Денеска на лидерска средба партиите ке се изјаснуваат за за или против електронското гласање ... со електронско гласање се добива брзо електронско пребројување на гласовите ... се останато е слично т.е. наместо кутија за гласање и ливче за гласање со добива некаков чип или картичка која одкога ке ја ставиш во машината за читање на твојот глас - таа веднаш го праќа твојот глас во збирниот компјутер на ДИК ...
Има два вида на гласачки електронски машини ... едниот е да ставиш картичка во машина за читање на картичка (слична како машините за проверка кога доаѓаш и си одиш од работа ...), на која предходно си го обележал твојот глас ... и другата е таканаречена оптичка скен направа - која истотака го чита твојот глас ... нешто слично како на каса кога со помош на оптички уред се чита цената и артиклот ...
Електронски систем за гласање првпат е спроведуван во далечната 1960 година ... досега вакви системи за е-гласање се применувани, во Бразил, Холандија, Венецуела, САД, Канада ... во европските држави искуства со електронско гласање има во Англија, Естонија, Швајцарија, Франција, Холандија, Ирска, ...
Предноста на вакаов начин на гласањето е јасна - точно и многу брзо броење на гласовите ... Се сеќавате дека на последните американски избори за многу кратко време по крајот на гласањето се знаеа точните резултати ...
Слабостите на ваквиот систем на гласање се можните електронски манипулации на оние кои ги спроведуваат гласањата - т.е. на оние кои го прават софтверот за програмата со која се пребројуваат гласовите ... имало појави дека ваквите онлајн системи биле успешно хакирани со вируси ...
Од околните држави Македонија е прва која сака да помине на ваков начин на електронско гласање ... Веројатноста дека светот во иднина ке помине на ваков начин на гласање е огромна ... проблем е немањето искуство/култура во ваков начин на гласање ... тоа во сите држави се спроведува во проекти кои не се гласање, како што беше случајот во Естонија каде на ваков начин најпрвин се избра најпопуларното животно во Естонија ...
Лично сметам дека во МК сегашните партии нема да прифатат да се гласа електронски ... секоја партија о поголемите си има своја причина зошто ...
- Електронското гласање на прв испит кај лидерите ... ... Со е-гласање значително ќе се намали времето за пребројување на гласовите, ќе се овозможи доказ за нереалните гласови и ќе се намалат изборните нерегуларности ...
- Гласање однадвор ...
- Европските компјутери за електронско гласање пробиени од холандска група ...
- Лидерската четворка ќе решава за електронско гласање ... ... Се' уште не се знае дали гласачите би користеле електронски потпис или отпечаток од прст ...
- Машини ќе не спасуваат од лошите избори ...
- Електронско гласање, што е тоа?
No comments:
Post a Comment