Оваа Вада си дозволи премногу нејзини закони и проекти да паднат на Уставен суд ... скоро сите заради нерамноправен третман на граѓаните ... сите граѓани се со еднакви права според Уставот на РМ ... прави ли анализа владата дали законите/одлуките се во согласност со Уставот ...
Имено деновиве се објави дека се поведе постапка за укинување на Членовите 30-а и 30-б од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2000, 17/2003, 65/2004, 113/2005, 98/2008 и 107/2008. ...
Ова практично значи дека ке се укинат привилегиите за трето и четврто дете предвидени за одредени Општини во кои е загрозен нателитетот ...
- Според Законот, жените што по 1 јануари ќе го родат своето второ, трето или четврто дете, а живеат во општини со наталитет помал од 2,1, ќе добијат надомест.
- За второ дете тој изнесува 30 отсто од просечната плата во период од 9 месеци,
- за трето дете - 50 отсто од платата во наредните 10 години, а
- за четврто дете ќе следуваат 70 отсто од просечната плата, кои мајката ќе треба да ги прима 15 години.
- Премиерот веќе се сликаше кај неколку мајки кои први добија помош по овој закон ...
- Против овој закон особено беа албанските партии, на чело со ДУИ ...
- Сериџиите прашуваат дали владата ке плати оштета за неостварено ветување - за оние родители кои поведени од кампањата на владата за “Трето дете“ се одлучиле да ги зголемат семејствата за второ, трето или четврто дете ...
- Постои и друга шпекулација, која вели владата намерно носи вакви одлуки, за кои знае дека ке паднат пред Уставен ... користа е двојна ... ем ке ќари популарност кај народот, ем нема да потроши пари од буџетот ...
No comments:
Post a Comment