Податокот кој го соопшти Државниот ревизор дека Владата во минатата година потрошила 8 милиони евра за кампањи во 2007-ма ... е информација која Владата иако стопати прашана не ја соопштуваше ... некои други информации велат дека цифрата се движи до 11 милиони евра за кампањи во 2007-ма ...
Тешко дека се ова вистинските бројки за потрошени пари за Кампањи на Владата на РМ за 2007-ма ... вистинските цифри ке ги дознаеме онаа година кога ке дојде на власт некоја друга влада/партија ... ако дојде де ... може ке се деси вистински оваа Влада да трае сто години - према “клетвата/желбата де“ на "Митко Врапчето" (бог да го прости - беше и остана легенда, како и повеќето членови од првиот парламент ...)...
За овие бројки ке се изнаслушаме во наредниве избори ... ке бидат “таргет“ на опозицијата ... Највеќе ке се искористат лошите резултати од кампањата „Инвестирајте во Македонија“, за која се вели дека само лани коштала 3,3 милиони евра ... нешто и тука ми се чини тенка бројката ?? ...
No comments:
Post a Comment