Search This Blog

Monday, January 29, 2007

ИНТЕРНЕТ ВОЈНА - ЗА МАКЕДОНИЈА

Специфичната Интернет војна за Македонија - се води неорганизирано од страна на Македонската држава ... Македонија на Интернет неорганизирано настапува - за разлика од соседите ... За ова пишував - види линк 1, 2, 3, 4, ...

Како се рефлектира сето ова да речеме на Македонската Википедија ... која е во застој и на неја пишуваат само ентузијасти ... водите ги постовите на Развигор ;-) и Panta Rei 1, 2, ...

На постот на Развигор - во врска со Википедија на македонски - последна на Балканот - коментирав :

“.. Интернетот и Википедија може да се искористат како најефтин начин да се издадат учебнци на сите предмети ...
На учениците и студентите кои имаат пристап на интернет треба да им се даде некаква обврска да подигаат написи на МК Википедија - поготрово ова за студентите да важи ...

Но спиеме сите ...“

GoodBytes - веднаш посочи линк за ова мое размислување - Википедија:Школски и универзитетски проекти ...

Осем - пред се едукативниот карактер на Интернетот ... некои нации го користат интернетот како медиум за промовирање на своите пропаганди ... Нашите соседи обилно го користат Интернетот како медиум за да спроведат некои свои ставови и политики во врска со Македонија ... Тука пред се предначи Бугарија ... која највеќе се има организирано преку Интернат сајтот - линк тука ... каде се подигнати на интернет сите книги за Македонија во кои се велича бугарскиот карактер и потекла на Македонија - македонскиот јазик и историја .... Од некои книги има превод и на англиски ... погледнете го и самите линкот ... поготово се подигнати сите книги во кои Македонците се изјаснувале како “Македонски бугари“ ...

На Блогерајов се поведе вистинска војна межу блогери од Македонија и Бугарија ... За ова пишував неколку пати - видете линкови 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, ... За ова пишуваа и многу други блогери пред и после мојот пост БУГАРСКО МАКЕДОНСКИ (односи-релации) - но на него дадов линкови на кои постови на блогерајот кој што пишувал ... Имам осеќај дека бугарските блогери на Блогерај настапуваат “оркестрирано“ ...

Би сакал да дадам некаков заклучот во стилот на Трибун ...: Се што се правеше на полето на Интернетот во Македонија ... Македонија до сега - се се правеше со пари на донатори ... Владата на Груевски реши да го смени ова со неколку проекти ... Види линк тука ... (поточно во првиот коментар од линкот) ... но ке мора да се надополнат тие проекти и со подигањето на интернет на важните книги за Македонската историографија и паметникот на Македонците - весникот Нова Македонија - пред се мислам на старите броеви ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter