Search This Blog

Wednesday, January 07, 2009

КРИВ НИ Е КАЛЕНДАРОТ ... репринт

Веќе 18 години од осамостојувањето навака се прашувам кој ни е крив за одалечувањето од ЕУ процесите. Никојпат не ми беше јасна стратегијата дека со цепењето на ЈУ на повеќе држави (дотогашните федеративни единици - побргу ке влеземе во ЕУ...)... постот е репринт на пост од пред две години ... читај повеќе »

Со осамостојувањето добивме придобивка да бидеме “свои на своето“ - но изгубивме многу од дотогашните придобивки ... Најпрвин го изгубивме пазарот за нашите големи фабрики (станаа големи загобари и ги покопавме и продадовме за еден долар ...) и нашите земјоделски производи кои пред тоа доминантно се продаваа по ЈУ пазарите ... Го изгубивме пасошот со кој патувавме по ЕУ без виза ... Добивме војни по бившите ЈУ простори кои не не заобиколија ни нас ... Добивме ембарго од Грција ... Спроведувавме ембарбо преме Србија и Црна Гора ... Добивме референдум за Илирида ... Охридски договор ... Се заоштри црковното прашање со Србија ... На виделина излезе проблемот со јазикот со Бугарија ... Тапкаме во место и се враќаме секоја година по еден чекор наназад ...

Навистина кој ни е крив за сево ова ... Највеќе сами сме си криви ... Политика и политичарите ке речеме ни се највеќе криви ... (Политика е процес кае одлуките ги носат групи на луѓе...)

Но политичарите го црпат легитимитетот од народот - тие ни се предлагаат ние ги бираме ... значи самите сме си криви ...

Од друга страна на кого му одеше на добро од бившите ЈУ простори. По мене генерално на никого ... осем на Словенија на која и до тогаш и одеше одлично ... Хрватска никогаш не беше изолирана од ЕУ ... Хрватите патуваат по светот без виза одсекогаш ... ја наследија придобивката од ЈУ пасошот ...

Им тргна на Бугарија и Ромунија предходно на Чешка, Словачка, Полска, Маѓарска и неколкуте Скандинавски држави ...

Читајки го постот на Историчарот - Кибицер - Грегоријански v.s. Јулијански календар согледуваме дека стариот календар (јулијанскиот календар) важи само во Руската, Српската и Ерусалимската православна црква, вклучително и нашата МПЦ. Нашата МПЦ во 1967 година донела одлука за напуштање на јулијанскиот календар, но од црковно – политички причини оваа одлука никогаш не влегла во сила. Притоа прашањето не е ДАЛИ , туку КОГА МПЦ ќе го смени календарот. Што побрзо толку подобро.

Со оглед на тоа дека не им оди со ЕУ интеграциите само на земјите кои сеуште црковниот календар им е по
јулијанскиот терк - предлагам под итно МПЦ да ја активира одлуката за напуштање на јулијанскиот календар - не за друго туку белки ке ни тргне ..

1 comment:

Anonymous said...

Batka,ke izvinis ama moram da repliciram......vo, embargoto od Grcija,vojnite na YU prostorite,izgubeniot YU pasos,iliridata i Ohridskiot dogovor,embargoto kon Srbija(koe moravme da go napravime) i koi nekoi denesni bogatasi mosne dobro go iskoristija,problemot so jazikot so Bugarija pa sega najnovoto so juzniot ni sosed za imeto........vo koe od niv ziti majka kazi deka Makedonija ja ima zapleskano rabotata,ne gledam nitu eden problem, od site ovie, da bil iniciran od nasa strana,znam deka i ti toa dobro go znaes.......pa zatoa me bunis....se prasuvam samo koja e celta na ovoj post??????? Bugarija i Rumunija se piknati vo EU od cisto strategiski pricini ne od sto naprednaa ekonomski,daj ne zaebavaj ziti majka,Inaku, kalendarot dali bil vakov ili takov apsolutno nema blage veze so "odenjeto napred" na drzavicevo,sve e do cistenje i sreduvanje na sopstveniot dvor......i ne ja precenuvaj tolku EU.....a da ja analizirase malku podlaboko kurvinskata politika na EU kon Makedonija.....navistina ja prekardasija.

Blog Archive

Site Meter