Search This Blog

Saturday, January 20, 2007

Атентатот - Бунева и истрагата ...

Со овој пост го продолжувам моето мало истражување за Мара Бунева и атентатот од 13 јаноар 1928 година ... Види ги моите постови 1 и 2 ...

На 15 јаноар 1028 година Политика повторно продожува да го следи Атентатот над Прелиќ - овојпат на втора страна:

Атентат на г. Прелиќа - Први резултати истраге - стање здравља г. Прелиќа - Атентаторка Бунева ...

Од овој пост па натака - ако пронајдам нови материјали кои ке ја дополнуваат сликата за атентатот ... ке ги пренесувам во скратена верзија и само она што е ново и што е интересно ... за детали ве упатувам горе на линкот ...

Atentat Prelik 61 Politika fotka - skecot.jpg
Во овој број на Политика се појавува првпат и фотографијата “скеч“ на Мара Бунева (Марија Бунев - према Политика...)

Во овој напис се вели дека со голема грижа се следи што ке преземе Владата за да обезбеди нормален живот ... Се нагласува дека и Кралот лично неколку пати се интересирал за здравствената состојба на Прелиќ ... Се влегнало во траг и на извесни личности кои и помагале на Бунева ... се верува соучесници биле еден или двоица сомнителни лица ...

Во однос на истрагататаа, се се веши брзо и со успех (нагласува новинарот) иако атентаторката умрела. Покрај пронајдената преписка која уште вчера била пронајдена ...

Atentat Prelik 62 Politika fotka - zivot atentatorke.jpgAtentat Prelik 63 Politika fotka - zosto e osuden Prelik.jpg
Скопје 14.јаноар 1028 год ...

Во текот на посетата во болница новинарот на Политика разговара со братот на Прелиќ - Ниќифор ... и вели дека како да осеќал дека ке се случи вакво нешто ...

Политика пренесува информација дека атентаторката околу Божиќ добила последно предупредување и наредба од организацијата на генерал Протуѓеров - до нова година задачата мора да се извиши инаку ке мора да плати со својот живот ...

Ниќифор братот на Прељиќ во болница ја кажува историјата на фамилијата Прељиќ ... Веља постариот брат е роден 1884 г. во Сјеница. Постар е од него шест години. Завршил основно школо во Сјеница, гимназија во Скопје, и право во Београд ... Во Београд уште додека студирал работел и добивал плата од два дуката. Со едниот дукат живеел тој - а другиот редовно го праќал на таткому - бидејки дома биле сиромашни ... Кога апсолвирал ведаш доаѓа во Скопје во Конзулатот и работел на Националната Организација совесно и предано ... На таа должност го затекнува и првата Балканска војана во 1012. За врме на војната бил на должноста а по ослободувањето 1922 г. се оженил со угледна трговска фамилија Пешиќ од Ниш. Во бракот до тогаш имал две девојчиња ....

Atentat Prelik 64 Politika fotka - fotla Prelik.jpgAtentat Prelik 65 Politika fotka - fotla Prelik cetnik.jpg
Додека едни лекари се грижеле за животот на Прелиќ - други вршеле аутопсија над атентаторката ... Веќе денеска со сигурност е добиена потврда дека атентаторката е во врска со Организација ... од Софија и скоро година дена се припремала да го изврши атентатот во Скопје ... Се проверувале интимните врски на атентаторката со извесни лица од Скопје - за да се утврди дали на некого му се доверувала за својата мисија ... Има голем број на граѓани на Скопје кои се сеќаваат на Бунева од Скопското корзо ... каде се представувала себе као одличен моден креатор а барала работа и по приватните куќи ...

Со истрагата за атентатот раководи управникот на градот г. Степановиќ ...

Новинарот на Политика успева да прикаже уште едно сведочење за Прелиќ од негов близок пријател:

Прелиќ бил голем и верен пријател ... Го опоменувал пријателот дека до атентатот најверојатно ке дојде бидејки уште минатата година за време на Илинден во Џумаја или Ќустендил - едногласно е донесена одлука за ликвидација на Прелиќ - заедно со жупанот на Скопската област г. Вилдовиќ и Добрица Матковиќ ... За ова Прелиќ знае - но кога ја дознава смртната пресуда - заради тоа што отворено работел против оваа Организација - тој се насмевнува во неверица ... и велел дека никој не може да го заплаши ... Бидејки Прелиќ работел отворено против Македонскиот Комитет - Комитетот не можел никако да му прости дека старата организација е веќе притворена а и онаа помладата студентската - која неодамна е откриена и за неа веќе е почнат судски процес ...

5 comments:

Photo Volan said...

Уште еднаш подвлекувам дека постот е само фактографија пренесена од Политика од 15 Јаноар 1928 година - втора страна ...

Нема ниту еден мој збор во постот ...

Photo Volan said...

Во истиот број на Политика - само на третата страна има уште еден напис за Прелиќ - кој фрла ново светло за случката од кејот на Скопје ...

Пак ке парафразирам само делови ... оригиналот кој сака нека го прочита смиот ...

Најпрвин се вели дека Прелиќ - кој моментално нели се бори за живот имал “зла коб“ (лоша судбина) (немам соодветен израз на македонски).

Имено останал жив во труско време и турските уфији - но и од бугарската кама во турското време ...

Повторно се кажува дека Прелиќ е роден во Сјеница - каде завршува основно школо - Во Скопје и Солун завршува гимназија - за да во Београд заврши правен факултет ...

Веднаш потоа упатен е во Скопје и назначен за секретар на Митрополијата. Во турско време деликатен место ... каде станува митрополитов секретар и советник - и е покренувач на многу случки ... Во тоа време Скопје и овој дел од Македонија е сеуште под турска управа но е со ограничена автономија ... на црковната власт ...

Прелиќ према написот на Политика се снаоѓа одлично во Скопје и Скопско - Скопска Црна Гора, Азот и Поречје ... Осем со Турците Прелиќ уште во тоа време ги одмерува силите со Бугарските организации во овој дел на Македонија ...

Одлично се снаоѓа и со Младотурскиот период и го организира народот против окупацијата ...

И по влегувањето на србските војски во Скопје и овој дел на Македонија 1912 година кога дефинитивно се протерува турскиот окупатор од Скоје тој останува во Скопје ... работи како висок чиновник на управата на градот и како “советник“ ... Брзо потоа станува и срески начелник за Срез Скопски и Скопска Црна Гора ... но брзо пред атентатот бива сменет и останува само правен референт во градската управа на Скоје ...

Со Александров и Протуѓеров се во стална борба за придобивање на лушето во Македонија ... со што се замера на Бугарија и Македонскиот Комитет ...

Пред Атентатот едно време е корисник и на пензија ... но пак е вратен поради актуелноста со случувањата во Македонија и зголемената активност на Бугарската пропаганда и Македонскиот Комитет ...

*** И ТУКА ПОДВЛЕКУВАМ ДЕКА САМО ПАРАФРАЗИРАМ НАПИС ОД ПОЛИТИКА - МОЈ ЗБОР НЕМА НИ ЕДЕН ...

Photo Volan said...

На 16 јаноари во краткот напис во Политика од 1028 година на страна 7 ... се обавестува дека состојбата со Прелиќ во болницата се влошува ...

А бидејки овој настан се поклопува со криза во Владата и со составување на нова влада ... парламентарците на долго и на широко се осврнуваат на случајот во Македонија ... или како во написите и говорите се нарекува Јужна Србија ...

Во овој напис од погоре карактеристичен е еден детал каде авторот на написот ги прозива за многуте бомбашки процеси низ Македонија (ги окривува) не само Македонскиот Комитет - туку и повеќето членови на Бугарската влада (поточно софиското Министерство за внатрешни работи) кои се истовремено и членови на Македонскиот Комитет ....

Photo Volan said...

Животот на Прелиќ завршува на 16 Јаноари во 12 часот и 20 минути ... (три дена по атентатот)

Ова го јавува Политика од 17 Јаноар 1928 година ...

Останатите делови од написот се само повторување на работи кои се кажани во предходните коментари или постови ...

Photo Volan said...

Погребот на Прелиќ е организиран на 17.Јаноар.1928 година ... Политика го пренесува на две страни на 18 Јаноар 1928 година на страните 4 и 5 ...

Кој сака детаљи нека оди на линкот на Политика и нека чита ... Јас само ке издвојам дека во написот е нагласено дека тој ден е прогласен за неработен во Скопје ... а во Скопје присуството на народ се споредува само со доаѓањето на Султанот Решид во Скопје во далечната 1010 година ...

*** ОД КАДЕ САМО ПРОЧИТАЛЕ КОЛКУ НАРОД ИМАЛО КОГА ДОАЃАЛ СУСЛТАНОТ ВО СКОПЈЕ ... НЕМА ЛИНК ... :)

Blog Archive

Site Meter