Search This Blog

Thursday, January 08, 2009

Централ Парк - Ново Лисиче ... Меморијал Тоше Проески ...

http://www.novamakedonija.com.mk/images/Editions/21582%20663/fontana.jpg
Централ Парк - Ново Лисиче ... Меморијал Тоше Проески ...
  • Улицата посветена на Тоше Проески во Ново Лисиче ќе заличи на њујоршкиот Централ парк, според победничкиот проект на конкурсот за уредување на овој дел што го распиша општината Аеродром. Првата награда во висина од 150 илјади денари му припадна на Филип Богатинов, втората од 90 илјади на Снежана Клинчарова, а третата од 60 илјади денари на Марија Павловиќ Латас и на Бранкица Голев.
  • Овој труд во архитектонското решение предвидува два кружни плоштада на влезот и на излезот на таканаречената детска улица во Ново Лисиче, која со одлука на советот на Аеродром и беше посветена на трагично загинатата музичка ѕвезда. Ќе се прават столбови без капители, кои ќе ја изразуваат симболиката на прерано згаснатиот живот на Тоше. Главната поента е централниот плоштад во пешачката зона. Тука се предвидени повеќе симболични содржини, меѓу кои се и четирите столба, колку што имаше членови бендот на Тоше Проески. Реализацијата на проектот треба да почне со изградбата на фонтаната предвидена во него.

1 comment:

Anonymous said...

Edna golema,golema vozdiska.......

Blog Archive

Site Meter