Поставена е уште една статуа од редот на оние кои конкурисаа кај Министерството за Култура:
- На плоштадот „Македонија“ вчера беше промовирана уште една скулптура од планираните 35, со кои Министерството за култура планира да го разубави централното градско подрачје.
- „Дрво“ е насловот на делото на младиот скулптор Дамјан Ѓуров, кој дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професорот Беди Ибрахим.
- Скулптурата е висока шест метри, изработена е од бронза и мермер, а според авторот ја симболизира отвореноста на човекот кон природата, неговата поврзаност со неа.
- Лоцирана е непосредно до скулптурата „Заљубени“ на Димитар Филиповски.
No comments:
Post a Comment