БГ Премиерот Станишев на последното гостување во Македонија индиректно ни соопшти дека Бугарија нема да не остави на мира во нашата “Агенда на приближување кон ЕУ“ ... поставувајки го прашањето на “добрососедските односи“ и “загрозените права на бугарското малцинство во Македонија“ ... тој го обвини МК новинарство дека шири омраза меѓу БГ и МК ... неосврнувајки се на своето новинарство ...
Деновиве во времето на познатите случувања на Мара Бунева во Скопје и обележување на денот на “Хероината Мара Бунева“ - со Панихида и посета на неколку автобуси од Бугарија ... со прошетка од Црквата Свети Димитрија до местото на Убиството на Прелиќ ... потсетување на случајот со судењата на членовите на ММТРО ... во Бугарија се случи големо подсетување за неверојатни жртви на бугарите во Македонија во 1946-та кога демек нашите тогашни власти се пресметале со 20.000 луѓе - нарекувајки го случајот “Крваво Коледе“ ... Дел од МК историската јавност изјави дека во случајот кој не се негира се манипулира со бројките кои од цирка 200 МК граѓани ...
Сето ова не води кон добрососедски односи - туку напротив води кон минатото кое треба да биде предмет на историчарите и историјата ... Свртеноста на балканот кон минатото го доведе балканот (бурето барут) до неколку балкански војни кои имаа свој одраз и во двете световни војни ... но и во познатиот крвав распад на ЈУ ...
Таа лекција никако неможат да ја научат балканските народи - кои секојпат се потикнати од поединци кои истакнувајки ги јуначки историските балкански расправии - само се борат за гола власт од која позиција ке створат лагоден живот за себе и својата фамилија ... трпи само народот кој е иако во најпосакуваната дестинација во светот ЕУ ... неможе да ги живее придобивките од тоа ...
Националистите во сите балкански држави сеуште добро се држат ... често во спрега и со криминогени структури, за што последица трпи Бугарската држава само како за пример ... инаку таквите спреги се присатни во сите балкански држави ...
- БУГАРИЗАЦИЈА на МК култура и историја продолжува - сега и во ЕУ парламентот
- ЕТНИЧКА КСЕНОФОБИЈА и НАЦИОНАЛИЗАМ во Бугарија ...
- МАРА БУНЕВА
- Мара Бунева - 80-години од смртта ...
- Атентатот - Бунева и истрагата ...
- ВЕЛИМИР Ј. ПРЕЛИЌ
- Споменици во мојот сокак
- Големи национални држави на балканите ...
- Сојуз на балкански држави ... Георги Димитров - Ѓорѓи Димитров - Гео̀рги Димитро̀в Миха̀йлов - Georgi Dimitrov
No comments:
Post a Comment