Search This Blog

Thursday, January 01, 2009

Честитка ...

http://www.vreme.com.mk/images/Image/mehta%20GTR01-143211-pih.jpg

Во време кога во ушите ми допираат звуците на традиционалниот виенски новогодишен концерт - на сите луѓе со добра воља, им посакувам се најубаво во оваа година ... радост, среќа, љубов, здравје и се разбира РАБОТА и ПАРИ, за да можат да ја тераат живеачката во оваа нова 2009-та ...

читај повеќе »

Новите години се значајни бидејки тогаш со јачината на својот дух - можеш да почнеш нов начин на живот, со оптимизам и елан дека оваа година ке биде подобра од минатите ... тоа особено важи за помладите кои се во период на живот кога треба да ја доживеат најголемата среќа ... да се заљубат, да имаат дете, да купат нова кола, стан ... да го средат и да водат мирен граѓански живот ... тоа е нешто кое секој нормален здрав човек си го посакува на себе и своите најблиски ...

За малку постарите важи во новата година да ја осетат радоста на напредокот на својата поблиска фамилија, да омажат, да оженат, да дочекаат внуче ... да ја почувствуваат со полна плуќа есента/зимата на својот живот и да најдат нови радости во неа ... да се пронајдат себеси како дел од една потесна/поширока фамилијарна и општествена заедница ...

Посакувам секој да си ја најде својата среќа во својот овоземен пат ... ковајки си ја ...

1 comment:

Anonymous said...

блин ржачно пипец )))
[url=http://mastervoda.ru/]характеристика трудового права[/url]

Blog Archive

Site Meter