Сите се прашуваме зошто Фрчковски ја прифати понудата за кандидатура на овие претседателски избори, кога за противкандидат има колега со кој блиско соработувал, кој е во добитна комбинација во трката ... Дел од дилемите ни ги открива Гордана Дувњак ... во денешен Утрински - Фален и напаѓан, професорот Фрчкоски верува во победа ...
Дувњак најнапред поставува неколку интересни тези низ прашања:
- Дали поддршката на непартиски кандидат, кој важи за една од најконтроверзните личности на македонската политичка сцена, треба да се разбере како кадровска криза на левицата, која ги живее своите најтешки денови?
- Станува ли збор за предвремено признание на опозицијата дека е на прагот на уште еден тежок пораз?
- Или, пак, за чист прагматизам и потиснување на сопственото партиско его и застанува зад човек кој знае да ризикува и не се плаши од предизвикот?
- Образложението на СДСМ е дека им бил потребен човек кој има сила да води политички битки во овие тешки времиња, кога Македонија се соочува со изолација и авторитарна власт.
- Фрчкоски инаку не е член на СДСМ ... чинам дека никојпат не ни бил ...
- Не влегувам во изборната трка само да учествувам, туку да победам
- основен мотив за прифаќање на кандидатурата бил предизвикот.
- Оскар Вајлд. „Кога имаш некакво искушение, му се препушташ и - го решаваш!
- силно го мотивира тоа што против себе има авторитарна власт. „Тоа е еден мрачен центар, каков што Македонија досега никогаш немала, кој нема интелектуални способности, кои би биле за респект, туку е празна дупка. Затоа, сметам дека мора да се порази концептот на изолација. Претседателските избори мора да бидат пресвртница да го означат почетокот на поразот на оваа власт
- Педесет и едногодишниот скопјанец, кој потекнува од стара преродбеничка мијачка фамилија, на која е посебно горд ...
- Ставовите на професорот Љубомир Фрчкоски искажани во јавноста ретко кого оставаат рамнодушен. Успева да предизвика полемика, но и свесно да провоцира, да вади луѓе од кожа, но и да направи длабоки анализи. Можеби нема да се согласите со него, но факт е дека македонската демократска сцена без него би била посиромашна и неинтересна.
- Противниците го доживуваат како голем позер кој постојано прави нешто за да биде во центарот на вниманието. Го квалификуваат како неодмерен сезнајко кој сака во секоја чорба да биде мирудија.
- „Имам вроден инстинкт, така сум воспитуван и образуван, да ги мразам луѓето кои се плашат“. За себе вели дека е прагматичен човек и не е лузер.
- Неговите колумнистички пишувања ги оценуваат како „интелектуална онанија“ со која создал бројни непријатели, бидејќи ретко кој му останал надвор од нишан.
- На минусното салдо му се неколку случаја: „Бит-пазар“, Радолишта, атентат врз претседател, перцепции за парадржавниот тетовски универзитет како „ роденденската забава“ и „издишан балон“... екстравагантноста со уметничките слики, рејбан очилата, коњите, влијанието во медиумските кругови, па дури и џезот, скапите часовници и пурите.
- Се' уште кружат приказните дека по промената на власта во 1998 година и победата на ВМРО-ДПМНЕ, од затвор го спасила тогашната прва полицајка Доста Димовска, која подоцна стана негова блиска пријателка.
- забавни се пикантериите од неговиот приватен живот, во кои имаше еден мачен развод, нов брак со млада адвокатка, тепачка на паркинг...
- Приврзаниците, пак, го глорифицираат како човек со став, закон, неоспорен интелект, кој со својот луциден и специфичен стил знае да ги погоди работите право во центар.
- Со колумните во Дневник - Макар што понекогаш знаеше и да претера со својот вокабулар. Некои од нив личат на вистински политички есеи, кои знаат да насмеат, да се прераскажуваат, а некого богами и да заболат.
- .... ќе остане запаметен е неговата вклученост во донесувањето на речиси сите најважни акти на македонската држава - од Уставот до Охридскиот договор.
- ... роден 1957 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во 1981 година, а во 1986 година станал магистер по право. Во 1989 година докторирал на Универзитетот „Едвард Кардељ“- Факултет за социологија, новинарство и меѓународни односи во Љубљана. Во 1984 година се вработува на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ по меѓународно право и меѓународни односи. Зад себе има импозантна листа на објавени книги и стручни трудови.
- Во политиката влезе во 1990 година како министер без ресор во првата експертската влада на Никола Кљусев. Беше министер со најдолг стаж во полицијата, каде што остана цели четири години, а една година и шеф на дипломатијата.
- За време на мандатот на трагично загинатиот претседател на државата, Борис Трајковски, беше негов советник за уставни прашања и за прашањата од областа на човековите права.
- ... за време на воениот конфликт, отворено се залагаше за остар одговор на државата. Фрчкоски се' уште мисли дека војната во 2001 била непотребна и можела да се избегне.
- „Ако немавме таков договор и таков конфликт на едно место и во еден концентриран облик, практично суштински истите решенија на Македонија ќе и' беа наметнати низ процесот на европска интеграција“, напиша Фрчкоски.
- Честа тема на негова опсервација е начинот на кој се води државата, па во една од своите последни колумни ќе напише дека „аутистичката политика што ја води Македонија има систем на итање кон никаде... апсолутна акција која треба да го замени мислењето“.
- Со неговите критични ставови околу решавањето на проблемите околу името со Грција, заработи етикета на „предавник“ и „грчки платеник“, само затоа што повикуваше на компромисно решение, кое ќе не' донесе поблиску до НАТО и до ЕУ.
- „Дотеравме далеку со ’меѓународната‘ околу компромисен предлог, сега повлекување ќе има многу висока цена, цена што Македонија нема да може да ја плати, а тоа е изолација и долгогодишно стагнирање и скапување однатре. А Македонија не е нивна дедовина, туку наша татковина. Тој компромис има горчина, што воопшто мора да го правиме, но има баланс и некаква добивка на крајот на краиштата, што не е за потценување“
- Претседателскиот кандидат на опозицијата е свесен дека во кампањата ќе биде изложен на жестоки напади, како од политичките противници, така и од медиумите блиски до власта. Вели дека тоа уште отсега може лесно да прочита, кои ќе бидат главните пунктови на медиумска канонада, но тоа воопшто не го загрижува, дури и го забавува.
- „Секоја од тие теми, на кои ќе ме напаѓаат е најмалку четири-пет пати експлоатирана. Прв пат околу целата оваа приказна ми е задоволство, зашто гледам дека зад тоа се крие страв. Тоа не е само обид за компримитација на интелектуалец кој мисли различно, туку од сите шевови им излегува страв. Но, апсолутно сум сигурен дека таквиот начин ќе им биде контрапродуктивен и ќе им се врати како бумеранг“.
- ... ќе води позитивна кампања, во која ќе ги убедува граѓаните дека има концепт и се залага за сериозни вредности, што не значи дека лесно ќе се предаде без борба. Подготвен е да одговори на се'.
- За односот кон Албанците ке рече - „Чесен однос, но без пардон кога се работи за принципите на правната држава. Никогаш персонално, никогаш со говор на омраза. Па, и самиот бев оженет со Албанка“ ... ... очекува поддршка од Албанците, кои се надвор од „партиските пакети“.
- „Подготвен сум да одам и во највмровските средини и да полемизирам околу концептот што го нудам’’.
Подолу уште неколку интересни линкови за написи кои се однесуваат на Љубомир Данаилов Фрчковски:
- д-р Љубомир Данаилов-Фрчковски ... ... пф.уким.еду.мк ...
- Проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски е роден на 02.12.1957 во Скопје, Република Македонија.
- Правен факултет завршил во 1981 година на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје на Правниот факултет.
- Магистрирал на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје на Правниот факултет , во 1986 г.
- Докторирал на Универзитетот “Едвард Кардељ” во Љубљана на Факултетот за социологија, новинарство и политички науки во 1989 година и се здобил со звањето доктор по политички науки.
- Вработување: Од 1984 до 1990 на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на Правниот факултет како асистент, доцент и професор по предметите: меѓународно право и теорија на меѓународните односи. Од 1990 до 1997 г. е во Владата на Република Македонија;од 1990-1992 - министер без портфолио, од 1992 до 1996 г. - министер за внатрешни работи, од 1996 до 1997 г. - министер за надворешни работи. Од 1997 г. до денес- на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на Правниот факултет, како професор по меѓународно право и меѓународни односи.
Конференции,семинари, научна и стручна работа:
- 1984 - Салзбург Семинар - член
- 1994 - 21ст Центурѕ Труст ,Лондон - член
- 1994 - ИФРИ, од 1994 член на Францускиот Институт за Меѓународни Односи
- Асоцијација за Меѓународно право, Скопје
- Форум за човекови права, Скопје (екс- ген. секретар)
- Член на ЕЦРИ, Совет на Европа,2002
- Член на Научниот Комитет на ИСИГ (Институт по Меѓународна Социологија, Гориција
- Визитинг -професор на И.У.И.Е.С. (Меѓународен Универзитетски Институт за Европски Студии) - Италија
- Извршен Директор на Фондацијата за стратегиски истражувања “Киро Глигоров” (2000-2001)
- Советник на Претседателот на РМ за уставни прашања и прашања од областа на човековите права, 2000 -2004 ;
- Еден од експертите што го подготвија новиот Устав на Р.Македонија од 17.11.1991, како и Уставните Амандмани од 2001
Селектирана библиографија на објавените трудови и трудови во печат:
- Мировни движења, социјалдемократијата и Балканот во осумдесетите, Погледи, 3-4, Скопје,1984
- Дискретниот шарм на идеологијата, Годишник, Правен факултет, Скопје, 32, 1987
- Новите општествени движења и алтернативната сцена, Комунист, Скопје; и делумно Студентски Збор-1026 , 1987-1988
- Есеи за социјалдемократијата (монографија) Магазин 21, Скопје, 1989
- Правна држава и проблемот на социјализмот, РТС, Трета програма, публикувано 1989
- Пост-модерна состојба и социјалдемократскиот програм, Годишник, Правен факултет-Скопје, 1988-1989
- Идеологијата на човековите права, Млад Борец-1675, 1990
- Меѓународно јавно право (учебник, монографија), Фитко, Скопје, 1991
- Тези за политичкиот плурализам и правната држава во Македонија, Погледи,1, 1990 , Скопје
- Теории за демократијата, (монографија), Македонско радио, Трета програма, публикувано 1992, Скопје
- Случајот Македонија - предавање за семинарот “Што е нација, граници на самоопределувањето”, 21ст Центурѕ Труст, Клингентал, Франција
- Предавања за Византија, скрипта за студенти по политички науки по предметот Политички теории И, Правен факултет - Скопје, 1994
- Меѓународно јавно право (учебник, монографија), Табернакул, Скопје, 1994
- Предговор на Демократијата во плуралните општества од Арент Липхарт, Македонско радио, Трета програма, Скопје, 1994
- Меѓународно-правна реакција на организираниот криминал Безбедност, 1995 и Плус 208/209/210, 1995
- Малцинствата и самоопределувањето, Балкан форум,1996 (Плус, 1996)
- Моделот на меѓу-етничките односи во Република Македонија (1990-1997), Круг 1999
- Како да се приспособи Мултикултурното општество на Демократијата, Остеуропа – Институт, Минхен - Берлин,2000
- Македонија и Регионот, Институт за безбедносни истражувања, ЊЕУ-Париз, Цхаиллот Паперс 46, 2001
- Меѓународно право за правата на човекот (учебник, монографија), Фондација Институт Отворено Општество Македонија, 2001
- Македонија: стабилен модел на меѓуетнички односи?, ЕЛИАМЕП, Атина, 2001
- ЕУ политика: помеѓу принципите и Балканската пракса, Венетиан Цоммиссион (УНИДЕМ), Совет на Европа, 2001
- Византиската глобализација вис-à-вис денешната глобализација (Меѓународен семинар “ Јустинијановата кодификација и современото право”, Охрид 2003)
- Современи политички теории (учебник), Форум, Скопје, 2003
- Меѓународно право за правата на човекот (учебник, монографија), второ дополнето издане, Магор, Скопје, 2005
- Трендови во признавањето на државите во меѓународното право и случајот на Македонија , Зборник, македонско-Француски денови на правото , Скопје , Просветно дело , 2004
- Стекнувањето на независноста на Република Македонија: политика и процедура, Зборник од Научниот собир по повод шеестгодишнината од АСНОМ, Скопје, 2005
- Преговарање на конфликти на идентитети (во печат, 2006)
- Охридскиот Договор: историска и меѓународна анализа (во печат, 2006-07) - Љубомир Фрчковски: „Влезот во ЕУ зависи од реформите“ ... А1 Биљана Секуловска ... 06.11.2004
- Грција не е во политичка позиција да го блокира тоа, ако ние ги исполниме реформите, тоа нема никакви шанси ...
- Нашата дипломатија, по мое мислење, треба да направи озбилен напор, не да се бави со тоа, дали Грците ќе стават вето или не. Тоа е многу далеку, таква опасност не постои.
- Зошто сте толку самоуверен дека нема шанси за вето? ... ... Па, прво, тоа не е прашање на денот. Има време за тоа, колку, 10 години? Второ, тоа нема да се случи, бидејќи влезот на Македонија во ЕУ зависи, навистина, од реформите. Грција не е во политичка позиција да го блокира тоа, ако ние ги исполниме реформите, тоа нема никакви шанси и ние со таа мамка сега, со таа емотивна замка, не треба да се бавиме.
- ние прво треба да се обидеме, на еден дискретен начин, нашите пријатели во ЕУ, да ги убедиме дека сега треба да тргне билатерално признавање од нивна страна на нашето име и нивна акција во Советот на Европа и во ЕУ. Да се обидеме во првиот турнус, да го решиме проблемот и во ЕУ.
- ЕУ треба еднаш засекогаш да престане да биде заложник на Грција, на нејзиниот каприц, всушност, не на нејзиниот интерес и сега постои еден период, во кој нашата дипломатија треба да се обиде да избутка во неколку земји таква иницијатива, од внатре да се јави.
- Преговорите мораме да ги завршиме. Не знам технички како тоа ќе го изведат. Тоа не значи прекин, станување од стол, одење, туку има извесна процедура, но ние не смееме суштински да преговараме понатака, бидејќи што е пораката од преговорите? Тоа значи дека ние, ова што не признаваат САД е темпорално, преку преговорите можеме и да се договориме со Грците нешто и тогаш да им речеме на Американците: Ние се зафркававме, всушност, еве ние се договориме со Грците за друго име. Тоа е пораката од сериозното преговарање. Таа порака, ние не смееме да ја пратиме и нормално, треба да ги угасиме преговорите и да тргнеме со притисок на ЕУ.
- Како ќе ги угасиме, господине Фрчковски? - Па, можеме со барање до Нимиц, да направи извештај дека преговорите натака не можат да вродат со плод и тој извештај да му го врачи на Генералниот секретар и формално да ја затвори резолуцијата.
- Како ја доловувате целата ситуација од историјата околу името, разликите околу името во Македонија, во политичкиот врв, елитата? - Нас не спасија Американците, всушност, од нас самите. Ако направиме анализа, што се нашите имаат кажано околу името, еден премиер предлагаше промена, двајца министри за надворешни работи предлагаа да ја прифатиме реалноста и да се подготвиме за промена, дел од новинарите, кои учествуваа во палење на американската амбасада, сега даваат анализи, како знаеле што ќе се случи и како тоа е многу добро. Знаете, ние внатре поминавме многу тешки години. Американците не спасија со оваа голема вода и го истуркаа проблемот.
- Многу го анулиравме и антиамериканизмот. - Па, мислам да. Антиамериканизмот во Македонија никогаш не постоел реално, но постоеле забуни во врска со нивното стратешко партнерство со нас. - Љубомир Фрчкоски: Битанга што напаѓа жени ... мацедониум.орг ... - Неговата сопруга Алида Муча, во неделникот Фокус, го обвини дека ја тепал, често и пред децата.
- Истиот тој сега се јавува во случај тепање девојка на паркинг која се скарала се неговата сегашна сопруга.
- Причина за кавгата е што неговата сопруга блокирала туѓо возило, па не дозволила тоа ни да и се префрли. Ја влечела за коса Катерина Велјановска, а потоа на помош и дошол и битангата Љубомир, кој во тепањето жени има претходно искуство ...
- Поранешниот министер за внатрешни работи во Владата на Црвенковски и СДСМ, Љубомир Фрчковски, заработи прекршочна пријава за физички напад, а неговата сопруга, адвокатката Ирена Фрчковска, пријава за нарушување на јавниот ред и мир. МВР поднела пријава и против 24-годишната Катерина Велјановска, која заедно со Љубимир и Ирена Фрчкоски, во средата вечерта, учествувала во инцидент во центарот на Скопје, пред Тинекс, блиску до зградата на Сојузот на Синдикати.
- Според исказите кои во полициската станица Скопје Центар подоцна ги дале Велјановска и нејзиниот дечко, 28-годишниот Александар Блажевски, чие возило било блокирано од непрописно паркираното возило на Фрчковска, тие биле нападнати. Неговата девојка била нападната од сопругата на Фрчкоски и била влечена за коса, а потоа на нападот врз девојката се придружил и Љубомир Фрчкоски.
- Нејзиниот дечко Блажевски вели дека за неполни 10 минути дошол Фрчковски. Без никакво образложение ми удри две тупаници и почна да ја влече Катерина за коса.
- Професорот Фрчковски пак има друга верзија за настанот. Признава дека два пати го удрил Блажевски, но негира дека ја нападнал девојката. Вели дека неговата сопруга била нападната од Велјановска и Блажевски, најпрвин со навреди, а потоа и физички.
- ШТО, ЗА ТЕПАЊЕТО ЖЕНИ, ПИШУВА СИЛЕЏИЈАТА (Од колумна на Фрчкоски објавена во Дневник, Наслов: Давител против давителот) ... ... Шефот на главната коалициска партија (Мендух Тачи, ДПА) во Владата, како во филмот "Давител против давителот" - дави жени низ парламентот! Што би рекол Лека Дукаѓини на ваков потег на соплеменикот? Премиерот се оградил и го осудил овој инцидент? Ма не е можно! Каков "предивен" гест! Се изредија сите можни коментари и скандализирања од оваа "ѓурултија" и јас нема да долевам масло на нашата рана. Сакам само да Ви обрнам внимание кога веќе почна долгоочекуваната забава, на креаторот на климата на лошоменаџирани меѓуетнички односи, што го нарекувам: садење тикви со ѓаволот. ... ... - Љубомир Фрчковски не се појави во суд - ПО ПРИВАТНАТА ТУЖБА НА ЕКСМИНИСТЕРОТ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ... Вечер - 05.12.2007 :: Бр. 13667 ... ...
- Тужителот Павле Трајанов по рочиштето изјави дека доколку Фрчковски не се појави на наредниот претрес, ќе бара тужениот стражарно да биде приведен. Трајанов вели дека Фрчкоски е достапен да пишува колумни и изнесува невистини, а од друга страна не е достапен за судот.
- Пред осум години додека бев министер за Внатрешни работи, против Љубомир Фрчковски, биле поднесени четири кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овалстување. По завршувањето на мандатот, вели Трајанов, Фрчковски константно пишувал невистини против него.
- Во неколку колумни Фрчковски пишувал дека Трајанов бил криминогена фигура, дека бил преговарач за договорот со ОКТА и дека Трајанов сакал да биде заштитен сведок. Токму поради ова, рече Трајанов, се одлучив против него да поднесам тужба со цел пишувањата да бидат докажани на суд.
- Тужениот подолго време го злоупотребува дневниот весник, со цел да дискредитира голем број граѓани и носители на функции, да плука, навредува, девалвира и дисредитира - вели Трајанов. - ЉУБОМИР ФРЧКОСКИ: ЗА ИМЕТО НЕМА МЕСТО ЗА КОМПРОМИС! ... ... 19.05.2005 извор: Вечер
- За името нема место за компромис.
- Проблемот околу името е што немаме што да дадеме, тоа ни е.
- Едно име имаме.
- Нимиц не разбира дека тоа не е прашање за име, туку за идентитет.
- Проблем е што во Министерството нема кој да направи стратегија за името ...
- Циркусот околу името, започнал пред точно 14 години.
- Се провлекувал во Европската унија и Обединетите нации, кои на два пати направиле вистински преседан во меѓународното право преку поставување дополнителни услови за признавање на државата.
- Како да се реши проблемот? - Разговорите во Њујорк се привремени. Ние немаме обврска да постигнеме спогодба, туку само да учествуваме во разговорите.
- Значи ние само треба да кажеме дека нема резултат од нив, и да го симнеме прашањето на техничко ниво.
- Да се нотифицира генералниот секретар на ОН дека нашето уставно име е Република Македонија и ако се нафатиме и да предложиме Резолуција во Советот за безбедност.
- Политички, потоа, треба да извршиме притисок за признавање на уставното име во Советот на Европа и во Европската унија,
- проблем во Македонија е што земјава е "премногу толерантна со луѓето, кои работат за туѓи интереси”. - Преговорите за спорот со Грција: Демистификација и излезни опции
(Хотел Бест Вестерн 25. 05. 2008) ... ...
- Љубомир Фрчковски
- Македонија се наоѓа на крстопат помеѓу разрешница и изолација
- Поимот компромис (кој се појави непосредно пред Букурешт) е
нападнат и окарактеризиран како предавство, што е всушност една
многу опасна стратегија
- 3 фази на преговори:
о фаза на големо одречување (91-95)
о фаза на консолидирано одречување и заземање позиции (95-
Букурешт)
о фаза пред ѕидот на разрешница (по Букурешт)
- црвената линија и трите точки:
о слободата на користење на поимот македонски
о неменување на уставот
о име за меѓународна употреба кое не го загрозува идентитетот
под точка 1
- Постмодерните држави одат до кризирање на нацијата-држава
- Што ние направивме со Рамковниот ќе го направат и европските
држави, прво Британија
- Името не е идентитетот, туку само географска одредница.
- Идентитетот со Бугарите ќе го расправаме
- Во 93та Роберт О’Нил го предложи името Република Македонија
(Скопје), кое Грците го одбија
- Им беше понудено на Глигоров и Малески како трајно решение во
ОН, но под каузата “едно име не го даваме” завршивме со ФИРОМ
- Преговорите би течеле кога од четири предлози ние заокружуваме
два, а Американците тргуваат со Грците со еден, Грците потпишуваат
и на нас ни се соопштува договорот ... ... - Од „прва рака“: поранешните македонски шефови на дипломатијата за спорот околу името ... ...
- Професорот Љубомир Фрчковски вели дека последниот предлог на посредникот Метју Нимиц нуди основа да се најде конечно решение за спорот, како и дека дошло време за негово решавање:
- Треба да ја извршиме нашата работа во овој период. Таа зависи од тоа што времето сега не работи и за двете страни, а посебно за нас. Ова е време на решавање. Како што се вели во Библијата - има време за живеачка и за смрт, за сеење и за жнеење. Е, ова е време за решавање. Затоа ние (досега) не сме можеле нешто посебно да направиме, или нашите постапки би биле маргинални во нашите мандати. Доаѓа време за решавање.
- Има и тешки работи да се носат – тоа е работа на претседател и на премиер, тешки одлуки. Во таа смисла, мора да ја одработиме работата со Американците колку што можеме – максимум. Ние од нив имаме јасен политички став – има македонска нација, јасно - и македонски јазик. Не велат – прифатете го грчкиот став. Правете компромис, велат. - Фрчковски осуден за клевета ... ббц.цо.ук ...
- Судијата Зоран Димитриевски го прогласи Љубомир Фрчкоски за виновен за три точки на обвинението кое против него го покрена премиерот Никола Груевски, и тоа клевета, навреда и омаловажување со набедување на сторено кривично дело.
- Фрчкоски се осуден да плати отштета од околу 30.000 евра, главно за надомест на нематеријалната штетата која му ја предизвикал на Груевски.
- Премиерот бараше отштета од 100.000 евра поради нарушениот углед. Фрчкоски е осуден и да плати за објавување на пресудата во дневниот весник „Дневник“.
- Груевски ги отфрли обвинувањата на Фрчкоски дека со тужбата сака да спречи критика врз неговата работа. ... ... -„Се работеше за тужба проади клевета, што е прилично различна работа од критика. Второ, средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.“
- Судењето почна откако Фрчкоски, во колумна објавена во септември минатата година во „Дневник“, го посочи Груевски дека при продажбата на рафинеријата „Окта“ во 2000 година, тој потпишал анекс на договорот. ... ... Според Фрчкоски, овој анекс предизвикал штета за Македонија. ... ...
- Државата во 2007 година беше осудена да плати отштета за подоцнежното прекршување на договорот со „Окта“, која на крајот беше прецизирана на околу 40 милиони долари.
- На барање на адвокатот на Груевски да го покаже анексот, Фрчкоски доставил писмо потпишано од Груевски како поранешен министер за трговија.
- За ова писмо, Фрчкоски и неговиот адвокат Љубомир Михајловски Џанго тврдеа дека, иако не е дел од договорот за Окта, фактички има правна сила на анекс, но судот одби да го прифати писмото како доказ.
- Фрчковски ... ... „Ова е една длабоко компромитирачка одлука на македонското судство и судии, како го свиткаа ’рбетот под притисокот на политичката власт. Судството станува последно место на кое може да барате правда. Немавме никаква шанса од почетокот се гледаше за фер постапка.“
- Според Фрчкоски, тоа што договорот за продажба на Окта не бил објавен јавно, му дава за право да изнесува непроверени информации, во поширок интерес на јавноста.
- Адвокатот на Груевски, Никола Додевски, пак, изјави дека судот во Стразбур дозволува критика на политичарите, но не и клевета.
- Инаку на судењето, се спореше околу тоа дали тврдењето на Фрчкоски било дадено како факт што тој го изнесува или во прашална форма.
- ... судијата го упати Груевски дека може да бара дополнителна отштета преку граѓански процес против Фрчкоски. - ПРОФ.ДР.ФРЧКОВСКИ: ВО НАТО МАЗНО ИЛИ ОДЛОЖЕНО ... канал77.цом ... 24 Децембер 2007...
- Македонија во НАТО мора да влезе под уставното име, иако не се исклучуваат можни пролонгирања ако Грција го употреби своето право на вето.
- Не сум комплетно сигурен, но со голема веројатност нема да се ставиме во таква позиција да ну биде понудена трампа. Во секој случај јас мислам дека ќе биде само НАТО, но НАТО може мазно и НАТО одложено. Одложено поради една отворена блокада на Грција да бидеме де факто примени со покана, но да не можеме да станеме формално членови поради употребата на вето.,,
- Фрчковски не се согласува дека Македонија без НАТО нема да опстои. ,,Гледам во медиумите апокалиптични тези дека без НАТО Македонската држава не може да опстои. Апсолутно е неточно. Точно е дека НАТО е најдобра опција, без алтернатива, но таа опција не е катастрофична дека македонската држава без НАТО ќе пропадне, не до таа граница.
- Посочува дека во поглед на ова прашање мора да има доверба меѓу Владата, Претседателот, Парламентот и партиските лидерства. Мора да се развие висок степен на доверба и меѓусебно потпирање во правец на постигнување на заедничката цел. - Студентите бараат оставка од професорот Фрчковски ... ... .кирилица.цом.мк
- Сите жаби на шлеперот Црвенковски ... ... Мирка Велиновска ... ... .новамакедонија.цом.мк ...
- Еднооки - Љубомир Фрчковски кај Рок Про Рок ... ...
- Еднооки - Платформа ... ...
- Еднооки - Фрчкополис ... ...
- Фрчковски: Немаме перспектива ако останеме во изолација ... 24 Оцтобер 2008 ...
- Љубомир Фрчоски ја доби наградата „Борјан Таневски“ за колумните со визија ... Утрински ... 08 февруари 2007... Гневот го негувам, не го избегнувам и не го делам. Тој ме одржува остар и ме мотивира да мислам ...
- Црна дупка во предлогот на Нимиц ... ИНТЕРВЈУ: ПРОФЕСОР ЉУБОМИР Д.ФРЧКОСКИ- Црна дупка во предлогот на Нимиц ... ... преминпортал.цом.мк ...
- Топ 50 највлијателни шупаци во МК ... ... .марифет.цом.мк ...
- Реакции по најавената тужба од Македонија ... ...
- „Легална основа за тужбата постои, нема тука спор за тоа. Индиректното вето во Букурешт може да се подведе во нормални судски консидерации во кршење на спогодбата. Од мој аспект, Владата очекува разговорите за името да пропаднат, независно од нејзините декларативни стремежи и се обидува со оваа операција да го подготви теренот после пропаѓањето на разговорите и да се занимава јавноста со тоа како ние сме ја тужеле Грција, сме покажале кураж, како еве сега од тужбата ќе извлечеме ваков или онаков резултат.“
- Нашиве ќе треба да докажат дека било вето и блокада. Тоа може да се случи во период од 2-3 години. Се’ што е битно нам ќе ни се случува следната година. Независно што има легална основа за постапување, мислам дека е тоа потез кој треба да стави сенка на политичката ситуација на изолација во која Македонија ќе почне да завлегува.
- Дали тоа значи дека преговорите се мртви? -„Мислам дека им е зададен удар бидејќи пораката е јасна, дека не се очекува решение околу тоа и затоа се отвора една вкава правна процедура. Оваа процедура веројатно ќе биде следена, ако немаме како очајници друга работа, со некоја правна процедура во Обединетите нации, обид да се корегира решението за прием. Тоа е постапка на очајници кои немаат друга политичка опција да го решат тоа. Тоа се долготрајни постапки, бараат големо лобирање и имање големо влијание, да гласаат во тие тела, гласачките машини да ги придобиете на своја страна. Неизвесни се, иако правдата може целосно да стои на ваша страна. Влегуваме во една операција на очајници во изолација ... - Љубчо го нуди Фрчко, СДСМ ќе размисли ... Почнаа партиските консултации за промена на Уставот ... стар.вецер.цом.мк
Линкови од мои предходни написи во врска со темата Претседателски избори 2009-та ...
- Ѓорѓе Иванов, се однесува како веќе избран Претседател ... 29 Јануари, 2009 - 09:39
- Словенските ВС Античките корени ... 28 Јануари, 2009 - 17:47
- Гужва на стартот на трката за претседателското место ... 28 Јануари, 2009 - 00:34
- Фрче - го извади оделото од нафталин ... Иванов - треба да оди кај стилист/логопед/комуниколог и да пазари нова гардероба ... 27 Јануари, 2009 - 11:27
- „Изборниот циркус“ - за претседател на РМ започа ... 26 Јануари, 2009 - 17:47
- Ѓорѓе Иванов ... за што се залагал во минатото ... што зборувал и пишувал ... 26 Јануари, 2009 - 12:39
- Кој е тој Иванов ... ??! ... Тачи, бившиот “Војвода“, контра Иванов ... 22 Јануари, 2009 - 16:40
- ВмроДпмне во лов на неопределените гласачи ... 20 Јануари, 2009 - 16:02
- Има ли договор Груевски - Бошковски ... 18 Јануари, 2009 - 11:18
- Ѓорѓе Ѓорѓи Иванов - новата звезда на МК политичкото небо ... 15 Јануари, 2009 - 19:37
- Специјална војна за компромитирање на претседателски кандидати ... ВМРО-ДПМНЕ ке истрча со жена кандидат за Претседател на РМ ... 13 Јануари, 2009 - 18:25
- Денеска цел ден нешто ми фали ... Аман, вратете ги рекламните кампањи ... 13 Јануари, 2009 - 18:00
- Ке имаме ли србско сценарио за претседателските избори ... ке имаме ли полит.дестабилизација пред/за/после пролетните избори ... 3 Јануари, 2009 - 14:14
- ВМРО-ДПМНЕ бара примирје со новинарите ... ги повлекува сите тужби за клевета во кои се инволвирани новинарите ... 29 Декември, 2008 - 17:28
- Мојот премиер е опкружен со полтрони кои го убедуваат народот дека на микро и на макро план ни цветаат рози и тече мед и млеко ... 23 Декември, 2008 - 00:43
- Кога ке цркне нашето магаре ... Неизлегувајки на избори, народот порачува дека нема за кого да гласа ... 11 Декември, 2008 - 11:28
- Атина го слушна Фрчкоски ... Утрински - четврток, 12 јуни 2008 ... ... Грција покани македонски професор да одржи предавање во Атина за спорот околу името ...
- ГЛОБАЛИЗМОТ НАСПРОТИ НОВИОТ ПАРТИКУЛАРИЗАМ ВО КОНТЕКСТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И МАКЕДОНИЈА ... ... македонскосонце.цом
- МАКЕДОНИЈА ПО БОРИС ... ... македонскосонце.цом
- На овој линк можете да ги прочитате стручните дела на Фрчковски - оние кои се подигнати на интернет а ги има многу ...
- И на овој линк ке најдете повеќе написи на Фрчковски наменети за стручната јавност ... некои линкови имате и тука ...
1 comment:
Sto napravi bre covece,podobra reklama zdravje,no na krajot Galicanecot nema sansi,teoretski samsi nema,dobar intelektualec e batkava no toa e se sto poseduva "drugoto" kaj nego go nema ili e gola voda.............baska sto e na pogresnata gubitnicka strana.Jebi ga.
Post a Comment