Министерството за образование најавува дека се припрема дигитално издание на учебници од предметите историја, географија, математика, физика, биологија и хемија ... во основното и средното образование ... замислено е на учениците да им се делат ЦД-а од овие предмети ...
Сето ова се прави да се модернизира образовниот процес, кој вака може да стане полесен за совладување ... со што би се зголемиле е-содржините на Македонски јазик ... секако нема да се заборават печатените изданија од учебниците ...
Веројатноста дека ке бидат подигнати и на интернет е голема ... Мене ме бендисува најавата за дигитализација на учебниците ... со тоа компјутерите по школите (кои мораше да бидат лаптопи од ваучерски модел ...) ке добијат на тежина и намена ...
е-Учебник, е-Лектира и е-Книга се поими кои допрва ке влегуваат во игра со сета почит на обичната, најобичната книга и учебник ... во тој правец Министерството за образование треба да размислува да ги дигитализира обавезните лектири во основното и средното образование ... зошто не би се добил и првиот е-Буквар ... е-Боенки и е-Игрици за најмладите Македонци од предшколска област ... вака ке добиеме богата е-Содржина, која дигитализирана брзо ке биде достапна ширум планетата, секаде каде има Македонсци - кои не сакаат да го заборават јазикот на нивните татковци и мајки де ... со тоа ке се даде допринос за ширење на Македонскиот јазик, кој е во групата на загрозени светски јазици ...
Приватната иницијатива веќе размислува во правец на дигитализација на детски содржини преку разноразни форми на е-Буквар ... е-Боенки ... е-Игрици ... ваков е да речеме проектот Авантурите на Дино ...
Деновиме слушам од многу директори на школи дека компјутерите се тргаат од масите - бидејки им смеќаваат во наставата ... нема место за тетратки и учебници ... имено наставата не е сеуште дигитализирана а наставниците не се обучени да ги користат компјутерите ... сеуште останува проблемот и со струјата за компјутерите и лошата интернет мрежа ...
2 comments:
Друже, ако имаш прилика погледни го CD-то што доаѓа со учебникот по Биологија за 6-то оделение. Јад и беда, срамота и сеир за изготвувачите. Ако мислат бирото и министерството вака да ги спремаат материјалите.... нека баталат.
за жал не сум го погледнал тоа ЦД ... не сум имал таква можност ...
Post a Comment