Search This Blog

Friday, January 23, 2009

За “Платформата“ ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/39D52361D98B5B4A818406E83CAA2809.jpg

Македонија веќе подолго време се движи на “два колосека“ ... на на два паралелни спротивставени колосоци ... едниот го трасира позицијата и нејзините сателити (потпомогната со своето интелектуално јадро ...) ... другиот го трасира опозицијата (и тие подпомогнати со “своето“ интелектуално јадро ...) ...

читај повеќе »

Овие два колосека се “обединуваат“ околу трибини на едните или на другите ... веќе повеќе од две годни едните и другите си имаат “закупено“ свои интелектуалци, кои на разни трибини ја “трубат“ својата приказна ... Ако за тоа има потреба се формираат и посебни невладини ...

Има и такви интелектуалци кои “се срамат/се плашат“ да појдат на ваквите трибини (било кај едните, било кај другите ...)... не сакаат да бидат видени ниту во едното ниту во другото друштво ...

Кој ке биде маж/жена - да ги спои овие две струи на интелектуалци да седнат на иста маса ... Денеска на мое запрепастување (овојпат позитивно), на иста маса седнаа Тачи и Ахмети ... за да изјават дека овие избори ке бидат без познатите проблеми во албанскиот блок ... мене пак тоа ми се чини дека проблемите веќе се најавени ... но тоа е тема за друг пост ...

Овој пост е вапај за договор на двете “скарани/спротивставени“ интелектуални струи во Македонија, кои се “ставија во служба“ на едната или на другата опција ... Веќе 18 години нема договор за таканаречените национални и наднационални прашања ... сето тоа само го збунува МК гласач кој е исправен да избира меѓу патриоти и предавници ...

Патриотите се во мода ...

Постот е реакција на вчерашната средба на група интелектуалци ... професорот Љубомир Фрчкоски, професорот Милан Недков, скопскиот градоначалник Трифун Костовски, новинарот Бранко Геровски и некои други дечки ... повторно сами со себе дебатираа и тераа правда ... тоа значи дека слична трибина на другиот таабор е за ден, два ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter