Search This Blog

Tuesday, January 27, 2009

„Сведмилк“ - се` поголем проблем ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/CDCF975402AA0D4A84BE997D50B5EE17.jpg

Од ден на ден „Сведмилк“ станува се` поголем проблем, со кој на некаков начин ке мора да се позабават и институциите на Македонија ... Очито е дека внатре има некаква дубара која треба да се раскринка ...

читај повеќе »

Најдебелиот крај сега засега го трпат фармерите/производителите на млеко ... кои шести месец не виделе бела пара од „Сведмилк“ ...

Се спомнуваат неколку стотини покрупни фармери, кои во млекопроизводствот влегле со дебели кредити и елан за работа ... млекото го давале секојдневно а пари јок ... некои се во була и со стотина иљади евра предадено млеко ... дел од овие фармери имаат вработено кој по дваица, кој по троица ... сите се шест месеци без пара ... банките им тропаат на врата ... децата им одат во школо ... жените им правар учек ... се активираат хипотеките ... проблемот станува многу крупен, за да не се огласат МК институции и да откријат кој ги мафта сточарите/фармерите, кој е ороводецот ... млекото до сега не се фрлаше ... имаше производство кое беше барано ... производи кои се квалитетни и се трошат во маркетите ...

Шведската влада одлучи да се повлече од „Сведмилк“ ... прочитаа дека во државата ни - нема правна сигурност, која ке ја заштити инвестицијата ... тие го продаваат својот удел ...

На Груевски, кој за случајот молчи ... не му требаат сточари на улици кои ги блокираат, истурајки го млекото ... време на избори е ... ке мора да се замеша ... и да најде начин како оваа успешна приказна за гринфилд странска инвестиција - не се претвори во најнегативна реклама за странсите инвестиции ... кои и без ова се на дното ... мома која ке изгуби невиност никојпат повеќе не се омажува ...

Во време на избори секој протест на граѓаните е голем минус и оди на штета на шансите на владините кандидати во изборниот циклус ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter