Актуелната “Улична Демократија“ (прекинување на сообраќај ...), наголемо практикувана додека ВмроДпмне беше во опозиција ... (сетите се само на “Гласот на Светлината“ и блокирањето на скопските улици ... блокирањето на многу патни правци ...), се прекинува со “пендрак демократија“ ...
Сега кога оправдано протестираат производителите на млеко/фармерите, во кои оваа Влада се крстеше и ги промовираше - кои се оштетени за повеќе од 5 милиони евра (на кои им се плени имотот, поради хипотеките ...) власта на ВмроДпмне ги третира со “пендрак демократија“ ... Пред малку проструи вест на вестите на Канал 5, дека “со пендраци се растерани многуте демонстранти кои деновиве блокираа улици и патишта“ ... се разбира полицијата демантира, демек “штрајкувачите сами се разотишле, без примена на средства за присила ...“... гледам актуелноста на настанот се пренела и во Собранието, преку пратеничките прашања ...
На народ пендрак не се дига, бидејки пендракот, т.е. стапот имаат два краја ... што ке си посееш, покасно ке си ожнееш ...
Ако е дигнат пендрак на народот, кој си ги бара своите пари, кои во измама му се ускратени - тогаш ова е голема грешка на оваа Влада ... тепачи на својот народ не се достојни да бидат носители на власт над народот ...
No comments:
Post a Comment