Search This Blog

Monday, January 19, 2009

Водици ... Војордание ... Покрстување на Христос ... Богојавление ... Просветлување ...

http://www.reka.org.mk/Images%5CGallery%5CTraditions%5CVodici%5C01.jpg http://www.maticanaiselenici.com/images/news/vesti_vodici.jpg http://media.a1.com.mk/media/golemi/vodici-skopje-07.jpg

Додека одев на работа во голема градежна фирма - деновите од Нова Година до Водици, традиционално беа неработни ... работеше само администрацијата - но и тие само со пола капацитет ... Со Водици завршуваат многуте црковни и народни празници и почнува понормален работен живот ...

читај повеќе »

  • Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Св. Јован КрстителИсус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19. јануари кај црквите што го користат Јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и МПЦ, а на 7 јануари кај црквите што го користат Грегоријанскиот календар. Традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода - река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година .
    - Во библиската Палестина, на реката Јордан, се слушал гласот на пророкот Св. Јован Крстител, кој ги повикувал луѓето да се покајат за своите гревови и да примат крштение. Ги крштевал луѓето од Ерусалим и од цела Јудеја. И Господ Исус Христос доаѓа при Јована на јорданските води. Тој ја позна величината на Христовата божествена природа и затоа зборува: "Еве го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!". Тој го крштева Христа во р. Јордан. ... ...
    - Со тоа Христос го потопи прародителскиот грев и гревовите на сите луѓе од постоењето на светот. Штом се крстил, излегол од реката, му се отвориле Небесата и Духот Божји во телесен вид како гулаб се спуштил над Него. Глас од Небесата говорел: "Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја! "Гласот на Отецот е упатен кон Неговиот Син, но поради Него ги повикува сите луѓе од светот да станат синови и ќерки Божји
    . ...
  • http://www.vest.com.mk/images/%7BFCD3D5A4-45C2-4330-BFD5-C963FB1EC94E%7D_naslovna-3.jpg
  • http://i1.trekearth.com/photos/67854/vodici_6.jpg
  • Богојавление ... ...
    - Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“.
    - Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата.
    - И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение.
    - Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението.
    - Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан нѐ просветлува, прво: покажувајќи ни Го Бога како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух
    .
  • http://www.mpc.org.mk/_images/Kalendar/Svetiteli/sf/IMG_1679.JPG
  • На Водици во реката Јордан Свети Јован Крстител го покрстил Исус Христос. Денешниот празник се нарекува Богојавление, бидејќи со чинот на крштевањето се појавува Божјото тројство - Отецот, Синот и Светиот дух. ... ... Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа. ... ... Светата вода за здравје се чува цела година. ... ... Дома си носиме, си попрскуваме по куќата за здравје, си пиеме. Да се замиеме, да се попрска куќата ... ...
  • http://media.a1.com.mk/media/golemi/vodici-skopje-07.jpg
  • Исус Христос бил крстен во реката Јордан од Свети Јован Крстител кога имал 30 години. ... ...
    - Најнапред православните Христијани го слават празникот Водокрст, ден пред Водици, на 18-ти јаунари. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството. ... ...
    - Во спомен на крштевањето на Исус Христос и објавувањето на Светата Троица, на 19-ти јанауари се прославува големиот празник Богојавление (кога Бог се јави), а поради тоа што со влегувањето во реката Јордан Исус ја осветил водата, празникот е познат и со името Водици. ... ...
    - На овој празник се врши голем Богојавленски водосвет, и тоа надвор од храмот, во неговиот двор, на море, езеро, река, чешма, извор и сл. ... ...
    - Свечено, со литија, се тргнува кон местото на водосветот. Се упатуваат молитви кон Бога, да се осветат водите, со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух, и сите да се посветат со светлината на познанието. ... ...
    - На 20-ти јануари се прославува соборно со песни празникот Собор на Свети Јован Претеча и Господов Крстител. ... ...
    - На овој ден се одбележува споменот на десната рака на Свети Јован Крстител, светата рака со која ја допрел главата на Христос при крштевањето, која Светиот евангелист Лука ја пренел од Севастија во Антиохија. Подоцна таа била пренесена во Цариград. ... ...
    - Јован Крстител јавно го критикувал неморалот на цар Ирод, кој живеел со жената на својот брат Филип. Затоа тој наредил да му ја отсечат главата. ... ...
    - Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јован Крстител - зборува самиот Исус Христос ... ...
    - Храмови посветени на Св. Јован се подигнати на местото на крштевањето на Господ, во Севастија - каде што бил посечен, во Антиохија - каде што Лука ја однел неговата десна рака, и во Цариград - каде што таа била пренесена од Антиохија, како и во целиот свет ... ...
    - На местото каде што реката Јордан истекува во Галилејското море се наоѓа местото на крштевањето - Јорденит. Аџии, поклоници и туристи од целиот свет се собираат на ова место и облечени во бели долги кошули влегуваат во Јордан и се крштеваат.
    - Таму го видовме и нашиот ангел Тоше Проевски ... тој по враќањето од аџилакот изјави дека од тогаш повеќе не се плаши од летање со авион ... а духовноста за него попримила од тогаш носема нова и зацврстена димензија ..... ...
    - Додека во источната црква се празнува сеќавањето на крштевањето на Исус Христос, на Запад под тој назив се врши помен на поклонението на тројцата мудреци. Ерменската црква на тој ден го слави и раѓањето и крштевањето на Исус
    . ... ...
  • Од Божик до Богојавление шетаат лошите духови ... ...
    - Од 7 јануари, па се до Богојавление се некрстените денови, кога по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера. И водите тогаш се нечисти ... ...
    - Божик, денот на раѓањето на Исус Христос, христијанскиот свет го прифатил како почеток на Новата година. Од денот на Христовото раѓање, 25 декември по Грегоријанскиот или 7 јануари по Јулијанскиот календар, па се до Богојавление 6 јануари по новиот или 19 јануари по стариот календар се некрстените денови. ... ...
    - Денови кога по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера. И водите тогаш се нечисти, опседнати со лоши духови. Водата во овие некрстени денови е леунка, вели народот, крстот е врзан, немоќен, нема сила да ги протера духовите. ... ...
    - Во овие дванаесет некрстени денови луѓето се маскираат и ги изведуваат игрите под маски и тоа на Бадник и по него, пред Василица (Стара нова година), а и речиси сите останати денови до Водици. Игрите под маски најпознати како џамаларски, но и: бабари, василичари, мечкари, ајти, русалии... се изведуваат за да се избркаат лошите сили и демони. Луѓет веруваат дека со маските каде задолжително составни елементи се sвонците, клопотарците, стаповите, гајдите и тапаните што прават врева ќе ги исплашат демоните и тие ќе ја напуштат земјата. ... ... Настанувањето на овие дванаесет дена се објаснува со разликата меѓу сончевата и месечевата година која изнесува точно дванаесет дена. Денови во кои завршува зимската краткодневица и се раѓа новото Сонце. ... ...
    - Свеченостите што се одржувале во овие дванаесет дена познати се уште од антиката како митраистички култови, Дионизиски игри, а најизразени преку римските сатурналии. Денот на раѓањето на непобедливото Сонце Римјаните го славеле со големи свечености, а тогаш почнувала и Новата година. Христијаните овој ден го замениле со раѓањето на Христос кој требало да биде новото Сонце, што на светот му носи светлина. Раѓањето на Сонцето или Христос значело зголемување на денот, па затоа маскирањата и обредите што се вршат во дванаесетте дена се сврзани за плодноста, новиот живот, родот, бериќетот. ... ...
    - Сите обредни игри под маски имаат оргијастичко и еротско значење, што најмногу се потенцира со носењето на фалусот, како култен оплодувачки принцип во природата
    . ... ...
  • Неработен ден за Водици ... ... По повод верскиот празник Богојавление (Водици) 19 Јануари е прогласен за неработен ден за верниците од православна вероисповед во Македонија. ... ... соопштение на Министерството за труд и социјална политика, кое се повикува на Законот за празниците на Република Макединија ... ...
  • ВОДИЦИ Е СИМБОЛ НАМАКЕДОНСКОТО ПОКАЈУВАЊЕИ ПРОСВЕТЛУВАЊЕ ... ...
    - Скопје со Вардар и сите наши води денес се Јордан.
    - Денешното ваше учество енаше учество во покају вањето и просветувањето наменето за сите луѓе во сите времиња", порача поглаварот на МПЦ Г. Г. Стефан
    .
  • Водици во Битола има традиција од 140 години ... ...
    -
    Прв пат во Битола фрлање на крстот во вода и негово фаќање се случило во црквата ,Св Недела‘ во 1869 година. Овој храм бил изграден шест години пред тоа, во 1863.
    - Битолчани под ропство или на слобода секогаш го прославувале празникот Св. Јован. Под влијание на турската, српската или бугарската власт се менувало само местото на фрлање на крстот, но не и обичајот.
    - Атрактивна церемонија, покрај во црковните базени, се изведувала и во реката Драгор, која своевремено за битолчани потсетувала на библискиот Јордан и на првите масовни покрстувања.
    - Она што Битола ја издвојува од другите градови е традицијата по крстот да се фрлаат младоженци.
    - Непосредно по ослободувањето, церемонијата со фрлање крст во Драгор била забранета, со исклучок на црковните базени во „Св. Димитрија“ и „Св. Богородица“.
    - Прославата на Водици во Битола носи и други обичаи. Од 1869 битолчани за прославата ја збогатуваат со кум кој се избирал со крст. Во погача се ставало помало сребрено крвче и лебот се делел на присутните. Тој што ќе го најдел крстот станувал кум за следната прослава. Се верува дека за тие верници годината што доаѓа ќе биде среќна и бериќетна
    .
  • http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/E8BA6BF9C7DD564683D7F313877CE48F.jpg
  • http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/C52A3A77BC3A3442A7415ACD4FCFF58D.jpg
  • Водици ги собра скопјани покрај Вардар ... ...
  • http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/473313FFD1478F498E8D09B1E8D9D50A.jpg
  • http://www.utrinskivesnik.com.mk/WBStorage/Articles/FA94AD36AA498C4A88DF72346F47738E.jpg
  • http://217.16.70.245/izdanija/773/2303.jpg
  • http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/simages/41_5.jpg
  • За Водици, Охрид чека 30.000 гости ...
  • Богојавление - Водици ... Велес ...
  • Богојавление - Водици, Велес ...
  • Водици во Битуше ...
  • Водици - фрлање крст - Општина Петровец ...
  • Водици во Скопје ... ...
    - Стариот обичај да се фрла крстот - во Вардар, беше оваа година прославен много тржествено. Пред илјаден народ, и во присаствието на Председателот на Президиумот Методи Андонов - Ченто, генерал мајор Павле Илич и други служебни лица беше спроведен богојавленскиот церемонијал во слободно Скопје.“ (Нова Македонија, бр 34, стр. 4, 1945 )
    -
    Кој тоа не лажеше дека комунистите биле неверници?
  • http://maticanaiselenici.com/gallery/albums/album32/vodici_skopje_20084.jpg
  • http://maticanaiselenici.com/gallery/albums/album32/vodici_skopje_2008_1.sized.jpg
  • http://maticanaiselenici.com/gallery/albums/album32/vodici_skopje_2008_2.sized.jpg
  • http://maticanaiselenici.com/gallery/albums/album32/vodici_skopje_2008_4.sized.jpg
  • http://maticanaiselenici.com/gallery/albums/album32/ohrid230120083.jpg
  • http://maticanaiselenici.com/gallery/albums/album32/ohrid230120087.jpg
  • http://maticanaiselenici.com/gallery/albums/album32/struga2301200811.jpg

No comments:

Blog Archive

Site Meter