванов е против концептот на етнички партии/коалиции а за концепт на идеолошки партии/коалиции ... имам впечаток дека теоретски Иванов повеќе сака да ја посматра/опсервира опозицијата одколку позицијата ...
*** Иванов сугерира дека партијата на власт треба стално да ослушнува што вели народот и опозицијата ... Немањето слух на партиите за гласот на народот причина за апатијата меѓу луѓето ...
** „Македонија се стреми кон земја без држава“? .. ... . Професорот Ѓорѓи Иванов, авторот на анализата за политичката и институционалната стабилност во Македонија презентираше резултати кои покажуваат огромна недоверба на граѓаните во институциите на системот. ... ... "Тоа во теорија ние го нарекуваме, има една строга дефиниција, Македонија се стреми кон земја без држава“. ...
*** Ѓорѓи Иванов е еден од интелектуалците кои побараа одговорност од сегашниот претседател на РМ ... Ѓорѓи Иванов, смета дека Претседателот плаче за некој да го повика на одговорност и дека оваа трибина е парастос на еден политички мртовец и системот на негово владеење, наречен султанизам.
- Тоа е фактички облик на лична власт, лична власт во која го суспендира владеењето на правото. Тоа е облик на лично владеење во кое вашата општествена хиерархија зависи од блискоста со лидерот, односно од владетелот. Вашите економски и политички успеси се резултат на вашиот однос со владетелот, изјави универзитетскиот професор, Ѓорѓи Иванов.
** Левите десничари за десните левичари ... Македонска дебатна ода на глупавоста ... имале дебата од страна на “десничарите“ како да ги спаселе “левичарите“... Хумористично, нема што ...
*** Ѓорѓи Иванов е еден од гостите и соговорниците на Миленко Неделковски и неговата емисија Late Night Show на тема Името и идентитетот не се за пазарење ...
- Поента е во тоа што во партиите се негува таканаречена примордијална лојалност, односно приврзаност кон племенското, кон она од каде ти потекнуваат семејните корени, а не лојалност кон конкретна партиска идеологија. Тогаш и партиите стануваат родовски или етнички заедници. Затоа ни се случува да имаме и етнички партии, а не партии базирани врз некоја идеологија - вели Иванов.
- Тој смета дека допрва државните институции ќе се полнат со демократски супстрат, бидејќи ако во партијата има "племенска" структура, тогаш ништо друго не може да се очекува ниту во државните институции ...
** Не верувајте во анкети и рејтинзи! - Како Институтот за Демократија замислува јавно мислење ...
- По неколкуте гафови и подметнувања со наводни испитувања јавно мислење кои ги направи Институтот за Демократија, познат како Институт на Ѓорѓи Иванов, за подолг период ќе мора да се запре со довербата во домашните агенции за испитување на јавното мислење.
- Накусо: добар дел од агенциите лажат, Институтот за Демократија најмногу, и даваат порачани податоци.
** СДСМ во "слободен пад" ...
- Ситуацијата со СДСМ е загрижувачка за демократијата во Македонија. Со ваков рејтинг се доведува во прашање парламентарната контрола на власта - оценува професор Ѓорѓи Иванов, изработувач на политичкиот дел од Извештајот на УНДП.
Според него, очајно лошиот резултат на СДСМ се должи на внатрепартиските односи, промените на лидерската позиција со отсуство на партиска консолидација и отцепувањето на дел од партијата и формирањето на НСДП, која во моментов има ист рејтинг како и СДСМ. Според анализата на Иванов, клучен за пропастот на СДСМ бил периодот јануари 2003 до септември 2004 година. Тогаш се одржа референдумот за територијалната поделба, по кој, како што вели Иванов, СДСМ е во "слободен пад".
- За разлика од опозициската, владејачката ВМРО-ДПМНЕ го одржува својот висок рејтинг, оти граѓаните позитивно го оценуваат нејзиното досегашно практицирање на власта. Според Иванов, апсолутно е неточно објаснувањето дека поддршката што ја има ВМРО-ДПМНЕ се должи на популизам, бидејќи најголем дел од партиските поддржувачи се интелектуалци и граѓани со високи плати.
- Највисоката доверба во ВМРО-ДПМНЕ доаѓа од менаџерите (50%), од оние со примања од 21.000 до 30.000 денари (34,2%), со средно (29,6%) и високо образование (26%). Не може да се очекува овие категории на граѓани да бидат подложни на популизам - смета Иванов.
** Груевски ќе се соочи со кривична одговорност поради партиски вработувања ...
- Периодот на премостување во власта, кога владата практично е во оставка и кога треба да има само техничка функција, не подразбира донесување одлуки што имаат потреба од верификација. Ова со вработувањето партиски кадри во државната администрација може да се протолкува како политички волунтаризам и политичко насилство. Практично не функционира правната држава, не се почитуваат законите, процедурите, потенцира Ѓорѓи Иванов, професор на Правен факултет, експерт за политички систем. Предизвикувањето огромна буџетска дупка е фикција и трошење на сў уште неконституираната влада, смета Иванов. Или владата, сакала или не, во почетокот на мандатот, наместо да се занимава со сериозни проблеми што ја потресуваат државата, ќе мора да го отвори токму ?тестаментот" што го наследува од ВМРО-ДПМНЕ, ЛП и ДПА
** Нашиот брод е во базен, а не на отворено море ... интервју: ЃОРЃИ ИВАНОВ, ПОЛИТИКОЛОГ
- Поради немањето демократија во партиите, нема демократија ни во државата, непочитувањето на партискиот Статут, тие исти луѓе не го почитуваат ниту Уставот ниту правниот поредок на државата, изјавува Иванов ...
- Партиски султанизам ... Главните политички партии со години инсталираат општа партизација на општеството. Партиската книшка и позицијата во партиската хиерархија станаа главен и единствен начин за општествена промоција со сите негативни ефекти што го следат тоа? Како да се спротивставиме на тоа?
- Партизацијата се случува во секое општество што не обезбедило да профункционира слободниот пазар во економијата. Без слободен пазар немате натпревар. Немањето натпревар во економијата доведува да нема натпревар ни во политиката. Општеството се затвора и нема проодност во општествената хиерархија. Се замрзнуваат односите во општеството и на сцена стапуваат партиите, кои ви го одредуваат местото за кое тие мислат дека ви припаѓа. Партиите го третираат населението како ?малолетноо? зашто така најлесно се владее и не се нарушува системот на привилегии стекнат со партиска лојалност. Внатре во партиите исто така нема натпревар, туку еден вид ?султанизамм?, кој ги наградува само послушните.
Тоа се институционализира со пропорционалниот изборен модел кога шефот на партијата е тој што го одредува редоследот на изборните листи. Така на површина ни доаѓаат површни луѓе. - Колку во самите партии, во нивните раководни структури, постои подготвеност за менување на тој модел на општата партизација?
- Подготвеноста секогаш е поголема кога партиите се во опозиција и кога се преиспитува неуспехот на изборите кога е изгубена власта. Затоа се вели дека најдобар политичар е паднат политичар бидејќи го фатила еврејската клетва, да саде Господ да имаш, па да немаш. Тогаш најдобро се учи и се прави с$ за да не се прават грешки што ќе доведат до губење на власта. Ако ништо не се промени во партијата додека е во опозиција, се повторува истата приказна кога ќе се врати таквата партија на власт. Со самиот факт што ние сме една од ретките земји што има неуспешна транзиција, доволно укажува колку биле и колку се подготвени раководните структури да ја променат воспоставената тотална партизација на општеството.
- "Ние сè уште не знаеме што сакаме. Де ќе градиме политичка нација, де ќе градиме мултиетничка нација, мултикултуризам...".
- "Тоа е тотална несериозност од страна на политичари кои не знаат што сакаат. Да знаевме што сакаме, до сега ќе бевме членка на ЕУ или на НАТО. Ќе имаше некоја безбедност и колку-толку економска сигурност", оценува професорот
- ЗаИванов ова е "чедоморство", со кое поли тичарите сами себеси се не гираат. Во правото се вели: ако законот не извира од реал носта како ќе го спро ведете во реалноста.
- Менталниот склоп на нашите политичари - оценува Иванов - е црно-бел. Тие не можат да гледаат во анфас, а камоли во боја. Демократијата треба да се гледа во сите можни бои.
- Одењето на власта контра народот, за професорот Иванов е удирање глава в
ѕид, што може да биде предизвикано само доколку се нема демократски капацитет за соочување со про блемот.
- Влегу ваме во тој вртлог на етно политика, која постојано во ди во конфликт.
** Интервју на професор Иванов за А1 ... 27.07.2001 ...
- На сцена е глобализмот кој ја наметнува стратегијата на моќта на парите, изјави професорот на Правниот факултет Ѓорѓи Иванов во интервјуто за А1 на тема „Има ли економска позадина војната во Македонија?“.
- На крајот од интервјуто на прашањето кој најмногу ќе профитира од војнава професорот Иванов одговори: „Тие што ги потпишуваат договорите за набавка на оружје“.
**
1 comment:
Как говорилось на Seexi.net живу с мол.чел. люблю его,собираемся пожениться...НО в моих мыслях каждый день есть другой..тот в которого я с самого детства влюблена..у нас было пару лет назад роман,Но он бабник(( когда я его вижу меня жутко к нему тянет,(видемяс мы с ним некоторое количество раз в году,на д.р.общих друзей,туда я хожу без собственного мол.чел)...я часто о нем думаю..не знаю что мне делать...это ужасно...
Post a Comment